Некој што бил на породилно од јануари, односно цел февруари и цел септемрви, дали исплатата за февруари ви беше помала и дали и септември ви беше истиот износ?
Кај мене од февруарската до септемвриската се за сите месеци иста сума. Баш сега препроверив. Јануарската беше за пола месец, сега и во ноември (октомвриската) нели ќе е помала.
Значи хаос се. Јас цело време мислев дека само Јануари ми е помалку, зошто фирма ми исплати за еден ден. Е сега за септември нели ми исплатија помалку па се обратив да прашам зошто, одговорот им беше дека септември, како и февруари е со најмал број работни денови и помала исплата. И сега како да им го најдам крајот. Ако е навистина февруарската помала и септемриската исто, тогаш е ок, дури и во плус сум за тој еден ден од јануари што имав исплата и од фирма и од фонд. Ама ако не се помали исплатите за февруари и септемри тогаш сум во зијан. Уште некој да сподели дали февруари му била помала исплата или иста како и сите останати. Да знам дали и писмено да им се обраќам.
@Ano , кај мене стаса решение со пресметка по час. Т.е вредност по час. Мислев ќе е секој месец различна сума, нели колку работни денови. Испадна секој месец иста да пуштаат. Како е правилно, не знам и јас.