дечки знаете ли дали следува к 15 за породилни отсуство од 15 месеци. вела година не сум била на работа па не знам дали следува
Тоа најдобро да си прашате во фирмата бидејќи фирмата го плаќа к-15. Некаде стои дека наводно немаш активно работење од 6 месеци, па поради тоа дека не би требало да следува право на к-15, некои мислат дека тоа е апсурдно и е, сепак прашајте во фирма или да се обрарите до државен инспекторат за труд да ви дадат најточна информација
Со првото дете бев на породилно од јануари до октомври, па земав к15. Не гледам причина зошто да не земеш.
Здраво мајки породилното го отворив уште на 15ти октомври и денес за прв пат ми стигнаа 7000 денари. Да не знаете дали тие се исплата за октомври или за сите месеци до сега?
Еве наводно викаат дека може да го изгуби правото на паричен надомест од породилното поради прилив на средства од фирма, прашајте во фирма к-15 треба да ви го исплатат кога ќе се вратите на работа
Ама к15 не се добива под иста шифра како плата. Да, прилив од фирма е, ама се знае дека не е плата. Едит: сега проверив, не се разбирам од шифри што значат, ама платата ми е 101, а к15 ми е 100.
Не е така за К-15, еве и од искуство. Лани во ноември се породив, во декември земав К-15 и породилно си земав редовно 9 месеци. Друга шифра е за К-15.
К-15 не е плата,се исплаќа со посебна шифра и плус не се плаќаат придонеси, туку само персонален данок плаќа фирмата и не можеш да изгубиш породилно.
101 – Исплата на нето плата со безготовински пренос на средства 100 – Исплата врз основа на електронска пресметка на приход и данок поднесена до Управата за јавни приходи
Само на еден начин може да се изгуби паричниот надоместок. https://m.facebook.com/advokat.vesna.trenkoska/photos/a.165457820781007/853404685319647/?type=3
Незнам кој ви дава вакви информации, ама тотално неосновани. Две породилна во последниве 7 години, два пати добив к15 додека бев на породилно и два пати добив и плус бонус кој го исплаќа фирмата за вработените на годишна основа, па никаков проблем немав со исплата на породилно.
Не се ова точни информации затоа во истото стои ‘наводно’, само споделив тоа што сум слушнала, прочитала.. Еве очигледно не се точни според вашето искуство