@sencuk Може и да не стигне решение. Со првото ми стигна решение после неколку месеци, за второто еве уште го чекам скоро 2 години. Прва исплата имав после 2-3 недели од поднесување на документи.
Девојки едно инфо.Секој месец покрај нето платата имам и бонуси што се исплаќаат заедно со платата.Поточно секој месец платата ми е поголема од онаа по договор.Дали ќе мј се земе за просек се комплет? Или по договор се гледа?
Таа по договор само зошто претпоставувам само на таа плата плаќаат придонеси а на бонусот само персонален данок.
За секој случај напишав мејл на Ангела ми врати веднаш дека користи годишен одмор па ми остави друг мејл од кој добив инфо дека се зависело од тоа кога ќе помине платата од фирма преку Ујп и дека немало групи за исплата на породилно колку е точна оваа информација незнам но ја пренесувам во целост
Се сложувам, со првото дете сњкогаш добивав породилно околу 10 11 12, плата од фирма секогаш се исплака на крај на месец 31 30 или 29ти ако е петок. Сега со второво пак исто добивам породилно последниве два месеци.
Од денес официјално почнавме, ете најавивме горе. Досега ме немаат зезнато, најдоцна 12ти, ама месецов идеме на одмор и ако може да зезнат сега тешко мене ќе биде.
Не е точно, со другарка во иста фирма работиме, се случуваше она да земе а јас после недела, две и обратно.