A ова за трезоров проверено е или се шири некој рекла казала муабет? Ваљда нема да не остават со зимски сметки за празници без пари. Лудаци бе ако си седиме така и за ова стварно сме глупачи сите до една
Паметни се, сега на вас што чекавте ви дадоа, нас ќе не остават 2 месеци без пари, ама во групи сме поделени и нема да се споиме да се побуниме..
Од сабајле по друга работа по банки си вршам работи додека чекам ред само да ви кажам дека луѓево што влегуваа само да прашам социјално дали има породилно дали има нега дали пуштиле работа ОДГОВОРОТ БЕШЕ НЕ така да нешто се дешавааа нема пари
Зашто да не се споиме ..во интерес на сите е тоа ?Исплатите редовно треба да течат секој месец како што сме земале плата.
Буцетот е празен ..сеа треба новиот да го изгласаат да легнат пари ..фактички во минус ретроактивно да исплаќаат за сите долгови ..веќе сите рокови ги поминаа..сега и регреси треба да се пуштаат за цела Државна администрација ..итн ..
Не немам појма што се дешава не сум буџетар приватно работам не примам ништо од државата него гледам фрка деновиве сите за тоа зборат вие пишавте и чисто инфо да пишам така се поклопи по банки дека бев и гледам бајаги луѓе прашуваат и се вракаат тоа ми беше муабетот
Ако не дадат до Нова година сум за некој собир, најмалку некој да објави јавно што се случува, не е во ред да го прават ова на бебињата еј. А тие што немаат од каде да се зајмат? Стра шно
Jas predlagam do 20ti ako ne pochnat so noemvriskata isplata da odime site pred fondot. Kje se pogodi nekoj topol den da mozheme so bebinja da se sobereme
И јас си чекам од август месец сеуште.. Ме интерсира дали има некоја што е на Уни банка и добила исплата денес?
Читам и се чудам колку жени имало што немат земено породилно со месеци т.е воопшто до сега. Како не им е срам, на секоја анкета по улици само пензионери анкетираат и по тв ги вадат. Треба да се излезе на улица сите мајки и телевизии да се викнат. Нели на месечно ниво се зима породилно? Или кој кога му е среќичка?
Провери дали е се во ред со документите, јави се во Фонд ако треба. Банката нема врска со примањето на породилно.
Тие што немате добиено породилно повеќе месеци, па и еден месец да касни, сте прашале ли што е проблемот??