Морам да поставам прашање кое ме мачи и ми е нејасно: 1. Законски пишува нели дека мора да отвориш породилно 28 дена порано - ние отвараме (повеќето) ден-недела пред пораѓај - не може да ти забранат исто како што може и порано да се вратиш на работа со додатен надомест. 2. Кога ти рачунаат 9 месеци породилно излегува според пресметка на денови дека ти ги бројат и сабота и недела што реално се повеќе од 40 часа работно време што си ги зимал плата и согласно кои зимаш породилно и не е логично со законот. Дали можеби они ни ги зимаат тие 28 дена пред пораѓај што не следуваат ги искористиле ние или не т.е дали исто денови би имало решението кај мајка која ги искористила и мајка која си одела на работа и тие денови по сопствена желба бидејќи реално ако е така не гледам причина да пишува породилно е 9 месеци туку 1 + 8 како што има во мн.држави.
а еднократна помош за прво дете дали има некој што чека долго јас од јули не знам дали е тоа во ред уште нема
Мене денес ми стигна за второ дете од социјално а имам поднесено околу 15ти ноември.. мислам дека ќе имаш утре или понеделник. Денес стигна околу 16ч на Комерцијална,..
И мене ми стигна денес еднократна за прво дете на Комерцијална сум, исто подоцна околу 15 часот, дури се изненадив