Здраво, Која е сумата која што ја исплаќа фондот 70% од плата? Доколку личноста е на породилно а даваат бонус или к-15 треба и на неа да и префрлат?
100% К15 да, бонус одлучува фирмата дали е бонус по заслуга за одреден период или го дава фиксно на своите вработени.
Здраво, дали има некоја од вас ваков случај, да е пријавена во фирма а да не работи На сметка ми ја пуштат минималната плата 22 000, ме интересира дали ако ме осигури на 30 000 ке бидат поголеми давачките за здраство, и кои месеци ги пресметуваат последните 12 или пак 6 Фала ви многу ❤️
Давачките се околу пола од плата. Значи на 22 се околу 11 илјади, на 30 би биле околу 15 илјади. Не знам точни бројки, ама отприлика да си знаеш. Зависи кој месец си, може и да не ти се исплати разликата во покачувањето. Пресметка се прави од 12 месеца пред денот на породување.
Епа ако ти ја качат платата од следниот месец од 22 на 30 илјади, ќе имаш 8мес х 4 илјади повеќе трошок за придонеси, а би земала 9 месеца околу 4 илјади повеќе породилно по моја груба математика. Вкупно разликата е премала за да ти се исплати.
Кога ќе добие некоја исплата месецов нека пише ма да мислам наверојатно од следна недела ќе почнат со исплата
Јас уште чекам да ми одговорат на меил за пресметката, 4.000 не се малку да ме кратат секој месец. Дали имате случајно број на кој да ги барам? Ако не добијам одговор до Петок сакам да ги побарам.
А ти направи пресметка на последните 12 исплати пред породилно и извади просек кој е за 4.000 ден. повисок од тој на Фонд? Врати се назад во онлајн банкарство и провери убаво колку ти е пуштано за тие 12 месеци. Не знам зошто би било помалку, дали некоја друга има таков случај и дали направиле после корекција?
Зависно од смени секој месец земав различно но не помалку од 40.000. Имаше членка пишано каде и рекле да го пресметува износот од решението со 172 часа (дека различно секој месец, тоа им било просек). Според таа пресметка кај мене излегува помалку..
Ама дали сите пари си ги земала како плата, или можеби платата ти е помала а остатокот ти го исплаќале како бонус, дневници... во пресметка на породилно оди само тоа што се добива под шифра плата, зошто само на тоа се плаќаат соодветни придонеси. Ти може и 100 илјади да земеш пример за дежурства, ама ако не платат придонеси за тие пари, нема да се земат во предвид за породилно.
Цел износ ми се исплаќаше како плата, секој месец од фирма ни праќаа и извештај. Израчунав неколку пати, износот од решението според час со 172ч никако не ми се совпаѓа.
Дали беше на патолошка случајно? И ако ти е цела плата на сметка си постпјат шифри под кои парите ги пуштаат како плата со платени придонеси и знаат бонуси дежурства да пуштаат под друга шифра и за нив не плаќаат придонеси. Тие пари не влегуваат во пресметката. Види на извод од банка.
Дали има некој број од фонд да прашам зошто сеуште немам последна исплата на породилно месец и пол помина На маил не одговарат. Фала