И да додадам за пензии може да има пред 01ви за пензионери може да има бенефиции а за иднината на државата не се знае кога ќе легнат пари
Абе сигурно може да се пазари со картица не се до толку назад со времето. Јас кога идам на одмор не ни носам кеш со мене маж ми носи ама секогаш со картица сегде плаќаме. Ни провизија ни ништо.
Од нив им се гласовите затоа ќе зимаат по 15000 ден пензија а нелој ќе си качи плата 78% арам да им е
Сега прочитав дека директорот на Фондот за здравство дал оставка. Се надевам дека тоа нема да има реперкусии врз нас. Господ нека ни се смилува...
Не е битно од кога е отворено, мада од мај како, многу далеку тоа, нели 45 дена е макс порано? Да не си имала патолошка? Иначе породилно се обработува откако ќе земеш извод од бебе, до тогаш не ни чекај, провери само дали ти е однесен изводот и тогаш чекај дури.
Не,од човек што работи во фондот тука кај што живеам,вика нема проблем со исплати ама по одмори се,до петок ќе ви пуштатА до петок од воздух ќе живееме
Здраво, дали некоја членка се соочила со ова - вработена на определено до 31.08 на породилно од мај. Дали сум заштитена да не може да ми даде отказ додека трае породилното? И дали може да направат малверзации да морам да одам на работа со физичко присуство? Поздрав
Може да не ти го продолжи договорот штом ќе ти заврши. Без разлика на тоа ќе си земаш породилно бидејќи веќе ти е отворено.
Да на патолошка бев и мај ми е последен месец од патолошка т.е од 28 мај ми почнува породилно. Изводот не бафтаа 3 недели и кон крајот на јули мм сам ги однесе документите во фонд.
Со ова чекањево како на лото секој месец ми се смачи, колку и да не сум спремна за враќање на работа барем знам дека ќе имам редовна исплата. Ужас!