Партиски погледи за марихуаната, СДСМ во одбрана на Илиевски

Discussion in 'Политика и настани' started by aNy-to, Jul 21, 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Joined:
    Jul 21, 2010
    Messages:
    1,046
    Likes Received:
    394
    Душко Илевски земојоделец од Битолско е уапсен поради одгледување на марихуана. Неговото апсење предизвика бурни реакции кај опозицијата. Мислам дека сите сте доволно слушнале на вести за овој случај,ме интересира како ја оценувате реакцијата на СДСМ. Очекувам да кажете мислење па ќе се надоврзам на темета.
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    ако сум јас добро упатена,не е точно декла тој одгледувал туку марихуаната ја има низ цела битола,така што не ти го сфаќам баш прашањево,кога секој нормален би застанал во одбрана на човек кој е невино осуден
     
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Joined:
    Jul 21, 2010
    Messages:
    1,046
    Likes Received:
    394
    Да се согласувам со фактот дека марихуана има на многу полиња во Битола , Но Илиевски е обвинет дека ја одгледувал.Јас не велем дека е виновен. Но фактот наведува да мислиме така.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    па и фактот дека цела битола и повеќе ги поддржува и е на нивна страна исто така е некаков факт.и не знам зашто вакви политички теми на форумов
     
  5. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Joined:
    Jul 21, 2010
    Messages:
    1,046
    Likes Received:
    394
    Затоа што темава е сместена во политика и настани, а што друго би пишувале тука за љубов,серии...мислам дека темата си е поставена на добро место.
     
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2010
    Messages:
    1,453
    Likes Received:
    499
    Кога го прочитав тоа на насловна на Вест ми падна стварно смешно. Растел канабис во Битола, го кастреле ама залудно небаре тоа е пиреј. Овде е измешано и политика и се и сешто, а дали го наместиле човеков дека го одгледувал - стварно не знам.
     
  7. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Joined:
    Mar 15, 2010
    Messages:
    691
    Likes Received:
    690
    Тотална глупост! Не ме интересираат ни ВМРО, ни СДСМ, меѓутоа, кога некого ВЕЌЕ го фатиле како прави кривично дело (во случајов се работи за одгледување на марухуана), не знам како може некој да застане во негова одбрана и да каже дека човекот е невин (а, е фатен на дело) и дека се води хајка против него затоа што е СДСМ (ќе повторам, фатен е на дело)... :lol: :lol: :lol: Па тоа е исто, како сега неколку луѓе да направат масакр во градов, да убијат 50 луѓе и ко за „беља“, да фатат само еден од убијците на дело со ножот во рака (кој секако е СДСМ) и некој било кој (односно партијата во случајов) да застане во негова одбрана и да каже: Аааа, па и другите правеа масакр, зошто само него го фаќате? Затоа што е СДСМ??? :o :o :o Мислам, некогаш партииве стварно не знаат што да направат, за да се обвинат меѓусебно... :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,306
    Likes Received:
    68,014
    Gender:
    Female
    Значи ако ја негувал, ја одгледувал, како може да не е виновен? Зошто и на другите места кај што растела не била негувана, туку си растела на диво? Ако бил крив, бил крив.
     
  9. cakii

    cakii Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    317
    Likes Received:
    18
    Мислам дека тој не е виновен, затоа што и самите велат дека марихуаната ја има низ цела Битола. Секако дека партиите се вмешани во ова, бидејќи кога се затвори млекарата тој најмногу се спротивставуваше и сега како да му наплатат за тоа ВМРО го оптужија дека одгледувал марихуана. А СДСМ е во негова одбрана поради тоа што нон стоп се натпреваруваат со ВМРО која е подобра партија и овие на овој начин сакаат само да привлечат членови за во нивната партија кога ке дојдат изборите.
     
  10. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2010
    Messages:
    2,230
    Likes Received:
    438
    значи петициите и потписите стварно нема да играат никаква улога во ослобудувањето, овој проблем се води како кривична дело , под кое е крената кривична постапка за илиевски. тука се работи за натпреварување помеѓу партии, односно сдсм сака да се докаже во нешто дека работи и како што кажавте да привлекува гласачи. кај нас народот е толку не информиран што и како се случува на политички план,туку гледаат еден пример аа овој направи нешто.. ајдеее сите по него, сега аа сдсм убаво го одбрани човекот ајдее на гласања сите по него.. и така било од секогаш и така и ќе биде. убаво кажа виножитцето зошто на другите места не е одгледувана а баш во неговата нива е одгледувана.. и убавао кажаа неговите дома , на вести се изјаснаа дека немале леб да јадат немало кој нивата да ја обработува им требала помошта на илиевски, што значи дека таа нива тој ја работел секојдневно, толку ли не забележал дека нешто расте во неговиот дел или ошто не пријавил?? не обвинувам никого има толку добри луѓе кои што знаат да проценат што и како се случува
     
