Ништо несмее да касни и тие луѓе цел живот работеле па уште да не им стигне на време за лекови сметки, малку јаде државата од нас толку години. Тоа е тоа само од држава да не зависиш.
Се јавив само арогатно ми рекоа не може ние да знаеме кога ќе имаш исплата тоа е трезорска работа не наша, течат исплатите До кога ќе течат најкасно? И ми спушти бе...
Жалосно е што мајките никогаш не дошле и нема да дојдат на дневен ред во државава. Дискриминација по секој основ,уште кога остануваат бремени,дур трае породилното и одпосле.Дали ќе ги задржат на работа дали ќе им дадат отказ,дали ќе ги вратат назад. Абре за оваа исплата овие жени иделе на работа со стомак до заби до крај стоеле на нога по 10 саати итд. Оваа исплата е заслужена заработена а не поклон па да молиме за неа секој месец. Шлајм од држава едвај чекам да си ги соберам парталите еднаш засекогаш.
Катастрофа, па и кога имаше промени на законот за нефер трговски практики тие неписмените што го смислија направија само да поскапат млекото, кашите, додатоците за деца, сирупи и све што е од детската исхрана. Па една каша мала е 80 ден а голема и 120. Па сега и да нема на време породилно.
Ц ц ц и мене не ми пуштија значи стварно ова е брука, Важно пензионерите се наредени на 28ми на банкоматите, ние не сме ранлива група И да му се кревал наталитетот сакале, оф бе никој нема да остане у оваа вукојебина.
Можеби ние како родители и ќе останеме, за дел од нас е касно за селење, но затоа со сигурност ќе ги учиме и подготвуваме нашите деца да си го бараат чарето надвор и да не го поминуваат ова на кое ние родителите сме сведоци. Брука невидена...со најоптимистичко сценарио, надоместок за октомври месец на 24 ти ноември.
Кога има избори секогаш “каснат”. Иначе ова не е фирма па да и е законска обврска до 15ти во месецот да пушти плата. На фондот обврска му е да пушти до 30ти ноември. Не очекувајте да добивате како преку работа што сте добивале. Министерство за финансии им пушта пари, па они префрлаат на нас, исто вработените како Јованка не се ништо криви не пуштаат они пари.