Истиот одговор и јас го добив и дека ќе се реализира во наредните денови, што значи најверојатно наредна недела.
По моја логика е дека доколку реализацијата е во наредните демови возвраќаат така а доколку е денес враќаат само дека ќе се исплати незнам Боже што да мислам повеќе
Се тоа е игра на зборови,па ние да си тумачиме...."опасни се",потценуваат туѓа интелегенција и повеќе од јасно им е што ги прашуваме!
И значи може да се случи 2 месеци без никакви средства. Одлично, ако некој од тие пари зависи муви ќе лапа. Фала ти
За што служат тие потврди? Јас планирам да влезам во 9ти и после да земам одмор и да се договорам на работа да се прекине одморот и да се отвори боледување кога ќе се породам. Секако ако може вака. Е сега ако ми оди по планот значи кога ќе се породам сопругот оди кај матичниот гинеколог вади боледување и го носи кај мене на работа. Исто поднесува и за извод па кога ќе биде готов го носи заедно со копија од трансакциска, лична карта, боледување и барање во фзо?
Да, баш тоа страшно ме нервира.Како бе така се понашаат, со кое право за наши пари, како од нивни пари да исплаќаат.
Потврдата за прво или второ родено дете ги издава матичен гинеколог.Со таа потврда остваруваш право на надомест за прво/второ дете. Се носат во социјално и во општината во која живеете.Одмор можеш да си земеш колку што сакаш и се разбира колку дена имаш. Може сега да земеш пред породување, а остатокот и после породување. Секој одмор се прекинува во оној момент кога се отвара боледување. Да, тоа се документите што треба да се поднесат до фонд.
Има кај мене пуштено денеска. Еве ваш сега ми стигна известување. Ми пуштија за декември пола месец(толку требаше), и за јануари. Да не ги мислам веќе. Инаку ми нема стигнато решение на домашна адреса. За второ дете надоместок немам земено а дадов документи.
Комерцијална. Ама не верувам да има врска банката.Подобро јави се во фондот и прашај. За кој месец чекаш?
Само што разговарав со една безобразна вработена во Фонд и рече дека доцнеле само тие што имале повеќе од 4 просечни плати..Уште си играат мајтап со нас. Ќе ја пријавам за дрско однесување и давање лажни информации. Дно сме...