Мене кога ми каснеа исто така заради тие фамозни саати, кога средија од фирма брзо после тоа ми ги пуштија одеднаш.
Majki edno prasanje, porodilnoto e otvoreno od 22ri april a dokumentite vo fond se podneseni na 5ti juni, koga bi trebalo da ocekuvam isplata, kolku vreme im treba za procesiranje na dokumentite inza prva isplata? Me interesira da znam za kolku vreme da pocnam da im se kacuvam na glava dokolku seuste nemam isplata...
Ако е се во ред со документите, исплаќаат доста брзо. Јас имав проблем со изводот за бебе, па се пролонгира се, но откако поднесов, за една недела ми исплатија за 2-та месеца што немав земено.
Дали има уште некој што не му е исплатено за мај? Почнав на работа последна недела од мај, дали можеби ради тоа каснат?
Прашај дали кај тебе на работа уредно пријавиле колку часови ќе имаш работни за мај. Ако тоа не е како што треба, ќе нема исплата. За последниот месец потребно е да се направи корекција на часовите.
Мене конкретно за ова на работа ми рекоа да прашам во фзо. Има ли некој контакт телефон од каде можам да добијам одговор?
Мене јуни ми е последен месец на породилно и со работа треба да почнам на 24. Од ФЗО ми рекоа дека на работа треба да однесам потврда од матичен гинеколог дека породилното отсуство ми завршува (кога точно ми завршува) за да може мојот работодавец да пријави кај нив часови кои спаѓаат под породилно за да имам исплата. Има смисла. Ми рече ако не пријават моите точно, ќе нема исплата. На 023289083 вртев. Не знам што да кажам. Може зависи од фирма до фирма.
Jas uste ni za april nemam se javiv mi rekoa ke vi pustat pari sistemski se procesira.Toa bese minatata nedela eve uste nisto nema
Па првично нели одма носиме на работа отворено породилно од матичен и таму си стои датум до кога трае. После пак треба нешто да се носи или тоа е истото јас што зборам?
Претпоставувам дека не е исто. Јас тоа им го однесов на работа и точно, таму си стои датумот на завршување на отсуството ама од работа ми побараа и да земам потврда дека ми завршило породилното. Утре ќе одам да го земам па ќе пишам. Се јавив и во ФЗО и ми го кажаа тоа што го пишав погоре. Значи мојот работодавец треба да пријави корекција на часови кај нив и да пријави во сметководство кај нас за да почнам да земам плата. Тоа е она што ми е кажано.
Вчера се јавив и исто ми рекоа дека треба фирмата да пријави корекција на саатите. И ми рекоа дека повеќето фирми забораваат на тоа. За мај сум немала никаков налог, можел да провери само тој што ми го води мојот предмет, а тој бил на одмор