1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парно греење

Дискусија во 'Дом' започната од delvi, 6 мај 2011.

  1. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Тука сум под стан и сакам да го исклучам парното греење. Дали некој знае колку би ме коштало да го исклучам, колку се трошоците.
     
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Колку што сфатив живееш под кирија, а ако веќе е така за да ти го исклучат парното мора да се консултираш со сопственикот на станот, односно личноста на чие име доаѓаат сметките.

    Имаш опција и да плаќаш само 6 месеца мислам, ама затоа пак во зимските месеци ќе плаќаш повисоки сметки...значи исто ти се фаќа.

    Мој совет, за зимно време парното е закон, ем ти е топло постојано без да палиш ќумбе :D или да полниш термо, да чекаш да се затопли од греалката, за бањање е мераци а сметките кога ќе направиш една евиденција исти се и да се грееш на струја.

    Јави се во Топлификација ќе ти објаснат убаво, ако веќе го исклучуваш.
     
  3. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    нема поубаво од парно, не го исклучувај
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Кога котлите за загревање на водата од Топлификација би користеле струја од соларни тнр. фотоволтаични панели и/или ветерни турбини (не треба многу, 1-2 турбини) речиси да не би морало да се купува мазут со кој моментално се загреваат котлите. Сонцето и ветерот се бесплатни и еколошки чисти. Кога тие бисе користеле сметките за парно драстично би се намалиле.
    Мазутот би се набавувал во помали колични за слуај кога ќе нема доволно ветер или сонце.
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Топлификација, што да се рече. И на +40 си плаќаш фиксна цена цела година. Не дека сме презадоволни, ма ни којзнае колку задоволни, ама друг начин на греење ем што поскапо фаќа, ем што ќе треба да се стегаш кога да палиш кога да гасиш, па во една соба да седиш... сум била во секакви домови кај што најразлично се греат и сфаќам дека Топлификација не е најдобар избор воопшто, ама е најмало зло од сите и најдобро решение од понуденото. А тоа што е монопол и што се дадени такви претерани права да тероризираат смрзнат народ е друга работа на која не можеме да влијаеме за жал.

    А за исклучување сега со законов колку што слушав ако го исклучуваш пак си плаќаш одредена сума во континуитет, пример цела зграда е на парно на Топлификација, а ти сакаш да го исклучиш во твојот стан не можеш туку-така да се одвоиш од другите, мора да плаќаш одреден надомест и тоа не знам колку е точно, ама не е мала пара. Едноставно не се исплати ако си веќе приклучен на Топлификација да се исклучуваш, нема да поминеш туку-така.
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Знае ли некој зошто од топлификација бараат некакви договори да се потпишат сега со нив?
    Иначе "виновници" за екстремно високите цени, освен постојаните покачувања, се и комшиите кои се исклучиле затоа што нивниот трошок се додава на сметките на другите станари што се уште приклучени. :!: Иди мери им го паметот на топлификација :fubar: Они никако не се во загуба според тоа зошто пак некој друг ќе плати за тој што се исклучил.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Топлификација почна да им наплаќа и на исклучените додека приклучените се греат на струја

    Скопје | 13. ноември 2012 - 21:39

    Граѓаните се жалат дека имаат млаки радијатори


    Топлификација и официјално почна да наплаќа за услуги кои не ги испорачува. Денеска пристигнаа сметките за парно и во сандачињата на оние граѓани кои воопшто не ја користат услугата. Компанијата согласно актуелниот правилник на Регулаторната комисија за енергетија наплаќа по 10 денари за метар квадратен во стганови каде што парно, воопшто нема.
    Во меѓувреме и оние кои плаќаат за парно се жалат дека имаат млаки радијатори. До нашата редакција во изминативе неколку дена пристигнаа голем број поплаки на граѓани кои за да се загреат мораат да вклучуваат грејни тела на струја.

