Изгледот (дизајнот) на паричникот ми е особено битен.За мене, тој е огледало на секоја жена, исто како што е и чантата и чевлите. И за овие три аксесорис никогаш не жалам пари. Секогаш имам само еден паричник.И секогаш црн. Верувам дека и кога би имала неколку, во повеќе бои- повторно би го носела само црниот или ретко би го менувала.Црната е моја боја А и, некако ми е непрактично тоа секојдневно менување,па префрлање на милион ситници од еден во друг паричник. Башка, јас сум тип што се врзува за некои такви ситни дребулии . Овој кој моментално го имам, си го купив пред неколку месеци во Милано и е на Miu Miu .Огромен е и собира буквално се. Си го купив после едно многу важно професионално искуство во мојов живот и се уште му се радувам кога ќе го погледнам
Aко нешто најмногу ме иритира тоа е луѓе кои не носат паричник и ги носат парите у џеб. Инаку имам еден паричник ,црн е ,намерно ја одбрав таа боја за да ми одговара на секоја ташна. Средна големина е и има доволно прегради за да ги собере сите ситници,картици,слики,визит картички,пари итн.
Па и не баш,сепак паричникот ми е во ташна не гледам да ми одговара со бојата.Сакам големи со повеќе прегради и со место за ставање слики.Си купив црвен паричник од Охрид и не баш ефтино..
Секогаш наидувам на некои Хелоу Кити паричници и многу ми се допаѓаат.. Имам 4 такви.. Еве некои од нив шо можев да ги најдам на нет
Секако дека може Првиот го купив од тука има една парфимерија!? ( ) Не е баш парфимерија ама така си ја викам се вика Фиола мислам дека беше негде околу 350, а вториот од Јавор во Битола и го купив за негде околу 400,450 така нешто беше ама овие ги имам купено негде пред 1 год. може и повеќе
Аха ок фалаа мн за одговорот .. А да не има некој сретнато некој сличен паричник на овие два во Велес и цена ако може Spoiler знам дека сум мн досадна
обожавам од оние помали ама подебели паричници кои се со многу пресеци а моментално имам голем розев со многу пресеци практичен ми е а и симпатичен
Најчесто си носам еден со така нешто змиски дезен е , лакиран , средна големина ми е и ми се допаѓа што не е гломазен , а собира се што ми треба (пари , картички , лична карта ) , го купив пред неколку години многу ефтино не се сеќавам сега точно ама уште ме служи много си го сакам . Бидејки во некои пликоа не ми го собираше си купив еден минијатурен од Accessorize , ми беше многу сладок , мастило боја со силуети на зајачиња со розе машнички , но ретко го носам зошто не е многу практичен , а претходно сум користела претежно црни паричници лакирани .
Мене новчаниците ми се опсесија. Повеќе ги купувам отколку што ги носам, но ми го прават меракот. Сега сакам да се почастам со еден неонски, како оние погоре што се постирани. Еве слики од оние кои ми се допаѓаат:
Мене ми треба голем паричник, што собира клучеви телефон и се тоа. Понекогаш не ми се носи ташна, сакам еден паричник, ама голем неможам да најдам.
Имам ваков ист само што бојата не е толку портокалово црвена туку повеќе е светло розова Квалитетен е и има многу прегради што мене тоа ми одговара бидејќи ми треба за визит картички.