се јавив, дефект било и бил веќе пријавен, ќе работат на негово отстранување. само се надевам дека тоа нема да биде дури во понеделник фала ти за помошта
Пред една недела парното беше супер сега едвај млако и тоа не само кај мене во целата зграда. Никаква топлина нема во цевките. Дали некој во Кисела Вода има ваква ситуација или се работи само за нашата зграда?
Сакам да прашам дали е задолжително секој стан да има посебен калориметар и дали во новите згради што се на градско парно инвеститорот става калориметар кај секој стан?
Некој што се грее на парно ако може да ми пиши во лп,да прашам нешто за барот и греењето на вода,да не правам реплики и разговори овде? Благодарам
Здраво дечки. Дали некој можеби знае колку чини приклучокот на парно, со веќе наместени цевки и ние да си купиме ребра? Фала ви.
Здраво, реновираме стар стан, во станот има гусени радијатори, јас сакав да ставиме нови, но неколку луѓе не советуваат да не ги менуваме гусените дека се најдобри... шо мислите?
Дали ви стигнаа повисок сметки за градско парно, за тие што плаќате преку цела година, за месец мај? Изминатите месеци, сметките се движеа околи 1300-1400 ден, сега за 5 месец, стигнала сметка 1800ден! Претеризам! Дали е некое порамнување или поскапување…?!
Нема никаква камата, проверено… Се разбарав по нетов и видов дека и на други им стигнале повисоки сметки за мај, на некои дури и дупло повисоки. Утре ќе се јавам и во ЕСМ, секако…
Кај мене е значително помала сметката, ама колешка има слична ситуација како твојата. Се јавила и ѝ кажале дека е порамнување.