Гледам да ми одговара со ташната во посебни пригоди,како на пример кога бев кума на свадба се барав да ми е во тон,а вака за обични вечерни излегувања не се замарам,моментално носам црн,ама чим црвениот бил толку добар тогаш одма ќе си го сменам
Пред неколку години мајка ми ми купи црвен паричник, а сега прв пат читам дека бил магнет за пари и тој си го носам стално, имам и едни како мини паричника само со еден патент што се доволни за пари и мобилниот , ако одам на пократка дестинација еден од нив носам,ама тие ми се сиви.
јас имам црн лакован....и има едно мало делче како лист со 2 прегради се вади за во потенка чанта каде што не собира голем паричник.....за подарок го добив од една драга личност....и многу го засакав
Мајка ми цел живот носи црвени паричници,омилена боја и е за паричник,не знам зошто...и цел живот и ги крадат.Лани 3-4 пати ја ограбуваа,толку пати беше да се слика за лична карта и толку пати нови паричници купуваше...ќе да е до бојата,утре ќе и купам тегет!Нe само магнет за пари,туку и за кражби.
Имам еден,црн е и на сВе ми иде. нешто слично на ова,само малку поубав. И да имам повеќе,не ми се верува дека ќе имам врме и нерви постојано да префрлам од еден во друг пари и останати тракатанци за само да ми одговара на чантата.Во тоа дека црвен носи среќа за повеќе пари не верувам,така да си останувам на сегашниов се` додека не се искини.
Имам долг црн паричник , со едно ко патент , од Авон ми е А не сум знаела дека црвениот е магнет за пари . Знам пред неколку години ми поклонија од Орифлејм зелен паричник , среќа носел И не ми е важно дали ми се сложува со ташната
обожавам големи паричници со многу прегратки за комотно да си ги носам сите документи со мене.најновиот уште индексот не ми го збира и сепак сакам нов.најновиот ми е лила боја со неколку прегратки,од двете страни се отвара,со патенто ,елегантен,може и само него да го носам за излегување,и сега ќе побарам слика да го видете... нешто слично ваквоа ама не е баш вакво
И јас сакам се да ми собира новчаникот.. црн долг огромен имам сега за излегување само со него можам.... се чувствуам убаво кога ке го отворам и ке си видам некој спомен ливче сметка нешто што ке разбуди насмевка кај мене во било кое време ... другите сите се чудат лелее што ке ти е се ова ама јас си го обожавам... нов ми е ама како што кажа докторката сакам пак нов... обожавам да си го редам ... и прередувам.. Инаку црвен новчаник е магнет за пари според фенг шуи правилата. и не ми е гајле дали новчаникот ми одговара со ташната.. претежно скоро цела ташна мио ја зафаќа новчаникот
Обожавам паричници, премногууууууу Засега имам 6 функционални, меѓутоа многу ме мрзи да ги менува, затоа сум претежно со еден или два , мислам ги менувам на периоди... Понатаму се мислам да си купам различен за во секоја чанта, но да одговараат со чантата(само ќе ме мрзи пак да менувам,да префрлам картички, слики, и сл ствари од еден во друг )
сега купив еден голем црвен лакован паричник за подарок се надевам ќе и носи многу пари на личноста....па ако таа има и мене ќе ми даде
ги имам повеќе , најчесто сум со последниот што го купив ..ама често знам да променам таков имам и нешто слично на ова
Сега планирав да си купам некој нов паричник, овој последниов го користев 2 години и доста му е. Што би ми препорачале вие, од каде да се подновам?