    „Ми дојде сметка од 3500 денари за струја, иако обично плаќам под 2500 денари. Ова е вистински грабеж. Не знам дали во државава има некој кој може да не заштити од ова самоволие и не ми е јасно до кога ќе им го полниме џебот на луѓето во Топлификација“ - вели едено од писмата кое денеска пристигна во нашата редакција

    „Имаме 6 месечно бебе. Дома Топлификација не ни го загрева станот над 18 степени, иако пред една година реновираме и имаме одлична изолација. Сакам да ги прашам господата од Топлификација, како да го искапам детето кога во станот јас и сопругот седиме под јамболија“ - вели Петрова Ирина од Аеродром

    Други граѓани се жалат дека од стартот на грејната сезона, по еден радијатор во домот воопшто не им се загрева. Се обратиле во Топлификација но од таму не можеле да им го решат проблемот под изговор дека радијаторите не се во нивна надлежност.
    Граѓаните сега се крстат во Уставниот суд кој е единствениот кој може да го укине правилникот и да и забрани на Топлификација да наплаќа за услуги кои не ги испорачува .

    Извор
    ____________________________________________________

    Радијаторите не биле во нивна надлежност....точно.
    Е па драги монопол-господа, ако радијаторите не се под Ваша надлежност (нормално, мои се, ми дојдоа гратис кога го платив станот), тогаш ЗОШТО ми наплаќате за услуга која ниту ја сакам, ниту ми ја испорачувате, ниту сте ме прашале дали дозволувам да се користи мојот имот во испораката на Вашата топлинска енергија! И не само што ја користите МОЈАТА сопственост, која поминува низ МОЈОТ дом, за кој најрегуларно сме потпишале Раскинување на договор пред повеќе години, туку сега треба и да Ви плаќам за да не сте во загуба?!
    Не, не сте во загуба, јасно ни е на сите, дури и јавно не` информиравте за Вашата добивка.
    Браво, не сте ги потрошиле сите пари на службени коли и патувања.
    Се знае каде се гледаме.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Потврдувам дека се догревам со греалица секој ден. И тоа догревам една соба, во другите соби е кочан ладно, а имаме парно! Зарем? :o
    Не се одлучивме за исклучување затоа што не бевме финансиски моќни да вложиме одеднаш пари за купување и инсталирање на друг систем за топлење, па уште и доплата плус на топлификација за исклучено парно.
    Страв ми е од сметката за струја што следи за месецов, додадена на таа од топлификација со сума од речиси 100 евра за млако парно. :doh:
    Ние може да измрзнеме и мора да платиме за тоа и со пари и со здравје, ама да останат без дивиденда господата од топлификација...никако! ;)
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Феминки почнато ли е парното кај вас? Не ми се верува кај мене дома сеуште се камен ладни ребрава :|
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да пуштено е, иако е преслабо за да се каже дека загрева.
    Ако скроз ти се ладни ребрата тогаш не е лошо да се провери да не има некој дефект, не е можно ич да не е пуштено до сега.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    скроз скроз се ладни, испуштавме нели воздух,си истече вода нормално ... се средено, вентили проверивме.....ама не,никако не греат.
    дефинитивно ќе мора да се јавиме за дефект.
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    20.853
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во куќа. Се грееме со парно, но парното е поврзано на шпорет за дрва, сега за сега во 3 соби затоплуваме и претопло е. Еве веќе 5 година откако го наместивме, презадоволни сме. Сега и бојлерот ќе го поврзиме и топла вода во секое време ќе имаме. :) Абе мераци јас како што сум зимурлива :lol: ова ни беше најпаметно решение.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Пристигнаа првите сметки од Топлификација за граѓаните кои не користат парно

    Македонија | 16. ноември 2012 - 9:52

    Граѓаните кои не користат парно ги добија првите сметки за него, што предизвика огромен револт кај нив.

    Топлификација“ нека праќа сметки, ама пари од нас нема да види е најчестиот коментар на граѓаните кои деновиве добија сметки за парно,иако им е исклучено и не го користат.

    Уставниот суд засега нема најава кога новиот правилник за топлинска енергија донесен летово од Регулаторната комисија за енергетика ќе се најде пред судиите. „Топлификација“ не е меѓу точките на следната седница на 20 ноември.

    Наместо по десет денари за квадратен метар, колку што требаше да плаќаат исклучените корисници од парно греење, „Топлификација“ пресметува по 16,6 денари за квадратен метар со вклучен ДДВ или 14 денари без данокот. Според најавите на првиот човек на Регулаторна комисија за енергетика, Димитар Петров, сумата требаше да изнесува околу 10 денари за квадратен метар станбена површина.

