Последната исплата на сите ви доцнеше и ако да колку време отприлика? Сите исплати до сега ми беа навреме, ама ми кажаа дека последната секогаш доцнела…
Здраво мајки да ве прашам прва исплата породилно колку време после поднесување документи треба да пуштат пари?
Мене вака ме интерсира имено вработена сум 1 ипол во оваа фирма дознав дека сум бремена но веќе бев решена да напуштам поради малите примања.. Е сега доколку напуштам а сум 2ри месец бремена нема да ме следува породилно нели за да го земам морам да ги изодам тие 9м така ли? фала ви на одговорот
Ако не менуваш друга компанија за да немаш прекин во стаж немаш никаков проблем. За ако напуштиш и одиш во друга компанија можеби подобра опција ти да извадиш патолошка па да продолжиш на породилно и откако ќе ти заврши да не одиш на работа. Ако напуштиш без ништо не знам ниту имам некој близок што имал такво искуство
Треба да имаш 6 месеца уназад од денот кога ќе се породиш. Значи и 6 години да имаш претходно, ако не си вработена на денот кога ќе се породиш, немаш право на породилно.
За општина Аеродром каде се поднесува? Едни викаат во општината други некаде кај соборна и збунка сум.
Надоместок се добива и од општината, и од град Скопје. Се поднесува документи и во општината, и кај Соборна. Видете само кои документи ги бараат. Мислам дека треба плус нешто за кај Соборна, но не сум сигурна.
Можеби и јас ве збунив, се извинувам. Се поднесува во подрачната единица на министерството за труд и социјална политика на град Скопје. Затоа и реков град Скопје. Фактички е од министерството, државата, како сакате. Ние земавме 8000 од Аеродром и 6000 од ова другово.
Два месеци уназад на 7ми ми пуштаа, сега ај си реков пред викенд ќе ја биде ама слабо Ќе си чекам од понеделник.