Кај нас е иста сметката како уназад претходните два месеци од ЕСМ. Инаку, мислам нема зголемување откако се префрли на ЕСМ, евентуално 100тина денари.
Зградава има приватно парно во договор со ЕСМ кое е ставено пред неколку години. Не се плаќа прелу цела година, само месеците во грејна сезона. Сметката стигна 45% повисока од претходната. Не знам, скроз нереален износ.
Јас прашував треба потписи од останатите станари, од радијатор по 1000ка мислам беше само да дојдат да ги исклучат, ако имаш 5 радијатори 5000... плус уште некоја сума се на се 10.000 мене ми излагаше плус сметки пак ќе стигаат... Ако ти стигнале 3000 на исклучено 1000ка ќе ти биде... Кога ќе собереш се не се исплати Едни услови се ако живееш во станот а сакаш да исклучиш а други ако никој не живее... Ако не живее никој треба да однесеш сметки за струја последни 3 месеци за да потврдат дека не живее никој.... Јави се или отиди таму ќе ти објаснат
Dali moze nekoj da mi kaze dali imaat pusteno parno od esm vo reonot aerodrom okolu zeleznicka, bidejkji vo nasiot stan nema i ne znaeme dali e problemot samo nasata zgrada.?
06-22h. Јави се во контакт центарот на ЕСМ снабдување и биди упорна. Јас вчера вртев оти и во моја зграда во Карпош нема поради проблем со полнење на радијаторите во еден стан и тоа повеќе од три дена не го средиле, катастрофа.
Дали секој ден е пуштено во ист период, еве на пример денес конкретно? Јас годинава сум прв пат на парно па не знам точно како одат работите. Денес е цел ден ладно, претходните денови само во попладневните часови загреваше но минимално, како да било претходно пуштено па е скоро оладено.
Греењето е во интервал од 06-22, доколку надворешната температура е под 12 степени Ц. Доколку е над, го исклучуваат. Бидејќи последните 2-3 дена беше топло мислам дека воопшто немаше или рано наутро 1-2 сати и толку. Јас лично не сум ги начекал топли радијаторите кај нас откако почна сезоната, пријавивме, но никој не дојде да види дали е се во ред. Планирам пак наредна недела да прашам.
од синоќа немам, проверив сега во ходник пред влезна врата на станов има 2 цевки претходно двете беа топли, сега едната е топла а другата е скроз ладна.. не знам каде е дефектот, дали во друг стан па нема цела вертикала..