    - Официјална цена од 10 денари за квадратен метар нема никаде. Некои ќе плаќаат околу 10 денари, други над 12, с` зависи и од соодносот на исклучените корисници и потрошувачката на топлинска енергија на објектот. Значи, граѓаните нека не се изненадат бидејќи сметката за наредниот месец ќе им биде дупла. Оваа за октомври беше за 15 дена – вели Методија Стојчев од „Снабдување Запад“.

    Извор

    WTF ?!?
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не се они криви, ние сме криви!
    Проблемот е што сме скарани со слогата и затоа сме биле и ќе бидеме овци за стрижење, народ кој најлесно се манипулира и гази. :swear:
    Значи...
    Прво мене како корисник на парно ми стига сметка за мојата (НЕ)реална потрошувачка на топлинска енергија затоа што јас немам никаков увид во тоа. :fubar:
    Второ во сумата е вклучен дел од сметката на соседите кои што го исклучиле парното. :fubar:
    Трето соседите што го исклучиле парното пак да платат. :fubar:

    Мене ми пречи да плаќам за некој друг (иако никој не ме прашува). Ниту барам, ниту добивам повеќе топлина поради тоа.
    Сега по ново корисник кој сака да исклучи парно треба да иде од стан до стан и да добие потписи (мислам од 80% станари) за дозвола да исклучи парно :^) . Значи комшијата треба да се согласи да го земе на грб тој што се исклучува т.е. да плаќа повисока сметка заради него. :o
    И не ми е јасно како може потрошувачката на една зграда да е иста, кога некои корисници се исклучени... :?:
    Исто така би ми пречело и да плаќам за нешто што не користам, лоповлук невиден и нечуен! :@

    Само си накачуваат цени, само си диктираат нови правила...никој ништо не им може, мува не ги лази :worried:
    Ако сите застанат на една страна и кажат 'НЕ ЈА САКАМЕ УСЛУГАТА НА ТОПЛИФИКАЦИЈА, ФАЛА И ПРИЈАТНО' тогаш ќе се успее да се издејствува нешто, па макар и пропаднала топлификација.
    Бар тогаш ќе знам зошто мрзнам, бидејќи нема да плаќам за услуга-топлење и нема да имам.
    А не како сега мрзнам, плаќам (не знам за што плаќам), не добивам услуга, добивам уцени, правила, монополи...
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Топлификација авансно ги дере скопјани

    Македонија | 21. ноември 2012 - 10:54

    Се откриваат нелогичности во сметките од Топлификација кои почнаа да пристигнуваат по зголемувањето во август, каде прв пат се прикажува потрошувачка по мерач, па се гледа колку е потрошено а колку е наплатено, објавува Дневник.

    Според пресметките за тоа колку потрошиле и колку плаќаат, излегува дека граѓаните авансно преплатија на „Топлификација“ за цела година. Според анализите на „Дневник“, излегува дека на компанијата, во периодот од август до декември, кога се прави порамнувањето, ќе и платиме три пати поголема сума отколку потрошената топлинска енергија. Од „Топлификација“ се правдаат дека авансот е поголем за да не дојде до ситуација граѓаните во јануари да плаќаат двојно или тројно повисоки суми од претходно, пишува Дневник.



    Пресметки на Дневник покажуваат дека просечно за стан од околу 60 квадрати, од август до декември, Топлификација наплаќа фактура од околу 4.300 денари. Од оваа сума, 3.500 е авансот што и го преплаќаме на компанијата, а останатото се ДДВ и давачки.

    Потрошувачката по мерач, пак, за стан од 60 квадрати покажува дека граѓаните не потрошиле нишшто во август и септември, а плаќале авансно по 4.300 денари. Според информациите на Дневник, за 15 дена во октомври, откако почна грејната сезона, „Топлификација“ за ваков стан фактурирала околу 800 денари потрошена енергија на мерач. Ако во ноември, бидејќи беше топло и радијаторите се млаки, се има потрошено енергија за 1.600 денари. Во декември и да надмине од 3.500 денари колку што авансно наплаќа компанијата, пресметките на Дневник покажуваат дека наредната година граѓаните треба да имаат сметки од 0 денари. Пресметките покажуваат дека заклучно со декември овој потрошувач ќе потроши максимум 6.000 денари топлинска енергија, а ќе плати околу 21.000 денари на „Топлификација“. Во оваа сума, авансно, е влезен и ДДВ од околу 4.000 денари, кои предвреме се плаќаат за неискористена услуга.

