Здраво феминки. Дали породилното е врзано со исплатата на платата во фирмата? Т.е дали откако во фирмата ќе помине платата за некој период се исплаќа породилното? Кај мене до сега е исплаќано отприлика 10 дена откако ќе помине платата. Читам тука и други искуства. Што ако од икс причини фирмата не исплати плата за тековниот месец, дали тоа значи дека нема да има породилно? Што во случај ако пропадне фирмата, родилката и натаму е под фонд со исплати и осигурување додека заврши породилното? Го размислувам ова веќе некое време, знам дека во оваа држава се е можно. Поздрав
За патолошка мора да пројде прво плата од фирма, па да добиеш исплата. Породилно чим е еднаш отворено, фирмата може и да пропадне, сеедно е. Отприлика исто време ќе си земаш секој месец.
Фала ти на одговорот, претпоставувам истото се однесува и на осигурувањето. Дека во краен случај, родилката и бебето се покриени со осигурување додека трае породилното
Не разбирам зошто така ти рекле. Јас вчера земав за март, 6 дена од март се водев на породилно, точно земав колку што требаше.
Јас бев до 27.02. После тоа од 28 сум одјавена. Уште немам за февруари, требало мпин корекција. Еве и ти си била само 6 во март, веројатно и кај тебе правеле корекција. Може има врска што од 28 сум невработена... Не знам стварно, за март пуштија, на мене уште не.
Јас зедов за 20 дена од февруари и на мејл ми потврдија дека поинаку е за последна плата. Кај тебе малце денови биле од март затоа нема разлика
Леле не знам. Може затоа ми го препратиле маилот. A што треба да направе фирмата? Јас имам на маил пресметка, 95 саати породилно и 5 саати неплатено. Оти бев на скратено, по 5 саати, а породилното ми заврши на 27. Само 28 ми е неплатен. Каде да се обратам сега?
Корекција на плата во УЈП треба да направат. Види со сметководство кај тебе, прати им го маилот од фзом
Треба да знае сметководителот на работа. Обично прават грешка со пријавување работни саати, и додека не реагираш сама, појма немаат дека згрешиле.