СДК дека денес студентите во Македонија немаат право да се бунат дека партиципацијата за факултет им е висока. Точно дека нашето образование не е најдобро во светот и не нуди некој квалитет, но има доста земји со пониска стапка на квалитет, а далеку поголема партиципација. Пр. Турција. Па така има доста турци кои идат кај нас на студии... Има и далеку подобри како што е Словенија, каде се има бесплатно образование, но исто така и многу пониски квоти. Кај нас, скоро секој добар студент, во загрозена финансиска група, доколку исполни минимум услови, може да добие стипендија која му ја покрива партиципацијата x3 од тоа што ја плаќа. Исто така е овозможено бесплатен јавен превоз во Скопје за студентите и делумно бесплатен превоз со воз низ државава. Повеќето факултети нудат и бесплатна литература, дали преведена, дали електронска, па нема ни потреба од купување на ултра скапи книги на професорите како што беше пракса порано. Може ли да е подобро? Може. Но, поради оваквите до некаде океј поволности ние имаме огромен квантитет на студенти, на кои професорите не можат да одговорат и понудат квалитет, ниту пак логистички да се задоволи такви високи квоти кои секоја година се зголемуваат. Пр. Во Германија 70% по завршувањето на средна школа, наместо факултет одбираат практична настава и работа, а кај нас поголем процент од ова се запишува на факултет. Не со надеж да го завршат, туку да потрошат некоја година од својот живот. Баш поради ова, јас да сум некој фактор во државава би го променил системот. Би ги наградил најдобрите студенти со скроз покриена партиципација од државата, а би ја кренал партиципацијата на приватната квота на некои си 1000 евра. Па да видиме кој сака да учи, а кој доаѓа на факултет само на екскурзија. Сакаш јаре, дај паре. *Темата е одделена од СДК
А зошто заклучуваш дека студентите од приватна квота одат на екскурзија? Сѐ е океј вака со предлогот, ама под услов да има исти стандарди за оценување низ сите средни во Македонија и матурата секаде да е праведено изведена.Инаку вака, постои голема нееднаквост во поените и со тоа автоматски во влегување во државна/приватна квота.
Каде реков дека тие што се приватна квота одат на екскурзија? Ако се качи партиципацијата во приватната квота, а се покрива партиципацијата во државна квота, ќе се наградуваат тие студенти што учат, а оние што не учат (доаѓаат на екскурзија) ќе плаќаат партиципација и за првите. Оваков систем е во Србија.
Да, секако ако имаш пари сите врати да ти бидат отворени, а ние посиромашните аргати да бидеме? Дојди биди студент на кој родителите му викаат немаме пари да студираш, може ќе треба да прекинеш студии, а ти имаш огромна желба за студирање и си посветен целосно, но џабе. Не сте немале пари дома, не сте живееле на минималец и со родител останат без работа во Корона, затоа вака напуфлено зборите.
Многу ти е на место мислењето Били! Многу пати и јас сум размислувала на темава, а најчесто поттикната сум била од разговори со колеги, другарки, братучеди. Дури мислам дека условите за студирање се и повеќе од поволни. Сепак, не е идеално и има и некои нелогичности. Но, има ли совршенство? Она што највеќе ме нервира конкретно на мојот факултет (веројатно и на другите е така) е тоа што има студенти кои два/три пати губеле година и се во државна квота, а некој што сè регуларно си завршил и на време е во приватна квота. Па дали е тоа нормално? И ќе има после неквалитетен кадар, па како да нема? Стимулација на студентите и наградување на нивните резултати (според заслугата, реално и објективно) е клучното нешто што ни недостасува. Критериумите и за стипендија и за било какви други поволности што ги пиша горе, кај нас се стварно ниски. Па секој втор зима стипендија (независно дали ја заслужува или не). Ако ние немаме привилегии во тој поглед, тогаш не знам. И да. Веројатно, највеќе се бунат оние кои најмалку учат, па бараат преку леб погача.
Имаш стипендија за студенти кои родители се на минималец од 3300 денари месечно. Се што треба да направиш е да си редовен студент, да имаш положено 80% (мислам толку беше) од предметите во таа година. Ова се услови кои скоро секој добар студент може и МОРА да ги исполни. Ако не можеш, зошто тогаш студираш? На овој начин, ако немаш финансии, за твојот труд ќе бидеш наградена од државата на тој начин што ќе имаш комплетно бесплатни студии, а доколку не учиш, ќе паднеш во приватна квота каде ќе треба сама да си ја плаќаш партиципацијата, а не како до сега државата тебе делумно да ти ја покрива.
