Според придонесите. Ако ти плаќаат придонеси на ноќните саати и бонуси, ќе влезат во пресметка, ако плаќаат само данок тогаш не. Можеш на извод да видиш дали платата и другите пари се под иста шифра и така ќе знаеш. Одбитокот за било што откако ќе земеш плата не е битен, сите имаме кредити или трајни налози за плаќање на сметки. По закон 28 дена пред термин. Во пракса, повеќето отвараат покасно, може и на ден на пораѓај ако можеш и сакаш да идеш на работа до крај.
Sakam da prasam dali nekoj imal iskustvo da go prekine porodilnoto odsustvo, da se vrati mesec dva porano na rabota, dali togas se zema 50% od presmetanoto porodilno kako sto pisuva vo zakon i plus plata, ili zema samo plata.
Немам искуство ама така е, се распрашував кога бев на породилно со првото дете дека идев на работа. Пријавуваш во фонд дека ќе се вратиш на работа, и они до крај на породилно ти пуштаат 50%, а штом се вратиш на работа, од фирма ќе почнат нормално да ти пуштаат плата.
И плата и 50% од дневниците, т.е ќе му дојде и 50% од плата. Јас пред неколку години прекинав породилно порано. Ми се фаќаше плата ипол
На 25.6 се породив, на 3.7 поднесени документи, вчера имав исплата за јуни. Туку, знае некој како се пресметува? Изгледа не е баш просек од последни 6 плати. Според тоа, јас би имала околу 40 илјади, а вчера ми пуштиле 33 илјади. Може има врска што последните 3 месеци бев на скратено, 5 часа.
Просек се зема од последните 12 плати, освен ако си вработена помалку од 12 месеци. Инаку има врска тоа што си била на скратено, ако и платата на која се исплаќани придонеси за тие месеци била помала, па и просекот е затоа помал.
9 месеци, не знам дали е просек од тие 9 или од последните 6, ама како и да е, требаше да е повисока сума ако е просек од 9 или 6 плати. Секако земав помалку тие 3 месеца на 5 саати што бев пријавена, ама тие 3 плати и остатокот што бев на 8 саати даваа просек околу 40. Не знам како се пресметаа овие 33.
12 месеци е просекот, ти ако си била на работа само 9 месеци, 3 месеци ти сметаат по 0 денари, 6м цела плата, 3м пола, и просек од 12м вкупно
Останав на боледување од 20.05 а породена сум на 11.06. До крајот на месецот поднесов документи за породилно. Кога би требало да ме исплатат, колку време се чека и каде може да се праша за усплата. Може ли нешто со документите да не е во ред.
Пиши на овој меил Info@fzo.org.mk, во работни часови враќаат одма, досега треба да имаш затоа што најмногу 30 дена имаат рок за исплата, и скоро никогаш не е толку, многу порано од тоа е секогаш.