Ама треба да ги однесеш и на работа документите, прашај кај нив дали ги поднеле во фонд. Многу време е, сигурно нешто не е во ред. Инаку, ја сум пријатно изненадена дека враќаат на мејл, имав некои прашања и на неколку што им пишав сите вратија. #techsavvy
Значи не се саглам од фонд секој месец со задоцнување исплаќаат. Обично на 18ти добивав, па на 20ти па на 21ви и денес им пишам ми вратиле од понеделник исплата.
Јас чекам претпоследна исплата и вака волку никогаш не каснеле. Знаеле да каснат ама макс до 21ви веќе сум имала. Има уште некој што нема (не тие што се со прва исплата)?
Мајки, на 5ти февруари отворив породилно, прва исплата сеуште немам. Ви пуштија ли на некоја денес за февруари?
Мајки, дали доколку пред истекот на породилно започнам работа кај друг работодавец, следува сеуште надомест за породилно и колку % од истиот?
Колку работни саати ви исплаќаат со породилново? Мојот просек од 12 месеци не е, не е ни тој што викаат дека е пропишан (173 саати), негде го начекав во некој правилник нивен. А сумата не се менува секој месец за да речам исплаќаат по работни часови во месецот (пошто секој месец е различно).
Мамицата Мене не ми го исплаќаат мојот просек, не знам што исплаќаат стварно. А по мејл ми вратија дека прекувремени саати влегуваат во просек, бонуси и останати исплати не.
Влегуваат бонуси. Кај мене бонуси се исплаќани со плата. И точно просекот од претходни 12 месеци примања го добивам.
И кај мене се исплаќани со плата, платени придонеси и се тоа. Добро можно е секој различно да си рачуна? Баш затоа ги контактирав, и рекоа само прекувремени дека влегувале, бонуси не.
И кај мене влегоа и бонуси и прекувремени зошто ми се исплаќани со плата со фул придонеси. Просекот по час ми е точно како што си го прерачунав сама. 173 саатници вкупно плаќаат секој месец, иста сума.