  11. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Joined:
    May 26, 2010
    Messages:
    491
    Likes Received:
    80
    Уште еден политички монтиран случај!!! Само би се надоврзала на моето мислење на другата тема за Јохан и Љубе :!: Значи ако го фатат на пик некој можат не марихуана, него цел арсенал оружје да му сместат и да претепан да скапува во затвор со години :worried: ... Тоа е реалноста кај нас за жал :( ... Јас лично дадов предлог на "службени лица", да најмат доктор на биолошки науки од Заводот за ботаника во Скопје, па лично тој како професионалец да отиде на нивата кај Душко и да го детерминира(да го одреди видот на растението) и да каже дали станува збор за култивиран канабис или диво изникнат канабис во природни услови :!: Ама случајот во друга насока се води, зашто има политичка позадина и тоа е факт!!! Плус тоа постојат машки и женски канабис, само едниот дава цветови и од него се прави марихуаната..Ама изгледа некои мутави и наудрени се прават...Главен доказ им била прскалката која била поставена на среде нива со канабисот :lol: Ќе видиме како понатаму ќе се одвива случајов, ама сега за сега јас имам вакво мислење :tmi:
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,077
    Кога двајца се караат тука третиот нае***а!Е таква ситуација е ова..Страшно! :fubar:
     
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2010
    Messages:
    1,884
    Likes Received:
    1,227
    Само ќе кажам дека самиот факт што дотичниот Илиевски имаше поставено систем за наводнување на таа марихуана и секоја вечер го посетуваше “гостин“ од Албанија значи дека не е неправедно обвинет! Оти татко ми никој не го обвинува?? Само тој Илиевски требаше да мисли малку ко се петелчеше покрај Бранко на митингот! Ќе се правиме паметни и ќе се богатиме со криминал?? Е врти тркало! Така беше и со Фалангата, сите ги фатија што мислеа да се богатат на валкан начин!
     
  14. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Joined:
    May 26, 2010
    Messages:
    491
    Likes Received:
    80
    Го следам случајот континуирано и само ќе се надоврзам на претходново мое мислење погоре ^ - Кој ку...ц е Бичиклиски, вчера да излегува на прес конференција и да кажува т.н. аргументи против Душко??? Вика во канабисот преку лабораториски анализи била најдена опојна супстанца...КАДЕ Е ВРШЕНА ТАА АНАЛИЗА??? КАДЕ МУ Е ДОКУМЕНТОТ, ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗАТА??? Друга работа- Од каде Бичиклиски, обичен партиски војник, си зеде легитимитет да коментира за вакви анализи??? Тапоглавец, обичен пион во рацете на крупните босови во државата...Ќе повторам од претходниот пост, ако сакаат од владејачкава гарнитура да го слизнат некој, ќе му подметнат ако треба цел арсенал оружје и тони кокаин...Не зборувам напразно за ова..
     
    BoaVista likes this.
  15. annnni

    annnni Популарен член

    Joined:
    Mar 27, 2010
    Messages:
    3,025
    Likes Received:
    650
    многу јасно....како прво ние не сме глупи и јасно се гледа на тв дека таа така наречена марихуана или канабис сатива е див коноп...и како што некој спомна каде се тие лабараториски анализи што ги прават во кои нашле опојна супстанца....ма дај!!!!!
    како прво низ битола имало милиони диви конопи на марихуана што растеле и покрај градинка...па каде се властите да го санкционират тоа......туку го нашле Илиевски и сега држи!!!!!!
    Па погледнете го човекот само, за што тој да се малтертира млекарници ово оно....видете го дома во какви услуви прежививува едвај скрпува крај со крај....да ја имал таа мариухана не би се бавел со ситни пари на млекарниците,и да работи земјоделите...тој веќе ќе има тешка пара в џеб!!!!
    се е тоа политичко монтирање.....зошто тогаш кога на самото место се нашле снимтелите на една од телевизиите(како прво да се запрашаме како дознале тие...сигурно нешто се шушуликало)и снимале се како што било а после и снимиле диво растечка марихуана за спредба полицијата наредила да се избрише сниманиот матријал..... :?:
    и каково е таа политичка определба на телевизиите и исмевање на латас за СДСМ:
    -еве ружата на логото на СДСМ е премонтирана во лист од мариухана(и оп слика)а латаса со потсмев на лицето!!!! :^)
     
