Дали тоа конечно добив исплата и за декември и за јануари во исто време! Уште две исплати и збогум сиромаштијо!
Ај да видиме кај мене кога.... обично до 22ако нема утнато нешто ко минатиот пат.. засега уште нема...
Девојки дали некоја има исплата за декември и јануари? До 8 декември ми беше породилното а потоа до 8 јануари боледување за бебе. Сеуште нема исплата барем во Битола
Некој што уште чека породилно и боледување за декември има? Кај мене бараат и некоја корекција, ама уште ништо.
Дали доколку користам неплатен одмор( право на неплатено отсуство 3 месеци) после ќе можам да користам и породилно ( не веднаш ама после месец, два пример )или ќе прави тоа проблем? Имам непрекинст стаж повеќе од 5год но за време на неплатеното отсуство дека нема плата, не се плаќаат и придонеси. Дали има некој со слично искуство да ме посоветува.
Ако имаш дете до три години, може да земеш неплатено родителско отсуство Нема да имаш прекин на здравственото осигурување, бидејќи Министерството за здравство ќе плаќа придонес.