До сега секогаш сум имала на 10ти, само еднаш ми каснеа неколку дена.Значи стварно се за никаде, кај мене на работа секогаш пуштаат плата на 1ви.
023289020 бројот каде што проверуваат по матичен и даваат точна информација за исплата.И претходниот месец ми кажа точно ден еве и денес за утре дека ќе имам исплата за породилно.
Здраво, да ве прашам дали ние сега што сме на породилно ќе го фатиме покачувањето на плата кога ќе се вратиме на работа ? Читав по групине све и свашта, па си реков да прашам овде.
Јас дури бев на породилно имаше покачување кое го добив секако со 1ва плата по породилно. Имаше одлука за секој вработен 15% покачување така да ти следува
За приватна фирма и јас исто. Имаше покачување на платите. Од следен месец бидејќи веќе ми завршува породилното ќе земам повисока плата.
Јас сакав да прашам дали ме следува к-15 од фирма додека сме на породилно? Дали и ние ќе земеме или не?
Јас денес ќе се карам. Дајте тој бројот кај се јавувавте. Мамето нивно, не се нормални, ние парите на дрво ни растат, се живее ли со 20 000ден! Видов сте пишале број, за к15, јас добив.
Јас кога заминав на породилно само 1м земав покачена минимално платата, затоа и породилното ми беше многу мало, сега кога се вратив имам значително покачување од речиси 20% колку што на 2 пати по 10% им покачувале на другите. Значи породилно зимав 21000, сега плата ќе зимам 30000 од следен месец, тој пола месец што го земав беше исто покачен ама не се осеќаше бидејќи се сепак пола месец.