Дали ти каснеше последната исплата? Очекувам последна исплата месецов породилно, па да знам дали ќе касни или да ја очекувам исто како и до сега
Знае ли некој како оди со исплата на боледување после породилно? Одма продолжив со боледување, колку ќе биде исплатата 70% или како оди?
Продолжи со боледување за нега на дете? 70% е тоа. Другите боледувања зависат од тоа колку дена трае боледувањето.
Сакам да прашам во врска со исплата на породилно за тие што земаат над 30.000, бидејќи лани мислам прочитав негде дека не го исплаќаат цел износ. Дали е вистина така и колку месеци пред породилно се земаат во обзир во врска со исплатата, т.е. како оди пресметката?
Исплаќаат над 30, многу поголем е лимитот на највисока исплата за породилно. Просек од последни 6 месеци или година се земаше не памтам веќе
Јас земам над 30.000 породилно, другарка скоро 60.000 земаше, 4 просечни плати е лимитот за породилно
Здраво Јас имам договор со фирмата за половина од сумата која ми ја исплаќаат последниве 4 години. За пресметка за породилно дали ќе се земе во предвид сумата која се исплаќа или сумата од договорот?