Паричници имам 5, бел, син, розев и два црни. Моментално носам еден црн Луј Витон најпрактичен ми е, малку е голем но ми собира се, и плус има преграда за телефон. Еве го
Kога некој од роднините од Австралија ќе ни дојде на гости знам дека ќе добијам паричник како подарок Барем досега добив 3. И сите ептен ми се погодени. Посебно ми е драг паричникот што го добив за веридбата од мајка ми, уникатен е, си го чувам нов, не го носам.
Имам многу и сите ми се расфрлани по дома. Ќе пишам за некои што ќе ми текне. Имам црвен, голем, долг и стои дома бидејќи е огромен. Ама морам да признам дека е прекрасен. Имам еден зелен од орифлејм, на поклон го добив, но не е баш практичен. Имам уште неколку црни, некои детски од пред 100год. и така. P.S. Ниеден не носам.
Имам многу,во различно бои.Сепак ми фалеше еден добар црн новчаник.Викендов си купив од МакПримат 600 ден убав новчаник,демек кожа бил па ќе видиме Мене ми се допадна, баш ми требаше таков поозбилен новчаник да речам
Не практикував да носам паричник до скоро, но како што започна учебната година, повеќе пари носам со себе, слободна и други тракатанци, па си купив еден убав од Страдивариус. Не ми е важно да одговара со тоа што го носам на себе и не планирам да купам друг во блиска иднина. Ми врши овој работа.
Имам четири паричници, еден црн, два црвени и еден бел. Немам навика да ги менам паричниците во зависност од ташната што ја носам. Носам еден 4-5 месеци потоа го менам, затоа сите ми се трајни
имам 3 новчаници..едниот ми е црн..пообичен..вториот ми е од Roxy виолетов..и третиот ,си го купив пред некое време ..прилично голем е..и е некоја чудна розева боја..ама е прекрасен..заљубена сум си во него (A)
порано кога купував ташна дента купував и новчаник за со неа - комплет но пред две години сестра ми ми купи за роденден многу убав црн новчаник со 300 прегради и вонего се ми е сместено, така да сега него го носам со секоја ташна.
Никогаш не сум користела повеќе од еден паричник, од практични причини. Доволно ми е што секој ден ја менувам чантата и ги префрлам сите работи од една во друга. Во паричникот имам многу документи, картички, слики, и некако ме мрзи да ги редам сите работи секој ден. Досега сум имала само црвени паричници, со исклучок на еден розев. Последниот си го купив од Бисер, ми се чини пред една година. Прво нешто што гледам, е да има доволно прегради и место за сите работи, и да биде квалитетен за да не ми се искине после кратко време.
хаха интересна тема .. Јас воопшто не се замарам дали ќе ми оди со чантата и сакам едноставни а не накинџурани имам повеќе и сите се Dolce and Gabbana а еве го овој моментално што го користам со гратис но не се ваква боја моите се со леопартски шари
Мали, едноставни и практични се сите мои паричници! Во секоја ташна можам да го ставам и сегде да го носам. Голем новчаник не значи дека се треба да се стави во него!