Право да ти кажам сите документи се однесени, само што чекав да ме породат за со отпусното да им однесам документи. Они ме извести ја дека не е океј што до 29.11 ми завршува патолошката, а од 30.11 породилното. Вајда тоа им прави некој "проблем". Ма да тоа комисијата си одлучи до кога и од кога
Извод за бебето доби одма? Во тој случај пиши маил дознај зошто каснат. Нема шанси ако е се ок толку да ти доцнат.
Да. Пишав мејл ми кажаа дека во период од патолошката бременост, фали некој документ, а немаат кажано кој
мене ми доцни последната исплата,породилното ми заврши на 20 Јануари и сеусте ми немаат префрлено ништо. Претходно сите редовно околу 10-ти во месецот ги добивав. На кој број се јавувате да прашате за статусот на подродилното?
Ауу ништо, јас мислев февруари ти е последната и тебе. До 26.02 мене ми беше. Значи април, мај да очекувам. Инаку се немам јавено. Ако се јавила некоја членка нека сподели.
Значи исто сме и мене ми е последна, секогаш кога ќе беше се ок на 22ри земав ама денес нема... што значи ќе касни ама ќе се откачиме веќе
Да на 18ти,најдобро обратете се на маилот погоре што го оставив.Доколку е се во ред доставено од работодацецот до Ујп нема да има големо доцнење.
За патолошка покрај боледување од матичен ти треба извештај од комисија и барање. Провери во извештаите од комисија датумот од до дали ти се совпаѓа со датумите на боледување т.е. иср образец и дали на тој образец е штиклирано - бременост,раѓање и мајчинство. Друг проблем би можел да настане во платата што ти ја пуштаат од сметководство, дали е точно поднесена во ујп. Нека проверат од кај тебе на работа со фзом, полесно ќе завршат работа. Мој пример, породилното го отворив порано, но матичниот гинеколог не можеше да ми издаде боледување каде што пишува дека сум на тоа боледување, се додека не однесов извештај од болница. Откако однесов, ми корегира и ми даде со точна шифра на образецот.
Документите што ги поднесов си се во ред. Излезе дека е проблемот од работа, па сега во понеделник се надевам дека ќе го средат тоа
Мора да го средат, инсистирај секој ден ако треба. Три месеци си без исплата. Имам многу пати пишано тука, доколку почнуваат исплати од фзом ги исплаќаат сите во зависнот кога од фирма ќе ја поминат платата тогаш и вие ќе добиете породилно. Во спротивно има проблем или со документите или од работа имаат направено грешка во вашата плата (часови/шифри) Штом го решат од работа фзом за 2-3 дена ќе ве исплатат. Имав исто искуство, среќа кај мене од сметководство се ажурни и веднаш средија истиот месец
Дали има некоја на која и немаат уште исплатено надомест за новороденче. Поднесени документи во банка на крај јануари ми рекоа почеток март ќе има. Еве го крај март пари нема. Ако знаете и каде да се обратам пишете.