Парно греење

Discussion in 'Дом' started by delvi, May 6, 2011.

  1. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Joined:
    Feb 11, 2010
    Messages:
    242
    Likes Received:
    99
    здраво женски ме интресири вие што живеете во ќуча колку плаќате за пано сметки?јас имам парно дома но го немам уклуцено скоро 6 години и сеа сакам да го пуштам но стурјат е многу поскапена се плашам да не заглавам со мнопгу голема сметка фала
     
  2. Koketna

    Koketna Истакнат член

    Joined:
    Jul 20, 2010
    Messages:
    25
    Likes Received:
    23
    Значи ни на крај памет да не ти текне да се вклучуваш.Еве сега сум дома камен ми е во станот,мрзнеме сите.Значи и печка вклучив се зафркаваат топлификација со нас,денес гледаш дека не е толку топло а јас парно сега немам,го исклучуваат,сабајле имав ама сега не.После 17 : 30 часот пак го вклучуваат си штедат тие бе а ние ке си плакаме 3300 ми е парното а струја 2000 ми дојде минатиот месец.За овој немам појма колку ке стигне за струја ама цело време ми е уклучена печката дека парно немам пола ден.Срамота е ова што се случува сп топлификација ама додека има овци ке има и волна ! Па сега види си ти колку ке те кошта таков луксуз и печка и парно да плакаш,да не ја спомнувам нервозата секој ден
     
    sunfemina likes this.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Joined:
    Jun 17, 2012
    Messages:
    484
    Likes Received:
    2,940
    Искрено добро е на дрва и ефтино, ама кај нас, ама сите до еден зимурливи суштества, и кога тато ќе го накрца со сите можни дрва внатре, мислиш капакот почнал да се крева, ќе почне да дими.
    И јас како склетчија, патам ;(
    Во зима имам гратис сауна. :D

    А за парно, екстремнооооо ладно ( како рекламата на ервејс :D ) ЗНачи и ќе се замрзнеш, и новчаникот со се фискални, слики и визитки ќе го дадеш за сметки .
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Топлификација ќе им враќа пари на скопјани

    Декемвриските сметки ќе ги изненадат скопјани, пишува утрешен Дневник. Според весникот, млаките радијатори во изминатите месеци според весникот драстично ќе ги намалат сметките за парно по порамнувањето во декември. Од компанијата за Дневник велат дека дел од граѓаните ќе добијат значително пониски сметки, дел нема да имаат ништо за плаќање а на дел со посебно известување ќе им биде побаран бројот од трансакциската сметка за да им бидат вратени парите кои ги претплатиле. Од почетокот на годинава скопајни ги грее Балкан енерџи груп,па следниот месец, јануарските сметки ќе ги испорача нова компанија.
    ________________________________________________________________

    Ќе го молам да пиши тука оној на кој ќе му вратат пари на трансакциона :D
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,363
    Likes Received:
    21,350
    Gender:
    Female
    Ние сме на железарското парно. Што да ви кажам, алал да им се парите, дење ноќе радијаторите се жешки. Цела зима сум со кратки ракави. Да плаќам, ама не греат за сите пари.
     
    Doozy and Hipster like this.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Скопјани ќе добијат поевтино парно кое ќе грее 2 часа подолго

    Македонија | 5. февруари 2013 - 12:16

    Компанијата "Балкан енерџи“ бара од Регулаторната комисија за енергетика да ја намали цената на парното и наместо до 21, да грее до 23:30 часот.


    Според Утрински весник, ова барање е веќе подготвено и е на пат кон Регулаторната комисија за енергетика, која ќе го има крајниот збор. ДОколку документацијата на компанијата е во согласност со Правилникот за снабдување со топлинска енергија и Методологијата за пресметка на цената на парното, регулаторите велат дека за завршување на процедурата нема да треба повеќе од два месеца.



    "Балкан енерџи" до Регулаторна треба да понуди пресметки со кои ќе го аргументира ова барање.

    Ако „Балкан енерџи“ максимално го користи капацитетот на „Те-то“, тогаш ќе може да затоплува подолго од 21 часот, бидејќи гасната централа ќе функционира 24 часа. Со нејзината работа се задоволува околу 30 проценти од потребите за греење на над 50.000 семејства во главниот град.

