Здраво, дали некоја имала ситуација да и вратат од УЈП дека случајот е некоректен и треба да се направи корекција во УЈП во однос на работни саати. Кога ќе го среди тоа фирмата, кога добивте прва исплата породилно?
Здраво ме интересира нешто за во образование, доколку некој има сигурни информации. На породилно отсуство сум до јули оваа година. Нели во образование одморот е колективен, месец јули. Дали јас тој одмор можам да си го земам во август? Некој ми имаше споменато доколку е колективен одмор, не може да се земе во август.
A dali mozebi znaete za porodilno prosek racunaat od pred da se otvori patoloska (za tie sto se na patoloska) ili pak ke ja racunaat i patoloskata vo tie 12 meseci megutoa kako celosna plata a ne 70 %?
Јас мислам дека ги рачунаат последните 12 месеци, независно дали сте биле или не на патолошка, само што ја земаат предвид цела плата.Ова од мое искуство, затоа што ако ми рачунаа пред патолошка тогаш требаше да имам помала исплата затоа што имав и пониска плата.Мене платата ми се покачи точно 2 месеци пред да отворам патолошка, а во пресметката ми влегоа и месеците во кои сум била на патолошка ама како да сум била со цела плата и тоа покачена.
Патолошка земаш 70% од последната плата пред да одиш на боледување. Породилно е просек од 12 месеца пред отварање на породилното, значи патолошката како да си земала 100% плус уште неколку месеца пред тоа (зависно колку месеца си била на патолошка).
Кај мене пред 3 години во породилното не влегуваше патолошката,скоро 9 месеци бев,тука платата од последните 12 месеци што сум ја имала пред да останам на патолошка.И сега кога прашав за оваа бременост што како,истото ми кажаа,ги видов и пресметките,бидејки ми се колешки тие што го работат тоа. Изгледа е различно секаде,не знам.
Патолошката е 70%, а пресметка прават како да си земала 100%. Инаку сигурно не се рачуна 12 мес пред патолошка. Единствено што е сменето изминативе години е дека порано пресметуваа од 6мес, сега е од 12.
Сакаш да кажеш дека во пресметката за породилно ќе ми се смета сите месеци што ќе бидам на патолошка ,да речеме 8 или 9 месеци т.е од 10.2023 сум јас,плус неколку месеци пред патолошката?