Да, за жал на крај страдаат најранливите, мајки со бебиња, жени со болни деца до три години кои се на товар на фзо, и сите други продолжени боледувања како и трудници на патолошка.Апсолутно ги подржувам фзо, ама ова во една нормална држава не смее да се случи.Директно се удира врз наталитетот, а не пак да се стимулира.
епа супер баш пред исплата штрајков. ќе си трпиме ние, ни криви ни должни. ајде да се организираме на протест!
Се рачуна колку ти е исплаќано на сметка секој месец или? Пример ако платата ми е 30000 но заради боледување одреден месец сум земала 28000, тие 28000 ли ќе ми влезат во просек?
Ако сум добро информирана, се прави пресек од последните 12 месеци. Мене ми ја покачија платата 20% 7 месеци пред да одам на породилно ама оти 5 месеци ја зимав старата плата немам породилно колку што ми е платата.
Порофилното се пресметува според платените придонеси. Ако заради боледување си земала помалце, сепак има увид колку е целата плата зошто придонесите се исти. Исто е и при патолошка (и секое друго боледување), додека си на боледување земаш помалце пари ама пресметката се прави како за цела плата. Ама истото важи и за зголемени примања (бонуси и дневници), и да се на сметка пуштени, ако не биле платени придонеси за нив, не влегуваат во пресметката.
Не, ти рачунаат како да си зела цела плата.Сум била со многу боледувања конкретно во првата бременост ( заради ивф процесот), но породилно земав цела плата.Се зема просек од 12 последни месечни плати.Пример ако првите 3 месеци си икала еден износ, а последните 9 месеци друг износ (пример зголемена плата) тогаш се вади просек, но доколку си користела боледување, земаат предвид цела плата.Исто е и со патолошката, цело цреме земаме 70% од плата, а породилното е цела плата.
Баш така.Не видов дека веќе има одговор, па истото го пишавСе зема предвид се што е со придонеси, се што оди само со персонален (пр јубилејни награди, регрес и сл) не влегува во пресметка.
Јас сум за ИТЕН ПРОТЕСТ ќе напоменам се најдов во ситуација во која се сеуште многу мајки со бебенца кои не реагирале брзо колку јас сама индивидуа…..Фондот за здравство е независна институција така барем е деградирана од страна на оваа држава во која очигледно нема никој НОРМАЛЕН и незнам до каде ќе се оди затоа што откако знам за себе Фондот за прв пат ШТРАЈКУВА и тоа го потврди сега директорот Аџигогов дури и во Европа ова прв пат се случува.Срамно и жално што пак НАРОДОТ страда и во оваа држава само НАРОДОТ е најранлив и најмногу страда и ајде сега кажете ми која воља и желба да ја имам да родам второ дете,да создадам семејство и да мислам на иднина за моето дете?!?!?!
Срамота за државата не знам за вас,ама јас живеам од таа плата како да подмирам долгови,кредити,трошоци за бебе? Ова е мизерија го достигнавме дното ако наскоро не прекинат со штрајкот би требало и ние да протестираме,од што ќе живееме??
Здраво на сите Има ли некој што земал еднократна парична помош од општина Ѓорче Петров, дека на нивната веб страна има некаква изјава за самохран родител, па ме интересираше дали смениле па сега даваат само ако си самохран, а не на сите? И уште едно прашање… Решението за породилно стига по поштар на врата и мора лично да го потпишам, или во сандаче го оставаат? И да не знаете отприлика за колку време откога е поднесено во социјално стига решението? Знам дека сега е малку различна ситуација дека протестираат, ама ме интересираше кога би можело да очекувам такво нешто… Фала ви многу мајки
И јас сум, иако ми остана само уште пола последна плата од фзо, ама ова е срамота.За жал најголем дел од мајките тешко дека ќе можат да излезат со бебиња на протест посебно во период на најмногу вируси.Еве јас сум со бебе од 9 месеци и дете од 2 г и 8м и двете со вирус цела недела не можам да ги оправам.Ниту имам на кого да ги оставам.Уште бебињата не беа директно погодени во оваа држава, сега и тоа се случи.
Да да се враќаат среќа. Но и во право се во собрание плус 70% а на овие да им намалат плати. Искрено да ти кажам јас добив исплата но решение уште немам стигнато и господ знае кога ќе стигне ако стигне.
Да вчера доцна ја кажаа одлуката пратев цел ден како ненормална некоја пензионерка пред ТВ и слушав соте можни вести
78% поточно за тотално НЕФУКЦИОНАЛНИ функционери а минус 21% за Фондот побараа ненормалните.Па не протест незнам што заслужуваат тие у Влада веќе аман од нив……