Денес ми стигна првата исплата и по сумата е најверојатно за јули. Но јас и за јуни за патолошка немам земено. Тоа кога ќе пуштат? Очекував прво тоа да е...
Пишав на инфо кога да очекувам и ми вратија Породилните надоместоци ги генерира софтвер и течат редовно. Августовските исплати почнуваат деновиве.
Ima li nekakvo pravilo za isplata na porodilno od fondot? Primer na 10-ti ili 15-ti vo mesecot ili nema nikakov red?
Ке земаш отприлика ист период секој месец, ама не земаат сите мајки во исто време. Со првото дете земав околу 20-25, сега земам околу 10-15 во месецот.
Јас сум при крај со породилното, најрано на 9ти ми имаат пуштено пари, така да мислам оваа недела нема да има.
Јас сум на породилно од 14 јуни и сеуште немам исплата за ниеден месец до сега. Ѕвонев на сите броеви неможам да добијам никако.. дали има некој исто како мене што нема исплата? И дали да појдам до фонд или има некој број или емаил да ми пратите да ѕвонам или пишам
Јас тука пишав и веднаш ми вратија. Info@fzo.org.mk 5,6 пораки си разменивме за 1ч. Како пишеш, остави име и презиме и матичен за веднаш да ти видат.
Ве молам просветете ме ако грешам. Износ од решение 198.19 денари, помножено со просек 173 часа е 34,286.87 денари а јас месечно добивам исплата од 30,224 денари. Во врска пресметката ова ми го одговорија. Значи ако нема грешка, шо значи тоа демек износ по решение е грешка? Каде да се обратам, кога во нашава вукојебина некој превзема одговорност?
Девојки , малку ми е нејасно - ако го отворам породилното 28 дена пред терминоти подадам документи во фонд, кога би почнала исплата?
Дури после однесена целосна документација после раѓање на бебе. Првин треба да земеш отпусна листа од болница, а после и извод за бебе.