Да, ама во тек на тие 9мес земаш 70%, а ќе ти рачунаат како да си земала 100%. Плус регуларната плата уште 3мес пред патолошката. Ако немало промени во платата, колку што е плата толку ќе биде и породилно. Патолошката е само 70% од тоа.
Знам дека е 70%. Се си мислам дека не беше така во првата бременост,али може сум грешка.Фала ти во секој случај на објаснувањето.
I jas. Imase greska vo saatite prvo, ama koregirana e uste pred strajkot nivni. I uste gi nema. Podneseno posle Bozikj nekade. A otvoreno mi e 20 dekemvri
Zdravo majki.. Bi sakala da prasam dali ima i druga majka na koja porodilnoto i zapocnalo od maj 2023 i dali i e isplateno celosno.
Штрајкуваат уште фзом? И дали има некоја инфо дали ќе има исплати месецов за јануари? До сега ми беше точна секој месец…
Не штрајкуваат. Го ставија во мирување штрајкот до јуни. Владата одлучи платата да им остане иста до мај.
Породилното е просек од последни 12 месеци пред да се отвори породилното, значи вклучувајќи ја патолошката. Но просекот е исплата на нето плати Ако платата ти е фиксна, колку плата што би зела, толку ќе е породилно. Ако имало промени, тогаш ќе биде просек од нето исплати, со тоа што месеците од патолошка ти се со износ 0, значи не влијаат на просекот. А патолошката пак беше 70%од просекот од 12 плати пред да одам на боледување. Кога имаше покачување на работа, тоа не влијаеше на патолошката, си остана иста. Исто откако сум на породилно, имаше уште 2 покачувања кај мене колективни, но јас уште ја земам старата плата, затоа што просекот е од пред да се отвори породилното. Се надевам ме сфати.
Морав да се редактирам погоре и да те разочарам. Тоа што ти пишав првично беа информациите што ги добивав на форум пред да добијам исплата и така сум си умислила дека ќе биде. Ама сега ми текна дека кога го земав првото породилно и беше помалку отколку што очекував, прашав во фонд и ми кажаа дека е просек од последни 12 нето исплати,со тоа што патолошката кај нив стои износ 0. Е сега тој просек испадна малку повисок од платата што ја земав пред да останам на патолошка затоа што последниот месец пред да се породам затворив боледување и го земав одморот, па така таа покачена плата влезе во просекот. Извини што те збунив, долго сум на породилно, сум заборавила што како веќе.
Дај боже, остануваме без средства за егзистенција… кај не се многу пари, па и тие ги каснат… претерано е веќе
Јас бев на патолошка до април и од април на породилно. Патолошко ми беше 70% а сега породилно земам 100% од плата. Патолошко не ти влегува во пресметка за породилно.
Devojki tie so ste vo sparkase imate porodilno? Procitav za del po drugive banki uste petokot im bese isplateno
Mene mi e preostanata uste za januari da mi pratat mi kazaa deka pocnale so isplata denes se javiv vo fondot.