И јас знам дека е така,ама @Ceneva ми даде малку лажна надеж Еве од фонд ми потврдија: "Ne, prosekot za porodilnoto se zema 12 meseci pred otvaranje na porodilnoto."
Мене значи ме излажаа од фондот.... Јас само кажав што инфо добив. Дека правеле корекција на крајот од породилното. Со сите промени. Цитирам Како врзуват значи тоа е чудо А плус е многу глупо да се земаат во просек пред породилното тие месеци. Кога ти тогаш не си на породилно ама ај. Така им чини
Здраво девојки, ве читам и јас се бунам..следниот месец ќе отворам породилно, бев на патолошка и ме интересира што да очекувам… просек од последни 6 месеци или од последни 12 месеци, и дали месециве од патолошка ќе влагаат? Мене платата никогаш не ми беше иста, туку поголема со бонус, недела или празник, платено заедно со платата, секогаш редовно на 1ви. Сега од ова што го зимам на патолошка по моја пресметка е 70% од просек од последните 12 месеци пред патолошката.
За тоа знам зошто и јас бев на патолошка. И земан е просек од последните 12 месеци, но 100% од пресметките не 70% како што ми пуштаа за време на боловањето. Јас земав 20 илади и нешто за време на патолошката, а сега си земам полна плата.
Дали во тие 12 месеци спаѓаат и месеците од патолошка или не, туку 12 месеци пред патолошката за просекот за цела плата?
Ако добро ве разбрав , во просекот од последни 12 плати спаѓаат и месеците кога сме биле под фонд, само не 70%, туку 100%?
Да, така е.И јас бев на патолошка пред породилно исто.Пресметката се прави како да си примала цела плата и тие месеци на патолошка.
Кај тебе е друга ситуација. Ти кажале дека ќе прават пресметка зошто платата не ти е фиксна туку варира зависно од месечни работни саати. Инаку законот си е концизен на темата, висината на породилното е просек од последно исплатените 12 плати. Бонуси влегуваат во пресметката само ако се платени придонеси на истите. Јас земав поголем бонус последниот месец и ми влезе во просек, па моментално породилното ми е малку поголемо од платата што ја земав.
Кога сме кај исплатитеда не има кај некој пуштено?или рано е уште Јас обично зимам од 10 до 13ти во месецот, се надевам ќе пуштат во петокНе знам дали да им досаѓам пак на тел
А може од фирма да ме исплатат дур сум на породилно зошто кај мене ретроградно исплаќаат од април? Јас до крај на август одев на работа. Има по кој основ да ми пуштат за 5 месеци покачување?
Може сум грешка ама мислам како плата не смее, по тој основ. Јас имав прилив од фирма како К-15 и после една награда ама мислам тие под друга шифра ги пуштаат. Најдобро е да си прашаш.
За жал не може, односно не може да биде исплатен износ по основ плата со платени придонеси, додека други износи кои се исплаќаат со персонален данок може.Пример ние кога сме исплаќале регрес и божиќнина (износи кои се исплаќаат само со персонален) сме исплаќале и на тие што се на породилно.