Јас сум многу многу напорна и денеска пак ги контактирав овој пат преку е-mail со што добив одговор исплатите се во моментов проверувајте си ја вашата сметка ист одговор како и вчера и утре да ги побарам истото ќе биде кажано .
@skorpija.95 Решение не добив ниедно, од јули до јануари бев на патолошка, не добив решение. Инаку од фирма ги носеа документите околу 10ти, до 28 од месецот имав исплата за претходниот месец.
Ти благодарам. Мене иначе ми завршува породилното на 1 Мај. 2 Мај веќе на работа Е сега дали сакам да ги прашам дали треба да чекам до датумот редовно што сум земала исплата или ќе пуштат порано пари
Таман ќе пишав да ги плукам оп еве ги парите, само што ми стигнаа, проверете си вие што уште не сте земале.
Решение уште немам, а породилно веќе три месеци зимам. Едит: прва исплата ми каснеше зошто беше во периодот кога фондот беше хакиран, наредните две уредно околу 10-13 ми стигнаа.
Еве и јас ја чекам и истото се прашувам. Пријавена бев до 20ти Март. Обично земав до кај 18ти-19ти...