Мајки може хелп? Сега сум на патолошка бременост, кога ќе стасам 34+1ден, планирам да го отворам трудничкото и да се породам во Словенија (имам словенска виза). Дали ќе биди се во ред со породолното дека породена во друга држава, дека на изводот ќе пишува друга држава на раѓање на малото?
Ако доцнат, веднаш реагирај. Пиши маил до фзо да проверат дали има некоја грешка или фали документ. Ако е се во ред, не би требало да доцнат.
Неделава пројде, породилно нема. Наредна недела има само 3 работни дена, ќе добиеме породилно ил...шипак?
Минатиот месец т.е породилното за март им го пуштија почетокот на мај на неколку мајки, се надевам дека овој месец ќе исплатат на сите наредна недела. Јас им пишав маил минатата недела ми рекоа оваа деќа ќе имам, но немав оваа недела, така да не се трудам друг пат да им пишувам.
Дали доби исплата? Кај мене денес стигнаа. Секој месец меѓу 25 и 27ми во месецот добивам исплати. Имам уште една и одвај чекам плата бидејќи породилното ми е пониско од платата.
Да денес ми стигна, вчера немало кај никого исплата. Јас секој месец различно добивам, минатиот на 22ри ми пуштија,а првиот пат на 20ти земав. И кај мене е истиот случај платата ми е повисока од породилното, али не ми се враќа некако на работа
Не се. Едвај чекам да се вратам на работа поради овие. Додуша јас денес добив, ама не се ич доследни.
Епа океј е. Меѓу 20 и 22 не се смета за чекање и различни датуми. Мене, и не ми се враќа, ама и ми се враќа (да одморам на работа ).
Да, ама имам земено и на 28ми, и на 26ти и на 16ти секој месец различно, јас само првата и последната исплата ти ја кажав. Како и да е во право си едино да одмориме малку може.