    Според експертите, со изградба на уште една гасна централа со ваков капацитет во другиот дел од Скопје, може целосно да се задоволат потребите на градот. Пареата е спореден производ од работата на централата, која поради модерната технологија е многу поефикасна од топланите. Тоа, според очекувањата на експертите, за граѓаните би требало да значи подобра услуга и поквалитетно затоплување, како и продолжување на греењето по 21 часот.

    „Балкан енерџи“ во почетокот на годинава комплетно го презеде бизнисот на „Топлификација“. За трите топлани ќе и' плаќа закупнина од околу милион евра годишно. Најголемиот дел од вработените во компаниите за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија преминаа во „Балкан енерџи“.
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    Малце доцнам со инфово, во разговор со еден чичко што работи со радијатори, греење, инсталација... ми кажа дека најекономично е (бидејќи имаме радијатори дома, ама не се приклучени сеуште да работат) да си земеме електрични грејачи за радијаторите. Конкретно не знам какви се и што се, си имале термостат, не трошеле многу...Јас земав во тоа време панел за во соба, па ме караше демек ова било подобра и поефтина варијанта :^) Кој мака мачи сеуште со парното може да се распраша за ова...па и да пише, може за натака ќе се најде :)
     
  9. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Joined:
    Nov 4, 2010
    Messages:
    449
    Likes Received:
    386
    За грејачиве да потврдам дека ептен добра работа вршат.
    Свекорми и свеки претходната година го откажаа градското парно,бидејќи многу од зградата се откажаа и они плаќаа по 7000 само за парно башка струја,оваа година се со грејачите и се презадоволни и навистина е топло за споредба оваа година најголема сметка им дојде 6000 ден струја значи готвење греење,перење се заедно а и сам свој газда си кога скаш тогаш палиш .
    Но стан си е стан побрзо се затоплува ,за разлика од нас во куќа,ние со мм оваа година ставивме голем камин поврзан со инсталација за парно и се стоплува ама многу дрва се трошат 15 кубика ако сакаш да ти биде топло ,ама па си бара чистење на камин па низ дома дрва ,убавината е кога
    ќе си седнеш и ќе си гледаш како дрвата пуцкетаат ама јас си знам колку само чистам околу него на секое дрво ставање.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,076
    Ние имаме сопствено парно кое може да работи и на струја и на дрва.
    На дрва сме обично на почеток на грејна сезона па додека не снема. Малце е по комплицирано со дрва на пример когане е дома татко ми никој незнае да го запали па се префрламе на струја и наизменично.
    Кога ќе снема дрва се префрламе само на струја.
    Ако се задржиме само на струја сметките стигаат некаде до 5-6000 денари месечно ама работи нон-стоп, а кога сме со дрва цената доаѓа упола.
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2011
    Messages:
    12,766
    Likes Received:
    145,268
    И ние дома сме на парно со дрва. Нашето е само на дрва, инаку живееме во куќа, и трошиме во просек 15кубика дрва, повеќе немаме потрошено.

    Ние сме презадоволни, зимата дома е претопло, ги грееме сите соби, со спални , WC,ходници, значи се. Ептен е битна и изолацијата, откако ги променивме прозорите, дома е уште потопло.
    Цефките се ставени одоздола, да не се гледат, па со тоа имаме еден вид подно греење, а плус и цел подрум ни е топол.
    Татко ми го пали огнот пред да оди на работа, обично во 8, а грееме до 1-2-3, зависи до кога сме будни.
    Вредна и корисна инвестиција е парното.
     
