1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Партиципација за факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Billy Idol, 15 септември 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.875
    Пол:
    Женски
    Како ќе работиш ако имаш предавања и вежби колку скоро цело работно време, секој ден и на 2-3 недели по 3-4 колоквиуми за кои мораш секој ден да учиш?
    Ова за кај мене си зборам, ама има и уште факултети кај што е иста песна.
    И без работа не се спие по 10 саати.
     
    На Anie93, glosipgirl, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.261
    Пол:
    Женски
    Има факултети шо немаат опција вонредно и ако работат на црно и ги фатат можат да изгубат стипендија. Брачеда ми ова. Башка предавања, вежби, ај са беше само то.
     
    На Peperutce1115, candy.cane, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Ако немаш финансии, а сакаш да студираш, ќе најдеш начин. После не дека излегов нормална, зомби бев. Ама битно го завршив со просек.
     
    На candy.cane, Idedemja, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.875
    Пол:
    Женски
    Не секаде може да се најде начин да се прават овие две работи истовремено, тоа е факт.Не знам што имаш завршено, ама се надевам дека ме разбираш што пробувам да кажам, па ете и со пример.
    Со опција вонредно, да возможно е.
     
    На Peperutce1115, candy.cane, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Не е тоа проблем.

    Еве ќе работат и ќе платат 1000 евра квота. Ама како тоа ќе го реши проблемот со неквалитетните студенти? Ако имаат добро ситуирани родители, пак ќе дадат 1000 евра и ќе одат по еден саат на предавање, а после на кафе. И резултат пак имаш квалитетни и неквалитетни студенти исто вреднувани.

    Не го решава проблемот, само ги казнува и дополнително го отежнува студирањето на послабо ситуираните студенти.
     
    На ku4ence, Glowy, Ambrosia и 12 други им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не бев вонредно. Имав предавања и вежби. Јадев на нозе, не се враќав дома. Бев активна 16 саати на ден. Учев еден ден во неделата, толку и можев. Некогаш ако можев да прескокнам предавање, си одев директно на работа. Не е лесно, ама не е невозможно. Кај да најдев пари, ако немаше кој да ми даде. А со средно не сакав да останам. Жртва е тоа, голема жртва, ама и поука дека сум храбра, истрајна и што ќе наумам тоа ќе направам.
     
    На ku4ence, raww, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.930
    Пол:
    Женски
    Деца да се разбереме нешто. Факултет во земјава и квалитетно образование не одат заедно во една иста реченица. Јас не знам за какви факултети вие зборите, ама мене на факултет не ме научија апсолутно ништо што е потребно да знам за мојата понатамошна струка.

    Книгите се од 1980тите пишувани, а светот од тогаш се променил со еден огромен моментум. Тоа што сум го учела во книга in real life не сум го видела, затоа што може да има дедо ми ќар од тоа, јас не. Заглавени се во времето од Тито, скраја да е да се едуцираат и да ги следат новите и модерни иновации во светов. Ај што се стари тие книги ги имаме, имавме предмети кои не ни имаа книги, па учевме од презентации напишани ко со нозе наместо со раце, со ебавање у мозок цел ден што сакал авторот да каже.

    Пред очи ни положувале колеги кои не се појавиле на полагање, пред очи ни се случувало неправда а ние само си седевме и си ќутевме. Професориве ич не се замараат со тоа каков кадар излегува, буквално може да си труп што не знае името да си го напише и да поминеш со препишување или да си платиш одредена сума.

    Пракса 0, никаква, значи откако ќе ја добиеш мочаната диплома што нигде у свет не ти вреди си способен само прст у нос да си брцнеш, па мораш после да идеш по приватни фирми за без пари за да гледаш како се работи современо.

    Јас си знам што поминав дури најдов луѓе што сакаа да ми покажат основни работи за мојава струка, колку ноќи непреспиени сум поминала затоа што зависиш од милост на друг да те оспособи за работа и колку пари мораш настрана да вложиш во едукации, курсеви и триста пичкематерине за да си во тек.

    Освен бомба една и да се запали цел факултет ништо друго не заслужува, а камоли да пишам нешто добро за оние лешинари што се нарекуваат професори. Професор треба да пренесе знаење, а не да дојде, да кликне два пати на спејс за презентацијата и да си отиде.

