Мајки јас се породив сега во јули, но бидејќи чекав за изводот од малечкиот и денес ги предадов документите за породилно болување,,, сега дали во август има шанси да ми исплатат или дури во септември /?
Гледам цело време нагласувате дека се исплаќ породилно ако редовно се плаќаат придонеси. Тешко мене ондак... :/
Да не те разочарувам ама колку месеци ти каснат од фирма толку и породилното ќе ти доцни. Ако мередовно исплаќаат, нередовно ќе ти префрлаат.
Мами да ве прашам поискусните околу породилното вработена сум во приватна фирма точно година дена на определено поточно на секои три месеци нов договор, на почетокот бев на минимална плата 9680 а последните три месеци пред да заминам на породилно со новиот договор кој ми е на година (до април 2017) земав 12000. Денес ми стигна 10300 па сега не ми е јасно дали се зема 100% од платата на која моментално сум осигурана или просек од последните 12месеци. Исто така ако влијае нешто бев на боледување од почетокот на мај до 30ти јуни, а од 1ви јули ми започна породилното.
јсе породив на 02.07 тогаш го отворив и боледувањето , документи дадени на 04.08 , фирмата уште нема префрлено плата за јули месец обично крајот на следниот пуштаат пример сега крај на август ќе пушти за јули .Јас кога да очекувам од фонд пари за јули?
Здраво мамички. Прашав и во другата група за породилно па и тука. Термин ми е 29.09. Сакам што побргу да отворам породилно затоа што работам во приватно школо за странски јазици и затоа што преку лето обично.не сме пријавени, за да можам да земам породилно, сама си ги плакам придонесите преку фирмата. Не сакам и септември да го плакам и затоа сакам да го отворам породилното. Дали фирмата треба да ме држи пријавена и понатака, за време на тие 9 месеци или заклучно со 31.08 може да.ме одјави и да не се одрази на надоместокот за породилно? Извинете на долгиот пост и ве молам за одговор.
Мислам дека треба, бидејќи аконе ти се платенипридонесите и потодилно нрма да ти префрлат. По мое, до крсј треба да си пријавена. Ако имал некој искуство нека пише. Ова само е мое мислење, може игрешам
Izvod obavezno, jas vcera nosev, isto prethodno samo.boleduvajeto mi bese odneseno i go cekaa izvodot da im go dadam za da ne mi se vlecka rabotata vo fond
Dali godinava vazi zakonot za k-15? I ako vazi do koga se obvrzani firmite da pustat? Izvinete sto begam od temava
Неможам да го најдам Законот ама знам дека е донесен дека без разлика дали фирмата исплаќа редовно или не од фондот ќе бидат пуштени парите и баш се сеќавам дека и на ТВ кажа министерот
Ауу ако е така би било одлично зашто искрено е мн лошо на време да не добиваме и да не можеме да се лечиме ако не дај боже ни треба тоа.
( од сметководствено биро Деспотовски) ПОРОДИЛНОТО И БОЛЕДУВАЊАТА НЕМА ДА ЗАВИСАТ ОД ФИРМИТЕ ФЗОМ: Побрзо и редовно ќе се добиваат средствата за боледување и породилно отсуство Од март 2015 година средствата за боледување и породилното отсуство во целост ќе ги плаќа ФЗОМ без разлика дали фирмата во која лицето е вработено плаќа или не плаќа придонеси. Право на надоместок за породилно отсуство ќе имаат сите вработени без разлика дали се на определно или неопределно време и без разлика дали тој договор ќе им истече додека трае породилното отсуство. Ќе се воведе дисциплина за фирмите за редовно и навремено доставување на барањата за отварање на породилните отсуства и боледувања. Ова се трите законски измени кои денеска ги најави директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејкова. Право на надоместок за породилно отсуство ќе имаат лицата кои предходно без прекин биле 6 месеци осигурани во фирмата во која работат исто како што беше и досега. Парнарџиева-Змејкова истакна дека со овие измени ќе им се олесни на осигурениците да ги остварат своите права и гарантирана месечна исплата, без разлика во каква состојба ќе биде фирмата во која биле вработени. Најави дека со овој модел ќе се овозможи административно олеснивање во делот на поднесување на барањата. -Фирмата, осигуреникот или болницата само со еден документ и електронска достава ќе можат автоматски да најават во Фондот дека предметот за боледување и породилно е отворен, а Фондот сите потребни документи ќе ги обезбеди по службена должност, истакна Парнарџиева-Змејкова. Фондот воведува нов информатички ситем со цел да се автоматизира целиот процес на обработка на предметот внатре во подрачните служби на Фондот со кој ќе се овоможи да нема админитративен застој на предметите. Осогурениците редовно од ФЗОМ ќе добиваат информации за тоа во која фаза им се наоѓа предметот.