  16. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Joined:
    May 26, 2010
    Messages:
    491
    Likes Received:
    80
    А за Латас кога спомна веќе, запамтете го ова-КОГА И ДА Е ТОЈ ДЕБЕЛО ЌЕ ГО КРКА СТАПОТ ПО ГЛАВА
    Во која бре луѓе држава во светот владата допушта на еден новинар јавно да ја вреѓа, исмејува и клевети опозицијата??? Јавно упатува закани до луѓе без трошка страв..Јавно употребува зборови претерано вулгарни( да му по....ат, ку..и, пе..ри исл..) Сега јас сум објективна, иако не би смеела на друго место да изнесувам вакви информации, заради одредени членови на мојата фамилија..Јас нив ги сакав многу како роднини, ама не сум истомисленик со нивната политика... :x :x :x
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Joined:
    Mar 21, 2010
    Messages:
    5,517
    Likes Received:
    27,302
    Gender:
    Female
    Да ве демантирам... Дивиот коноп расте до половина метар... а ја видовте ли вие марихуаната на Илиевски на телевизија... кажаа била висока 2 метри и 70 см. Не може да се оспорува тоа што сите со свои очи го видовме. Секој знае како изгледа марихуаната, дали доколку вие би ја имале на нива или во двор, туку така би ја оставиле... јас не би. Со лабораториска анализа е утврдено дека оваа марихуана ја содржи психоактивната супстанца канабиноли, која дивиот коноп не ја содржи.
    Се видел каков човек е, полициското досие му било полно... семејно малтретирање, кражби... Ма одамна нему му било местото во затвор.
    Единствено што не ми се допаѓа е тоа што почнаа да ги притвораат луѓето од дното, а оние на врвот, вистинските дилери на дрога и нај опасните фаци слободно си се шетаат и никој ништо не им може. Ако чистиш, чисти се до крај...
     
    viku likes this.
  18. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Joined:
    May 26, 2010
    Messages:
    491
    Likes Received:
    80
    Lolypop23
    Тоа за канабисот се изјави на Бичиклиски, портпаролот на вмро...Не викам дека не се точни, ама да го погледнеме случајот од друга перспектива- Кој му даде легитимитет на Бичиклиски, да дава стручни изјави??? Кој к...ц е тој??? Ама шевовите му наредиле така.. :!: Зашто не се каже каде се вршеле тие анализи на канабисот??? Кој ги вршел??? Имаат ли документ ли да приложат :^) Излегоа ли стручни лица јавно да дадат мислење за канабисот??? Барем Иво Котевски да ја дадеше таа изјава, барем немаше ваква брука да биде :| мислам за портпаролот на МВР... Туку излегува партиски војник, му наредиле шефовите што да каже и ова испаѓа дека владејачкава гарнитура го има последниот збор во државава..Испаѓа ова, кој ве е.е, и судство и доктори и вештаци и слични, кои имаат ингеренција да го водат случајот..Од друга страна пак ако стварно се докаже дека тоа е марихуана, тогаш Дуле треба да си ја одлежи казната :!: А, за ова за големите нарко босови си во право...Некој ќе го фатат со еден џоинт во џеб и ќе го искршат од ќутек во станица и ќе скапе со месеци во затвор...А, крупниве риби, доколку ги уловат со големи количини дрога, верувај дека во тој случај ќе си го кркаат тие што ја пренесувале дрогата, шоферите :lol: А, главниот бос, нарачателот нема никој да го чепне :x :x :x Да не навлегувам во ова, ќе претерам , имам многу информации... :tmi:
     
  19. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2010
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    883
    да ви кажам стварно е глупо некој да го брани и никој не му е крив шо одгледваше марихуана и сите шо го бранат е политички и сите се припадници на СДСМ стварно е глупо, јас сум од битола и стварно можи сегде да се најди ама дива, но чоеко ја вадел и вештачко ѓубре дури му ставал алооооооооо!!! ова само СДСМ користат ситуација дека тој му се бунеше на груевски по медиумите за млекото (за кое никој не му е крив шо го даваше во сведмил шо сакаше појке пари да земи) и демек за то сега го затворија ама не е така туку тој стварно си одгледваше и никој не му е крив
     
  20. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2010
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    883
    :!: и плус (го заборајв ова) на која нива шо одгледват во неа компири сте виделе марихуана!?! и да му ја посадил некој за да го наместат шо не е возможно ке си ја искорнеше ке ја ископаше шо му се прај на нивите не знам таму ке ја изораше и ке си ја досадеше со компири немаше да ја остај така