Попара е државата! Женами земаше на почетокот од месецот, сега треба да земе последна исплата, и ја нема, а причина е тоа што се чекало работодавецот да пуштел плата, па ке пуштеле и тие. А работодавецот им пушта плата околу 26/27ми во месецот. Што значи дека прошлиот месец зела на 5/6ти, а сега испаѓа дека треба чека 2 месеци за да земе плата. Ваков систем во ваква вукојебина никаде не сум сретнал во светот!
Ако така кажале ондак лажат сушат. Плата кај мене од работа секогаш пуштат последен ден од месецот. Значи за мај месец им пуштија на колегиве на 31 мај. Јас еве уште породилно немам.
Колку да кажат нешто. Кај мене плата има околу 5ти, најкасно 10ти. Породилно пред 20ти имам земено само еднаш. Најчесто од 23ти - 25ти ми стига.
Мене вчера ми пуштија плата а породилно и денес немам, секој пат во прва група земав не креваат слушалка нормално.
Апдејт: сега се слушнав со вработена од фондот ми рече за последна исплата се чекало околу 10тина дена откако ќе пуштат плата од фирма.
Благе везе нема, ниту самите не знаат како им е процедура, во дирекција на ФЗО (оператор) кажува дека, за последна исплата требало локалниот ,,службеник" во фзо, да ги среди работните часови со работодавецот, за да се утврди износот на последната исплата. А пак ,,локалецот" од ФЗО вели, врска нема, ок е се, требало фирмата да исплати плати, па после 10 дена испраќал фондот..
Обично секогаш кај 10ти ми пуштаат, сега уште немам. Вчера во саат ипол што пазарев за дома 3000 ми отидоа, нема веќе вредност парата...
Zdravo Jas sum prijavena na nasa firma,poslednata isplata ja zemav,neli 9 meseci se zema? Smetkovoditelot denes mi rece da se prijavam kaj maticniot da kazam da mi prekinat,za da mi pustat od rabota. Od rabota obicno na sekoj 15 datum ni pusta.Sto konkretno treba da pravam? Inace jas deka sum na nasa firma uste nema da pocnam so rabota i nekoe vreme.
9 месеци се зема породилно ако имаш едно дете родено за близнаци е 15. И колку што знам не треба да идеш нигде да пријавуваш зошто на самото породилно пишува од кој до кој датум си и автоматски се прекинува .
Има ли некој од администрацијата да доби боледување? Дали е точно дека само на администрација касни, дека заглавени се во трезор наводно? Пола месец, ова не е фер. Кај зимаме ситниш, породилно со цените од пред 1г кои беа дупло поефтини од сега, па уште и да каснат. Срам да им е.
Ова е срамно што го прават. На никој не му е гајле дали имаме пари за пелени,храна и за останати елементарни потреби... Не ми е јасно зошто секој месец издвојуваме од плата за Фондот, за на крај да молиме за свои пари. Оваа срамота не треба да остане под тепих, треба погласно да реагираме