Мене покасно месецов, до сега се на 8ми, еднаш на 18ти ми пуштија, ама еве месецов уште нема. Плата поминато е пред недела дена.
Пишав на мејлот на Јованка, жената одма врати, дури не ми се веруваше дека има reply за 2 мин Изгледа единствената во фзом што си ја работи работата како што треба Исплата за април, пошо ми е последен месец, најкасно до другата недела
Да, и јас имав доцнење со последната, нешто од фирма корекција, средија, ама после од фонд чекав. Пишав, дури последниот пат кажа ако немам и денес, да и пишам обавезно. Ама, пуштија тој ден како што ми пиша.
Девојки едно прашање, некој ми спомна дека откако ќе се почне со породилно не смее на сметка да стигнува никаков друг прилив. Е сега ми е логично по основ за некаков работен ангажман да не смее, ама па луда држава сме реков ај да си прашам и уште нешто, кога сметаат просек дали ги сметаат последните 12 цели плати исплатени или и делот од плата исплатен до денот на отворено породилно?
Последните 12 плати целосни мислам се земаат во обзир. А за прилив на сметка нормално можеш да имаш, не смее само да си активно пријвена како вработена некаде бидејќи веднаш се укинува породилното.
Немој само многу да се надеваш Последната знаат да ја каснат, еве машала мене веќе 2м На породилно до 26 март.. немам земено уште за тие 26 дена. Меил пишав, брзо експресно вратија да, ама уште брзо експресно и пари да пуштат. Ми рекоа демек неделава..
Јас знам дека може да си вработена и да земеш породилното барем порано беше така, здраво жени земале плата ипол
Девојки здраво , на породилно сум до 8.07. Секогаш породилното ми го пуштале пред 20ти. Сега сеуште ми немаат пуштено. Кажете ми што правите во ваков случај? За да знам понеделик да се јавам или кого да барам доколку би отишла таму (за Скопје) ?