1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Партиципација за факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Billy Idol, 15 септември 2020.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Во време на Југославија, што ќе ти смени?!
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Апсолутно се менува.
    А не кажуваш дека за време на Југославија и студирањето било бесплатно, и студентските домови исто така?

    Менува и тоа што што во време на Југославија било дозволено студенти да работат легално. И над 16 години.
    Хрватска го има системот од Југославија наследено. Кога им кажам дека државата ме присилува да бидам зависна од родителите додека излезам од факултет никому не му се верува каква држава е оваа кај што мора родителите да ги студираат децата. Има студентски работи кај што државата плаќа придонеси и студентите одат да работат и студираат. Близок мој еве пред магистерска е, и работи и редовно полага. Целото негово друштво и работи и студира. Некои се веќе и на менаџерски позиции, и сопствен автомобил си имаат. И се по ред.

    Во Македонија не е дозволено легално да работиш како вонреден студент, значи само на црно можеш нешто. И ќе изгубиш и стипендија, и место во студентски и статус на редовен студент, и се по ред ако те фатат како работиш.

    Наместо да се борите за подобрување на правата на студентите, вие ги напаѓате нив наместо државата која изградила систем во кој студентите се зависни од родителите.
     
    На ku4ence, RoseRain, glosipgirl и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Добро е што знаеле да кликнат, јас имав пред неколку години работа со професорка која кординаторката ја викаше да и уклучи и исклучи и да префрла од усб материјал за предавање, не ми се веруваше што гледам.
     
    Последна измена: 15 септември 2020
    На cresa-jagoda и KateKane им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Го истрескав од ракав. Факултетот во мое време се плаќаше, како и денес. Имаше приватна и државна квота, ама бесплатно не беше. Работев на црно, впрочем како и 80% од македонците. Плата во плик не е тајна, туку сурова реалност.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.859
    Допаѓања:
    178.758
    И студентските домови се плаќаат денес:o?
     
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Оценката не секогаш го одразува капацитетот и способноста на студентот. Постојат икс причини ради кои може да потфрли у одреден семестар и ако нема доволно средства ќе треба да се откаже од студирање пошо 1000 еура е партиципација? Сори Били не се сложувам со ова.
     
    На ku4ence, oblace1, Anie93 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    87.655
    Пол:
    Женски
    Како не можат да работат??
    Можат да работат легално.
     
    На oblace1 и John Snow им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.859
    Допаѓања:
    178.758
    Во наше време (мое и твое отприлика) не можеше да си вработен и редовно да студираш, мораше вонредно. Прилично сум сигурна во ова.
     
    На oblace1, Cosmi и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Никогаш не ни можело да си у регуларен работен однос ако си редовен студент, за вонредните правиме муабет.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    По кој закон тоа?
    Студентска работа на редовни студенти под 26 години не е регулирана.
     
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со ова.
    Многу измени се правеа со години наназад и се уште се прават, ама од се јас само едно сфаќам дека се потврдува она што го велат ако сакаш да уништиш една нација- уништи и го образованието.
    Дека е до нешто друго, си е.
    Кога образовниот кадар се обновува по политичка наредба и партска основа, а не според квалитет имаме кадар каков што имаме. Имаме ученици- учени недоучени. Имаме студенти кои се неписмени, кои немаат воља да загреат сполче, кои одат на испит како паднати од Марс, само да препишуваат или полагаат со дадени прашања и одговори. Имаме студенти кои однапред знаат каде и што ќе работат без ден искуство и знаење и студенти кои само гледаат да заминат од тука.
    Според мене да ви кажам од искуство студирањето високо образование кај нас не е прескапо, само не е доволно квалитетно за тие пари и време кои ќе ги посветите. Од тука следи фактот дека едно е формалното образование кај нас и како такво наметнува неминовна потреба своеволно да го надоградувате со неформалното образование.
    Продискутиравме за цени од државна квота и кофинансирње.
    Еве вака јас за прв пат запишав факултет во време кога во државна квота не се плаќаа студиите, ама ако не се фати услов за следната година пишуваш квадрат и влегуваш во приватна квота која во мое време беше 1500 тогашни дојч марки, а за генерациите пред мене изнесуваше цели 2400 дојч марки.
    Е сега во државна квота во главно влегуваа одредени елитни глупации на студенти и тие кои со месеци уплаќаа подготовка од наставници со приватни часови кои вака или онака влегуваа во комисии за составување прашања од приемните испити и знаеја какви би биле прашањата. Па кога ќе пресметаш колку фрлаа на часови, кои се разбира беа се поскапи колку поелитни беа наставниците, слично им доаѓаше како во прва година да се запишале во приватна квота со кофинансирање.
    Предноста беше ако си во приватна квота и фатиш услов на време за следната година се ослободуваш од партиципацијата и влегуваш во таа државна квота.
    Делумно се ценеше трудот на тие што навистина сакаат да учат.
    Ама пак ќе ви кажам денес високото образование не е прескапо како некогаш, само многу е опаднат квалитетот на образованието гледано од секој можен агол.
    Сепак тој што сака да учи ќе најде начини да се снајде и на ѓаволот дупката ќе ја пронајде, а тој што не сака да учи ќе најде сто изговори да не учи заради многу препреки кои може на прв поглед се големи ама не и нерешливи.
    На крај секој со своето искуство, начини на снаоѓање, желби и амбиции.
    Мене во денешното образование ме загрижува огромниот пораст на кадар кој се одлева надвор и сака да замине. Фокусот е како да го задржиме тој кадар да сака да остане и се развива тука.
    За таквиот кадар сметам дека треба еден олеснителен и мотивирачки пакет од бесплатно образование.
    Дека па и се не е е дај му бесплатна едукација како во мое време и тој по таа едукација заминал во странство, а државата вложувала во негова едукација, кинела од некој кој гледал да учи, работи и се надоградува тука за него, за да тој во странство да вложува и го унапредува нивниот систем.
    Има многу за дискусија на оваа тема и многу убави мислења претходно напишани и дај боже да чита некој од МОН и да примени берем нешто од тука и примедбите и подобри за идните генерации, за доброто на сите нас.
     