    kuc likes this.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2013
    Messages:
    3,256
    Likes Received:
    4,922
    Gender:
    Female
    Дечки ми треба помош од вас.
    Живеам во куќа стара околу 40 год без изолација и со стара столарија (не е пвц).
    Користиме еден спрат кој се состои од36 м2 дневна и две спални од по 12 м2 кои ги грееме со парно на дрва. Во дневната соба ни стои каминот кој незнам која марка е , купен е одамна,кој шири минимално топлина и имаме плус 3 радијатора, 1 радиатор е долг 1,40 м, и 2 радијатора по 1,20 м. Во спалните има по 1 радијатор од 1,20 м.
    Цевките се алупласт и ако надмине температура на вода над 65 -70 степени омекнуваат.
    Сега сакаме да го замениме со шпорет за парно Алфа Плам 90 HLBE, дали овој шпорет би можел да ги загрее повеке просториите, шпоретот има јачина 12.5 kw, од кои 5 kw зрачи самиот шпорет (дали овој шпорет заедно со 4 метри радијатори би загреал 36 квадрати?)
    Со мометалниот камин спаллните воопшто не ги топлиме бидејки неможе да постигне да крене температура и воедно троши многу дрва.
    Ве молам за совет и ваше мислење.
    Воедно ме интересира дали некој има искуство со Копер шпоретите за парно, доста се поевтини од Алфа Плам, како за споредба овој Алфа плам 90 кој планираме да го купиме нов е 44000 ден а со дупло повеке kw од Копер се по 20000 ден мах 30000 ден, во што е штосот?
    Моите имаа предходно обичен Алфа плам кој го користевме на долниот спрат од куќата без парно и се прилично задоволни па затоа инсистираат да купиме ист таков за парно, јас сум прилично скептична и сметам дека сигурно Копер не се толку лоши штом ги извезуваат и штом имаат толку опсежни спецификации.

    Благодарам однапред!
     
  13. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Joined:
    Oct 18, 2012
    Messages:
    908
    Likes Received:
    562
    Gender:
    Female
    Пред некој ден добивме писмо од БЕГ дека на нивните корисници им нудат БЕСПЛАТНА ДЕФЕКТАЖА на грејната инсталација.
    Има ли некој некакво искуство со ова? Што опфаќа ова? Дали опфаќа радијаторите скроз да се извадат и исчистат од нивна страна или не?
     
  14. kikin

    kikin Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    4,253
    Likes Received:
    13,903
    Gender:
    Female
    Да ја активирам темава.............Како сте со декемвриските сметки за парно? Големи порамнувачки, таман?
     
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2013
    Messages:
    3,256
    Likes Received:
    4,922
    Gender:
    Female
    Ние треба да се селиме во нова куќа и треба да го решиме уште начинот на греење.
    Според вас кој е најекономичен начин на греење во зима, парно на дрва, парно на палети, инвертер клима,или термо печка?
    Имаме салон од 35 м2 и спални исто 35 м2 над салонот, ама за почеток ке користиме само 1 спална од 15 м2.
    Парното ми е некако многу скапа инвестиција, па за почеток се мислиме помеѓу инвертер, термо печка 6ка или камин на палети без парно?
     
  16. Ctete

    Ctete Популарен член

    Joined:
    Nov 17, 2015
    Messages:
    357
    Likes Received:
    5,153
    Gender:
    Female
    Ние живееме во куќа од 250м2.налето го користиме целиот спрат од куќата а назима само дневната.Јас сум иницијатор дома и го убедувам мм да ставиме парно од причина што често имаме гости со спиење а собите се ладни.Мм размислува за таа тема хехе.вистина голема инвестиција е и скапа но еднаш се прави засекогаш.Сакам да прашам колку од прилика би чинело парното за нашата просторија.фала и позз
     
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Joined:
    May 9, 2011
    Messages:
    1,683
    Likes Received:
    6,262
    Едниот радијатор воопшто не работи и е целосно ладен. Случајно некој да не имал сличен проблем. Се јавив во Бег ама ни трага ни глас од нив. Нокој совет ,зошто на овие температури не се издржива со греалка?
     
  18. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2015
    Messages:
    926
    Likes Received:
    1,933
    Gender:
    Male
    Што треба да направам за да добијам услови за парно приклучок и останати нормални основни инфраструкурни услови за живот во град Скопје?
    Да одам во комити?
    Да одам во терористи?
    Колку уште мое место и треба на оптина Гази Баба за да може да фукнционира нормално?
     
  19. mariatim

    mariatim Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2010
    Messages:
    1,159
    Likes Received:
    12,529
    Gender:
    Female
    Искуствa сo пaрнo нa плин??
     
  20. littleflower

    littleflower Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2012
    Messages:
    711
    Likes Received:
    1,484
    Дали некоја од вас живее во гарсоњера (еднособен стан)? Колку плаќате за парно месечно? Планирам да се селам во стан од 35 квадрати, па сакам да направам некоја математика колку би ме чинела струја, парно, вода...