    А да да не заборавам, гратис манијаци имаш да ги гледаш цел живот и да се плашиш да не ти се закачи па да се чешаш после, како Шуклев смрдежот што им направи на стотици студентки. Е вакви кај нас ги имаше со лопата да ги ринеш.
     
    На sparklie, ku4ence, x.Daisy.x и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Jaс кога се запишав во прва година, имав надеж дека ќе освојам стипендија. Имав добри поени, плус награда од државен натпревар, ама се паднав 13та по ред, а стипендија добија првите 10.
    Али пак добивам стипендија за успех ете.
    А тек ако се покачи на 1000 евра, тек тогаш само богати ќе се запишуваат, само бетер работа. Ќе има и такви одлични ама од страв да не западнат нивните во долгови, нема ни да се осмелат. Пошто да, некогаш ќе ти се наредат коцките така да колку и да си се трудел, ќе уназадиш. Нека им се намали тогаш и плата на професори кои за онлајн полагање ти бараат глупави невозможни услови од типот - огледало зад тебе или не виделе они дека ти си се пријавил за испит на меил пошто на дотичниот компјутерот не му бил во ред, па ајде одново први план кога што да полагаш како што ми се случи мене сесијава.
    Или на дм, ги вика типката на усно, чекале 4-5 ебени саати некои за на крај на тие последните да им рече - вие дојдете утре, Па испланирај дамуибам, толку души денес, толку утре.

    Е јас јебига, учам секој ден, некогаш си дозволувам цел ден да одмарам кога можам само.
    Имам еден колоквиум сега,полагам, одма за следна недела го спремам другиот по друг предмет.
    А кај нас има професори кај кои не смееш да имаш 3 предавања пропуштено, губиш право на полагање.
     
    На ku4ence, Bratot, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.875
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило за тебе, и да, истрајна си била и храбра.
    Но, одредени факултети, вклучувајќи го мојот и на членката што првично ја цитираше бараат секојдневно активно учење, или барем 5-6 дена од неделата.Додека бев средно, работев хонорарно и постигнував.Ама сега, не оди.
     
    На Anie93, Peperutce1115, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Мислам дека поентата на Били му беше, дека, за разлика од студиите во некои други земји, е поевтино тука, а не дека е преевтино и дека може секој да си го дозволи. Реално е дека не може секој да си го дозволи, особено приватните квоти, не е малку 400 евра, згора на тоа и презапишување предмети, па учебници, сместување и слично. И не мислам дека приватната квота треба да биде 1000 евра, не значи дека ако некој е во приватна не учел. И други фактори влијаат тука. Одлично би било, доколку некој се покаже како добар студент, да може да премине од приватна во државна квота.
    Ама, морав исто така и ова да го потенцирам и искоментирам. Не е точно дека државната квота е само за богатите и вркаџиите. Не сум ниту богата, ниту имам врски. Татко ми работи како магационер во маркет, мајка ми е исто така обичен работник во приватен сектор, немаат факултет, минималец земаат. А јас сум во државна квота, и имам солиден просек. Мојата цимерка исто така, е дете на еден невработен родтиел, а едниот и работи како работник во текстилна фабрика. И таа е во државна квота, со супер просек. Сакам да кажам дека малку станува збор за хипербола тука, односно се преувеличува малку тоа дека државната квота, високите просеци, а со тоа и стипендиите, се одбрани само за богаташи и лица со врски.
    И не сакам да бидам сфатена погрешно, и јас лично сум била сведок на тие со ургенции,буквално пред ми очи на полагање и звонаа на проф., за да положи некого. Не го негирам фактот дека некои така си го врват факултетот, и дека благодарение на тие истите имаме неспособен кадар. Ама силно го негирам тоа дека ако немаш врски, нема да бидеш добар студент, и нема да бидеш во државна квота или дека нема да земеш стипендија, бидејќи самата јас сум доказ за спротивното.
     
