феминки породена сум на 29.7 извод за бебе уште чекаме се надевам ќе биде неделава, кои документи се потребни за во фондот за да зимам породилно , јас ли треба да ги носам или фирмата и исто да не направат проблем бидејќи 20 дена има поминато откако се породив.
Некој поискусен или во администтација да работи Имам прашање Немав работено откако се породов до првото значи искористив породилно и последно ми беше 2024 октомври или ноември и толку и тек сега 2025 август се вработив во државна фирма. Работата е што сум на 6месеци определено а во декемрви треба да се породам. Дали иако севкупно би имала 4м работено дали ќе земам трудничко? Некоја дупка да не има а да не ср знае
Не, мора да имаш 6 месеци континуиран стаж во фирмата на денот на пораѓајот, ако немаш и 1 ден ти фали, не ти следува породилно, за жал.
Не, секако, ќе земеш боледување, ама 1 месец плаќа државата, после тоа не ти следува паричен надомест, е сега откако ќе понинат тие 6 месеци, не знам дали би ти плаќала државата породилно, тоа мораш да прашаш.
Како ќе направи не знам, од државата гледаат колку време си во таа фирма, и еден ден да фали нема да одобрат породилно, ова од искуство со блиска личност ти кажувам, буквално се породи 2-3 дена пред да има 6 месеци стаж во фирмата, државата не и дозволи да зема породилно, за жал.
Ајде ве молам за помош. После породилно што е потребно за да се земе паричен надоместок од државата. Нема да сум вработена после породилно
Породилно отворено од 01.07, породена на 09.08, денес 26.08 однесени документи во фзо. Кога да очекувам исплата?