Си го купив од Будимпешта, мекан цел, со пуфче едно што виси ко на зимско капче. Всушност и само за во зима е, ми ги топли паричките
Пред неколку години бев опседната со новчаници , ги имав во многу бои и шари и големини , ама сеа подпораснав па користам 3-4
никогаш не гледам паричникот да ми одговара на чантата, инаку моментално имам бел со цветчиња низ него паричник и постојано го носам
имам црвен новчаник и го купив зашто фенг шуи означува лјубов среќа и пари и мн ми е убав црвен кожен хеххеее поздрав
Moментално имам црвен паричник, и тоа по коинциденција, кучето и го изгриза на работ на мајка ми па јас го преправив и сеа е со мој личен дизајн =) Инаку преферирам прегледни паричници и со патенти (бидејќи само сеам пари насекаде, и милиметарско дупче во ташна да имам, од таму ќе ми излезат парите)
па и не ми одговара баш со сите ташни.. летово кога бев на одмор во Грција си купив кафен новчаник на DOCA.. и си го сакам најмногу на свет. така да ич не ми е гајле ако не ми одговара со ташната.. јас си го носам