Знаете ли последно колку е горната граница (сума) на исплаќање породилно? Не можам да најдам ништо конкретно од оваа година... И дали само платата од фул тајм работа спаѓа во овие примања за кои се вади просек или и сите други останати примања во текот на минатите 12 месеци за кои се платени персонални даноци?
Dali nekoj znae za vreme na porodilno dali ti sleduva k15? Dali se isplakja i koj go isplakja, dali fondot ili firmata?
Јас решение за двата пати на породилно не добив, ама јас имав фиксна плата, и фиксно иста сума земав секој месец породилно. Се што му се плаќа персонален. Ако земаш добар бонус пример, може породилното да ти биде значително поголемо од платата.
Се зема просек од последни 12 плати на износите на кои се платени целосни придонеси односно плата пуштена со шифра 101. Максимум износ е збир на 5 просечни плати во Македонија.
Ова ми го кажаа од ФЗО: Почитувани,највисокиот лимит за исплата за 2024 година е 144,284 ден. Во февруари 2025 според новите статистичи податоци ке има корегирање на највисоката основица. Еднаш во годината го корегираат.
Sakam da prasam dali sekogas porodilnoto go zemate na ista data? Pr minatiot mesec zedov na 16. Dali sega pak tie denovi da ocekuvam ili moze i porano?
Отприлика. Од 8-9ти до кај 14-15ти цело породилно го добивав. Значи некој период од 1 недела плус минус
Ама не земаат сите тој период. Со првото дете земав 15-20ти, а исто плата пуштаат најкасно до 3ти. 3 или 4 групи има во месецот. Кога ќе земеш првиот пат, тогаш отприлика ќе зимаш секој месец.
Zdravo,nova sum na forum imam edno prasanje.Porodilno mi e otvoreno na 28.09.2024 koga bi trebalo da ja imam prvata isplata
Зависи кога си поднела документи. Јас го отворив на 3.6, се породив на 25.6, поднесов на 3.7, а исплата прва на 22.7 добив.