Јас имам договор на фиксна плата. Секој месец настрана од договор со платата земаме и бонуси, заедно исплатени, на иста ставка. Породилното ми е на цела сума, вклучувајќи ги и бонусите.
И кај мене беше така првата бременост. Не е важно на договорот која сума е, важно е на која сума плаќаат придонеси. @A.V.S 91
Така е, во пресметката на надомест за породилно влегуваат сите износи кои биле исплатени а на кои се платени придонеси, бонуси, награди и сл, додека износи на кои не се плаќа придонеси, туку само персонален (како јубилејни награди, регреси), не влегуваат во пресметката.
Дали знаеш дали кај мене ќе биде вклучен и бонусот, земав секој месец меѓутоа не пуштан заедно со плата, туку по 2-3 дена?
Секако дека ќе биде вклучен во пресметката, се разбира доколку се платени придонеси (што верувам дека се).И не мора да биде исплатен заедно со платата, конкретно кај нас на работа секогаш ги исплаќаме бонусите посебно од плата.
Треба да важи. Последниот месец од породилното ќе направат корекција. Барем мене така ми кажаа во фондот.
До кога ти треае. Мене ми е до јануари. И јануари се прави корекција. Мене така ми кажаа во фондот. И тоа ми го потврди и моја другарка економист која е доста упатена во тие работи, зошто има многу и таа што пушта на породилно и знае. Фондот прават решение за месеците до дата од отпочнување на породилно. Ама во породилно влегуваат и месеците дур си на породилно. И затоа се правела корекција на крај зошто не се знај како ќе ти се правени пресметките од работа до месецот до кој си на породилно. Не знам дали објаснив убаво. Мене пример основицата ми варира од зависност на работни денови. Никогаш не земам фиксна плата. И мојата фирма сега секој месец си доставува пресметки за мојата плата, и тие во јануари ќе прават проверка и корекција.
Мене породилното ми трае до март. Покачувањето е околу 4000ден. Дали според ова што го пишуваш јас во март ќе земам плус 4000 ден за секој од месеците од септември (месецот на покачување) до март?
Јас работам со плати долго време и до сега никогаш идните покачувања на плата (односно покачувањата на плата кои настанале по отварање на породилното), не влегувале во пресметката на плата за исплата на надомест по основ породилно отсуство.Не знам каде работиш, јас сум во приватниот сектор, па може за државниот да важат други правила, што се сомневам.Се надевам дека грешам, и дека ќе ти исплатат плус средства за покачување, но исплата се прави по основ на просек од претходно исплатени плати пред отварање на породилно.
Како што кажа @Маја Т . Плус имаше и повеќе членки тука кои кажуваа за истото. @AngelOfArh ја памтам.
Јас останав на породилно после 1м откако покачија, породилно земав нешто ситно, 200ден повеќе од тоа што зимав пред покачувањето, а во 9те месеци породилно уште 2 пати ја покачија но јас во ниту еден момент не земав повеќе плата. Кога почнав на работа првата плата беше веќе покачена добро, сликовито да ти објаснам, 4г зимав 21000 плата, низ денар повеќе, 1 месец земав 24000 и породилното ми беше 21200 отприлика, 9 месеци толку, првиот месец плата покачена земав 29000 и нешто ситно, покачена значи. Породилно се зима за претходната година просек, не за просек во иднина.