Минатата недела си купив преубав паричник, кој нема да го менувам сигурно долго време .. Вљубена сум во него
Порано како луда купував, ги имав дома многу. Но се сега имам околу 3-4, од кои 3 ми се подарок И моментално користам два од манго, еден голем и еден помал, па ги менувам зависи каква ташна носам.
Паричници имам повеке, но моментално највеке го користам тој на Guess. Кремаст е , голем, и сеуште е добро зачуван ( за некое чудо ) .
Го користам 3-4 год и е баш зачуван си го сакам како нов е не го менвам за жива глава додека не се искини
Девојки дали може да најдам некој паричник прикладен како за мене? Сакам да кажам до 150 денари? Паричникот да се отвора и затвора и да има прегради за сликичка, некоја акртичка и голема преграда за пари. Во продавницата кинеската се за 99 имаше ама ги потрошиле рекоа дека ќе донесат два пати отидов од тогаш нема
Обично купувам паричник што би можела да го носам и за испаѓање и за секојдневно онака низ чаршија за во рака така да секогаш мора да е нешто долго околу 19цм горе а од страна 9цм и бојата најчесто е разни нијанси од кремаста,ептен светло розево или праска,нечисто бело за да можам да го комбинирам со секоја моја облека.И несакам да се многу наџиџани сакам пообично да е.
Се извинувам шо пишам по втор пат одговор. Провери по другите продавници онака што се за бижутерија сигурно има,а цената најмногу може да биде 250 од таквите обични ама мислам дека можеш и за 100 да најдеш макар и 150.
Јас купив лани зимава оваков од Сити мол, манго , 1200 денари мислам беше. Таков крамав, беж. Барав кожен, ама не најдов нешто да ми се допаднат, па земав овој, може и картички и пари, и телефон во него.
Имам два. Еден од теранова малку по спортски да кажам, од пред скоро 8 години и мака си нема, и еден од манго од на кој после неколку месеци користење му се расипа патентот на џепчето за ситни пари
Имам два, црн и црвен. Црниот од мак примат ептен ми се погоди, може да се носи и како ташна, има синџирче. Црвениот од Дуки Дасо, ама од полани ми е.
Не гледам да го сложам паричникот со ташната, користам само еден повеке време, бидејки ако земам да префрлам работи од еден во друг сигурно ке заборавам нешто. Вака еден ми е со се внатре, ако сменам ташна префрлам само паричник и толку.
Имам неколку и ги менувам во зависност од ташната што ја носам. Сакам кога паричникот и ташната си одговараат и се во склад со облеката што ја носам тој ден. Исто така, ми се допаѓаат паричници кои се како минијатурни ташнички, со посебна преграда за клучеви, мобилен, картички. Практични се кога не ми се носи ташна или кога брзам некаде.
Znam deka ne e za vo ovaa Tema,ama ... Dobiv na podarok mnogu skap kozen paricnik,a jas paricnici retko nosam so sebe taka da NEMA da go koristam... Bi go prodala za 3000 denari,koj e zainteresiran neka mi pise lp...