...и на крај, сите битни ќе ги пикнат во државната. Се согласувам со остатокот, мора да се регулира кој ќе студира а кој не, не може факултетот да се сведе на средно, за некој да се запише колку да се каже дека студира. Според мене, приемните испити треба да се вратат.
Така факултетот би станал луксуз само за богатите, како што беше порано, на факултет само елитата. Пример моите родители се деца на самохрани родители кои немале можност да си дозволат факултет во тоа време, а посебно не за две-три деца. Татко ми се обидел за стипендија, меѓутоа од десет стипендии осум се доделуваат по националност, а само две за успех. Факултет завршија откако се вработија. Мајка ми со работа, две деца имаше успех 10, ама спиеше по 2 сати во денот. Сакам да кажам дека била квалитет ама немала можност. Страшно е колку квантитет имаме да, меѓутоа сметам дека парите не се начин.
@petrova89 А,ти од кај знаеш дали имал или немал пари? Дома да не му седеше? Препрочитај му го постот. Тие што идат ради реда и не учат не заслужуваат државата да ги покрива.
На факултет сиромашните се газени. Стипендии и државна квота земаат најголемите препишувачи на матура, гзолижачи и оние богаташки деца. Не сте осетиле како е да немаш, убаво за вас. Дај боже и да не осетите. Ама да солите памет кој требало да студира или не, мислам дека треба да си гледате своја работа. Не сте во ничива кожа, ни знаете ништо, ни знаете какви околности има некој. Моите цела година ништо не си купија за да ми го исплатат факултетот, а годинава е знак прашалник дали ќе успееме да го платиме и семестаров и дали ќе студирам. Ама не сум богата, не треба да студирам. Јасно.
Зошто мислиш дека не сме осетиле? Баш поради тоа што сум делел иста судбина со тебе барам промени, пошто оваквиот систем овозможува на тие што се богати (а не учат) да им покрива државата факултет, а на тие што немаат пари (а учат), пак да треба делумно сами да си ја покриваат партиципацијата. Исто така не овозможува промена од приватна во државна и обратно во зависност од успехот, туку како си влегол, така си довека. Ако ова не е користење, не знам што е. Со мојот предлог, ако си ти добар студент и си положуваш, ќе ти биде комплетно покриен факултетот финансиски од државата, додека ако не учиш, ќе мора сама да си го покриеш. Овака се дава можност да биде награден личниот труд, а да биде наплатен нетрудот. Ова не им одговара само на тие што не учат, а не тие што се богати/сиромаси.
Јас па сфатив дека велат ако учиш и се трудиш, макар и да немаш пари - државата покрива. Али уште спијам, можи грешно сфатив.
Не е тоа никакво решение. Не е проблем партиципацијата. Постојат квоти на секој факултет. Еве можам да ти кажам за економски. Ако квотата е на пример 120 студенти на смер, се примаат минимум 150. Тоа треба да се регулира. Да не збориме па после кои префрлања ги има. Се запишале на економија, затоа што имало премногу конкуренција на финансиски менаџмент. Потоа префрлаат смер во втора година. Друго, проблемот влече корени од основно и средно образование. Не може 90% (тресам процент) да завршуваат со просек 5.00. Ние изгледа земја на генијалци сме. Па после снижувај критериуми на факултет, затоа што пола студенти ко круши паѓаат на испити. Квота од 1000 евра нема да смени ништо, напротив. Се знае дека кај нас владее корупција и заплашување на професори да се попуштаат оцени. Е сега ако си никој и ништо, ќе се мачиш. Некој друг на готово. Па после кој од нив ќе ја земе таа стипендија со просек? Прво тоа треба да се реши, вака само се казнуваат студенти кои немаат толку финансии.
Како виде дали има некој финансии или не, и дали осетил како е да немаш, секоја чест. Баш поради недоволното признавање на трудот на оние што навистина имаат волја и амбиција, се убива и онаа минимална мотивација што останала во студентот. На исто ниво се и оние што стварно сакаат да направат нешто од себе сами, а и оние што доаѓаа на факс за по едно предавање да отидат на кафе со други колеги. Од 30 и кусур луѓе, останавме неколкумина што на една рака се бројат, а уште помалку дипломираа. Мене ми е срам да кажам какви луѓе треба да ги наречам колеги. И зошто на вториве да им се дозволи да зафатат место на некој што можеби посакувал тоа да го учи и што сакал да вложи труд? Или нека се полни амфитеатарот со секакви, па ќе цимолиме после каков неквалитетен кадар постои.
Сама си го финансирав факултетот. И квота и материјали и скрипти, се од свој џеб и пак ми остануваше. Е сега не спиев претежно, ама кој рекол дека патот до успехот е лесен.