    Граѓаните се бесни бидејќи знаат дека парите кои ги дале никој нема да им ги врати назад.

    - Сега може да се види колку „Топлификација“ н` дерела со години и на кои с` начини и е дозволено да манипулира и да ги дере граѓаните. Сакам да платам за услуга која сум ја добил и толку колку што сум потрошил. Ако во јануари потрошам 10.000, толку и ќе платам. На што личи ова 12 месеци да плаќам над 4.000 денари и на компанијата да ~ кеширам најмалку 48.000 денари годишно, а не трошам ни третина од енергијата што ми ја наплатиле. Топлинска енергија трошам само во декември, јануари, февруари, а останатите месеци од грејната сезона претставуваат само „молење“ дали компанијата ќе ги затопли радијаторите. Сакам да плаќам онолку колку што трошам, а не компанијата да ги билда сметките дури и авансно да ми наплаќа и ДДВ – вели Марјан Бошковски од Скопје за Дневник.

    Од компанијата пак со оправдување дека од август до октомври граѓаните ќе ја финансираат неа, а потоа тие ќе ги финансираат граѓаните. Од Топлификација велат дека ќе внимаваат да не ги одерат со високи сметки, пишува Дневник.

    - Годинава, поради топлото време, очекувам дека декемвриските сметки во јануари ќе бидат 50 отсто пониски од авансните, а верувам дека ќе има и фактури од по 0 денари. С` зависи од тоа какви ќе бидат температурите во декември. Инаку, ние сме дури во минус, а не во плус, бидејќи граѓаните н` финансираат до октомври, а потоа од јануари до април ние нив. За ноември плаќате во август, за декември - во септември, во јануари плаќате 50 отсто од тоа што ќе го потрошите, зошто трошите многу повеќе, кое го плаќате во мај за февруари - во јуни и за март - во јули. Авансот е за 10 отсто поголем и е правен според проектни температури кои се очекуваат во наредните месеци. И с` со цел да не биде како пред некоја година кога сметките што ги добија граѓаните во јануари беа три пати повисоки од претходните. Вака се прави некаков баланс - вели Методија Стојчев од Снабдување „Запад“ за Дневник.

    Стојчев објаснува дека „преплатениот“ ДДВ кој и го плаќаат на државата, нема опција да им биде вратен на граѓаните. Од „Топлификација, пак, не се согласуваат дека граѓаните и преплаќаат на компанијата и велат дека секоја година се во минус во однос на наплатена и потрошена топлинска енергија.

    Со новиот Правилник на Регулаторната комисија за енергетика, компаниите се обврзани во новите фактури да прикажуваат потрошена енергија на мерач.
    _______________________________________________

    Ај, колку фино.....тие си го пребиваат ДДВ-то од сметките кои НИЕ им го плаќаме, значи заработуваат повеќе, а на нас немало начин како да ни го вратат???
    Намалете ги сметките за тој износ, толку просто.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Повторно и повторно!

    Ќе биде "бај бај" парно, како што ми изгледа. Преголем луксуз е.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ма ќе биде Бај бај Македонија, како што ми изгледа.
     
    На mama31, kravce и sunfemina им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Затоа ние дома на дрва си се грееме :wasntme:

    не дека нешто ви помогнав или дека дрвата се ефтини :tmi:
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Затоа ние дома на ништо (се` уште) не се грееме :D
    Ние склеџии до бесвест, а фала им и на зиморливите комшии што греат многу :$

    Не дека ви помогнав и јас многу, ама ете, колку да кажам дека ние дома не ни имаме парно, станарите не се приклучија кога се пушти во употреба зградата, ама своеволието на Топлификација ме вади од чевли па затоа коментирам на темава.
    А и таму за кај што се спремам нема да ми треба никакво греење :D
     
    На mama31 и kravce им се допаѓа ова.
  20. Caliopea

    Caliopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    61
    Ние си имаме ќумбе дома, не парно, а сепак е топло.Кај баба ми има парно :lol: