Мајки здраво, Ми треба совет, од искуство, од правен аспект, како било, се е добредојдено. Имено, се работи за скратување на платата во период кога јас сум на породилно отсуство. Наводно, на сите им намалиле.... Дали ми се повредени некои права? Дали требало барем да ме известат за намалувањето? Вие што би ме посоветувале? Дали да побарам писмено образложение?
Не само да побараш писмено образложение туку и да пријавиш, првично можеш и во чр. Платата е дел од договорот за вработување и не може еднострано да се промени. Обавезно да реагираш, трудова е следен чекор.
А во случај на породилно отсуство кој испкаќа к-15? Мене пред некој ден ми стигна некаква исплата од министерство за финансии од 12000 денари. Се мислев да не е к-15. Не знам што друго може да е.
Фирмата моја исплаќа повеќе К-15, и обично не известуваат кога ќе исплатат, затоа знам дека не е таа. Плус што налогодавач на оваа трансакција е Министерство за Финанси па и тоа ме буни.
Кај мене минимално исплаќаат ама пак е повеќе од ова за нешто ситно. Јас таков прилив не добив на породилно . Провери цел на дознака.
Ахахаха фонд исплаќа породилно. Или клексани ако си примала ама и тоа мислам од фонд беше. Јас примив само неколку после царски и малку ми вратија.. Друго не ми текнува.
Да да, ама како налогодавач стои министерство за финансии ако исплаќа фондот. Ваш сега споредувам со породилното ист налогодавач е. Инаку ми текна од кај се. Од општина надоместок за првородено дете
Да, зависи од општината. Јас дека не ја сменив адресата од личната карта аплициравме во две општини. Кај сопругот од општината кајшто е жител само 3000 ни пуштија.
А вака како што читам по фб немаат нигде пуштено значи не се ни почнати иако викаат дека се. Џабе ќе пишуваме маилови..
Може. Јас немав поим, другарка ми кажа што исто по лк беше на друга адреса и рековме ќе аплицираме па ако се побунат ќе се откажеме од надоместокот од општината што дава помалку. Ама никој ништо не ни рече. Кога ни е таква државата и системите на администрацијата не им се поврзани нема начин како една општина да знае за друга дали си аплицирал.