Стигна и кај мене, видоа дека ги оптеретив на телефон денес си викаат оваа ќе не крене у вис дај да и пуштиме. Манијаци, 6000ден за 10 дена, па за семки и кикирики не стигнаат, у кафич да работам на дневница поише ќе ми следуваше. И не ни се точно 6000, 5850 се. Да колнев сеа така сочно ќе ги опалев, оооо...
Mene mi pustija denes,ama za avgust....za septemvri ni kasnat so plata od rabota i mi rekoa,koga ke legne platata za nekoj den ke mi pustele od fondot
I kaj mene ima denes,cudno .Za avgust me isplatija na 2ri denes za septemvri a koga bev na patoloshka , dva meseci docnea.
Девојки, породилно кога ќе ви пуштат зависи кога примаат плата од кај вас во фирма. Ако немаат пуштено уште плата за септември, не очекувајте исплата. Поврзано е.
Кај мене во фирма и за Август и за Септември е пуштено па сеуште немам. За Септември на 29ти Септември дури земаа.
Прашај во фзом да те проверат по матичен да не има нешто проблем со платата од фирма. Се оди системски, ако е во ред платата нема причина зошто да не ти пуштат. Ако има застој со исплатите кај сите ќе има како што беше во Март кога им го хакнаа системот, во спротивно 100% е проблемот со платата.
Како што пишав, цела плата од фирма е поврзана со твојата исплата. Тебе документите може ти се во ред, но има друг проблем во платата што треба да си проверат. И кај мене се случи така, ја поправија грешката во платата и за два дена добив исплата.
Здраво, би сакала да ве прашам дали некоја од вас знае како се врши пресметка за колку ќе ви исплаќаат породилно. Ме интересира бидејќи имам промена во плата (од септемврискта имаме покачување) а знам дека е просек од последните 12 месеци. Е сега на пример ако одам на породилно на 05 Февруари дали последен месец за пресметка на просек е платата за февруари или една назад?
Последен месец за пресметка е јануари, бидејќи во февруари земаш плата за јануари. А од февруари си на породилно, плата само за првите 4 дена од февруари ке си земеш