Дали ви доцнела последната исплата од породилно и ако да, колку време? За јули, неполн месец, сеуште немам ништо добиено.
Мене уште за јули не ме исплатиле ))) Се е во ред со документи, едноставно ме забораваат. Вика, ќе биде )))) Едвај чекам уште некој месец и да се откачам од нив. Тешко кој мора за било што да чека од државава.
До пред два месеци добро беше не доцнеа после тоа почнаа и по 10 дена да доцнат. Срамота треба да молиш за своите пари, а бебињата да чекаат за млеко и пелени.
Здраво девојки, сакав да прашам за совет за породилното. Пред породилното бев на патолошка и сите исплати ми беа завршени. На редовно породилно сум од 27 јули, а се породив во август. Документите во ФЗО ги предадов овој месец, а исплатата за август ми легна на 27 септември. Денес ми стигнаа 14.000 денари, но мојата редовна плата е многу поголема. Дали ова е само делумна исплата за септември или на некоја од вас на почетокот ѝ исплатиле помалку па после ја додале разликата?
Здраво девојки, молам за совет и ваше искуство. Ме примија во болница на 27 септември (недела), а се породив на 28 септември (понеделник). Матичниот гинеколог ми пиша боледување од 27 септември, бидејќи тогаш бев примена во болница. А од работа ми го отворија породилното од 28 септември, односно од денот на породувањето. Неделата секако ми е неработен ден и не е платена ниту од фирмата ниту од ФЗО, ама се мислам дали може да ми направат проблем поради тој еден ден разлика во датумите. Дали некоја имала ваква ситуација и дали ви направиле проблем при различен датум? Документите се веќе поднесени…
Немам искуство ама размислувам на глас, зошто матичниот ти го отворил породилното ден пред да се породиш а било недела, само ти скратил еден ден од 270те што ги даваат. Искрено не сметам дека би имало проблем најубаво е да се јавиш да прашаш на двата мејла што ги споделуваат, знам дека веднаш враќаат, па ако има проблем ќе се оправите
И мене истото ме интересира, дали некој добил исплата за 9ти месец? Мое мислење е дека е рано, треба да очекуваме после 20. 10 или околу 1ви...