    На ku4ence, oblace1, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.858
    Допаѓања:
    178.758
    Me мрзи да ве читам сите. Многу е просто. Ако ти се студира треба да исполниш критериум а тој критериум не е финансиски, барем не во социјални држави. Има критериуми, претходен успех, приемни, прв круг, втор круг... И така ќе нема туристи, напротив очекуван е квалитет. Е, ама така нема за некого профит. Исто ко со здравството. Затоа е после МК црна дупка по социјална нееднаквост. И то...
    Сакам да прашам, зошто ми е факултет за да работам како шалтерист у банка?:?:
     
    Последна измена: 15 септември 2020
    На ku4ence, oblace1, lovestoneddd и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Женски
    Вие што учите и имате завршено факултет знаете да работите? Мене факултетот ми беше најголема грешка, пари у ветер, бидејќи како прво 80% учев на памет и безвезни работи, утре дента кога завршив и требаше да се вработам, јас појма немав од работа по струката ѕверев како теле, тоа е реалноста, секако неизбежен дел е дека ќе му бидеме роб на некој, пошто приватен бизнис овде е многу тешко.
     
    На raww и edna_malecka им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Погрешно си разбрала. Не велам дека е невозможно да се влезе во државна квота. И јас завршив во државна квота. Ама во државна квота не е загарантирано дека ќе влезат само квалитетни студенти, затоа што уште од средно не се реални оцените. Може сум успеала со труд, може ми поправале оцени. Никогаш не можеш да знаеш кој како стигнал до таа квота. И ајде да погодиме на кои ученици е поверојатно да им се поклонуваат оцени за просек?

    Зборот ми е целиот образовен систем треба да претрпи промена од корен. Ете имаш земји во Европа со бесплатно високо образование, па ги немаат овие проблеми. Значи до нешто друго е.
     
    На ku4ence, noteforself, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Да да, потполно се согласувам со тоа. И во средно има врскаџии. Затоа и напоменав дека ако некој е во приватна квота, не значи дека не учел, и се согласувам дека ако е во државна, не значи дека учел, и дека сите оцени му биле реални. Многу фактори влијаат тука, како што реков. :)
     
    На ku4ence, Idedemja, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Јас само со студирањето спиев по 3-4 саати дневно, секој ден, цела недела.
    Ако земев и да работам, можда и ќе влезев во Гинис како првиот човек што воопшто не спиел 5 години. :D

    Пиши ми кој ти е тој факс што се завршува со висок просек со учење само еден ден.
    Го запишувам ко втор. :D
     
    На ku4ence, oblace1, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не е битен фактот што ако сакаш можеш се да постигнеш, ама најбитно е што факултет е тоа.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Факт е дека во денешно време секој втор завршува факултет. И што е најтрагично, неписмени изнапикаа по институцииве. Студирал економија, а појма нема од тоа што го учел. А тие што имаат знаење избегаа во странство.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Luminary и 4 други им се допаѓа ова.
  18. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.475
    Пол:
    Женски
    Да беше само партиципација добро ќе беше. Ама не е.

    750 ИКСА, 300 библиотечен фонд, 1500 амортизација, по 50 денари за оние листовите за секој запишан предмет, а до пред една година и 50 ден. административна такса.
    Така да за 9 предмети што ги имам во семестар, јас плаќав 900 денари за пријавување испити со административната такса, а кај се другите трошоци, превоз и сместување за тие што не сме од Скопје, како и пари за храна,пари за скрипти и книги па ајде кажете дека само партиципација е.
    И колку пари се тоа за 8 семестри (минимум)?

    Воопшто не е евтино, и не добива секој шанса да студира.
    Мајка ми од финансиски причини не можела да се запише на факултет и не можам да ви покажам колку и е цел живот криво поради тоа. Многу.
    Братучетка ми се запиша вонредно за да може да го плаќа сето тоа, и на крај се отпиша зошто виде дека не оди. На мојот факултет фала богу не ни има вонредно, па и работам и одам на сите предавања.
    За тој што нема тешко е, поготово за студентите што живеат надвор од Скопје.
     
    На ku4ence, dayla, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кога било тоа?
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Леле.....Кога ќе ми текне колку пари дадов за испити. И на крај се откажав. Кога сфатив дека најчесто врскаџии примаат, баталив.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.