    На noteforself, Bezimenka90, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Јас кога се запишував на факултет (за Правен зборувам) државна квота беше 200 евра, а приватна 700 евра. Јас бев во таа втората. Во мојата група 80% беа во приватна квота примени. Претежно беа од внатрешноста. Многу се откажаа. Не можеа да издржат. Многу трошоци - книги, партиципација, пријавни листови, кирии, јадење, и др. А родителите не им беа баш со високи примања. Имам и школска која беше одлична ученичка, ама нејзините немаа пари за да ја запишат на факултет.

    Редовен студент може да работи само со пола работно време.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Каде тоа? Во закон за работни односи стои дека редовен студент не се смета за невработено лице и дека ученици и студенти смеат да извршуваат само практична работа во рамките на образовната програма.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Другарка моја работеше така. Пријавена на 4 саати. И јас се чудев. Ова беше пред 6 години. Работеше и паралелно студираше.
     
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не може ни сега, ама благодарение на нашите шефови кои гледаат на секаков можен начин да се избегнат придонеси, лесно е да работиш. Кој ќе знае?! Никој.
     
  16. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    5.891
    Уште може да работиш по 4часа, баш има агенции преку кој се вработуваат студентите
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Споделете некои од тие агенции тогаш, ќе им се најдат на студентите.
     
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ама па не може да очекуваш некој сто пати да го паѓа предметот и да се жали зошто го плаќа!
     
    На Billy Idol, Idedemja, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.110
    Допаѓања:
    124.791
    Пол:
    Женски
    Може да се регулира.Да прават проверки.
    Може да има разбирање за студенти кои почнале послабо да учат доколку имаат оправдани причини(болест и/или недостиг на финансии) и доколку приложат документи како доказ.
    Муабетот што го почна @Billy Idol не е за студенти кои потфрлаат поради оправдани причини,туку за оние кои идат ради реда на факултет,кои се мрзливи и со врски доаѓаат до диплома.
    Не е во ред мрзлив студент да му го зафаќа местото на некој кој е вреден.
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Прва работа- кај нас не е проблем партиципацијата, кај нас е проблем воопшто целиот образовен систем.
    Тргнете од тоа дека на факултет може да се запише секој, без разлика на претходен успех.
    Да завршат можат 80% од запишаните.
    Дури примаат мито професорите, даваат оцени на лепе очи бидејќи татко ми е познат бизнисмен, директор, влијателна личност, додека праксата е сведена на минимум а бубаме теорија од скрипти со 500 страни, ќе излегува се' понеспособен кадар.
    Јас тргнувам од себе, да не се пронајде некој навреден.
    Со оваа пракса што ја имам стекнато досега, не се чувствувам способна за работа. Што дека од теорија се' имам положено.

    Имаме институции каде за авторитетен професор се смета тој кај кој што од 50 студенти, 45 се паднати. Страв и трепет меѓу студентите. Иако се' положував на прва, со добри оценки, имаше една ваква прочуена професорка кај нас на факултет, чии предмет го оставив за последен рок бидејќи немав воопшто желба и мотивација за учење. Ај што тие двајца што ќе положеа беа со минимални поени, туку беше и крајно незаинтересирана, од целиот материјал, можеби само 10% ни имаше предадено.Си викав што ако учам, секако ќе паднам.
    Ете каква мотивација им даваат на студентите за учење.

    Друго, од неколку студенти, мајките облечени по мантил одеа со индексите да им земат оценка на ќерките и синовите (кои патем во иста болница работеа со професорите)
    И баш тие имаа просек над 9, и ја земаа највисоката стипендија. Се прашувам зошто?:^)

    Нас ни треба една целосна промена на образовниот систем. Од кадар, до програми, критериуми за упис.
    Камо единствен проблем да беше партиципацијата.
     
    На lady0813, ku4ence, Anie93 и 5 други им се допаѓа ова.