Сега на Правен не ни има приватна квота, државната не се пополнува до крај, ама затоа сакаш нејќеш ќе искешираш 2000 евра за мастертолку го обезвреднија факултетов што со 3 години ни кафекувар не може да бидеш, едино приправник и тоа ако имаш среќа, настрана други давачки, презапишување најскапо на УКИМ и професори ко Родна што има 6-7 книги нејзини и сите ги бара оригинал ко ќе ставам математика поефтино ќе беше приватен да завршам.... И не може да биде нормално студент што не работи вакви трошоци да има, повеќето со уште еден студент или средношколец дома, тие што имаа стварно пари сите се запишаа по странство или на приватни овде, или па си ги купија оцените без да се појават...
Ти за вонредни напиша дека не можат. А инаку познавам две редовни студентки на Економски кои преку агенција работат како хелпери во Т Мобиле со пола работно време.
Јас не го ни довршив факултетот. За што ќе ми е дипломата? За украс? Не, фала. Ако заминам во странство дури тогаш пак ќе се запишам. Барем таму трудот се цени. Плус тоа, Правниот не е како порано. Тие 3 години се џабе. А нема секој пари за да запише мастер студии. Имам уште една школска која заврши со 3 години и не отиде на мастер. Самата кажа - Моите немаат пари. А студираше во државна квота. Родна е незаменлива. Јавна тајна е тоа со нејзините книги. Јас сфаќам дека секој професор си го цени трудот, ама она претерува. На секое предавање бараше оригинал книга и за земање оценка обавезно. Потпишана со твое име и презиме. А книгите на факултет не се баш евтини.
Уште е таква, а камо да беше само она. И професорка историја и англиски бараа за потпис и оценка оригинал книги. Колку пари само имам давано за тие книги...
Да е само партиципацијата проблем. Сега мислам дека е намалена партиципацијата за приватна квота. 400 евра.
Да, толку е. Ама мислам дека е убедливо еден од најскапите факултети да речам на УКИМ... Поготово за презапишување предмети предмет од 8 кредити е 67 евра.. а на други факултети е по 200 денари кредит. Навистина има огромна разлика, а сепак сите студенти сме на исто рамниште. Во неколку наврати се обидувавме да реагираме да се намали ама слатки им се парите што ги земаат. Иако е 3 години, верувам си свесна дека е захтевен факултет и на секој втор студент му се случило да презапише барем еден предмет.
Нема да го довршам. Ги повлеков документите. Не знам дали е уште исто со префрлањето во државна квота. Тогаш бараа просек од 8.00. Ако не се лажам. Нека даваат стипендии на социјално ранливи категории.
Наместо да има квоти што ќе чинат 1000 евра, нека воведат приемни испити па ни државните квоти нема да се пополнат целосно. Нема да има запишување кој каде сака, туку кој каде може. Не знам како е на други факултети, ваљда исто, кај нас ако не освоиш 50% од кредитите од некој непарен (или парен) семестар до друг непарен семестар, паѓаш приватна квота. Најчесто тоа значат неположени два предмета кои потоа ги презапишуваш, и плус плаќаш дупло од цената по кредит за тие предмети. На колешки лани за малце 20+ илјади ќе им се фатеше од семестар дека ем приватна ем требаа да презапишат два предмета (прв пат ги презапишуваа). Е мене искрено вака да ми се случеше, документите ќе си ги повлечев одма. Верувам и други би постапиле така. Каде се трошоците за сместување, храна, книги, скрипти, тетратки, уплатници за упис, за заверка на семестар листови, пријави за испит, уплати за оштета на инвентар во лаб итн..
Родна од тие книги досега 2 стана има сигурно купено, секоја година нова издаваабе никој не збори за вакви давачки, искрено да ми е паметов ќе бегав од факултетов, да знаев таа година кога се запишував на медицина дека ќе ме примеа таму ќе идевбар еден ден ќе ми се исплатеше
Мене сето ова што го зборувате за задолжителни книги купување ми е сосема непознато. Кај нас на факултет, задолжително е да купиш само еден практикум од 50 денари евентуално два и тоа во еден семестар, за 2 предмети смееш да земеш бесплатно книги од библиотека плус за нив збирки ако има исто може да земеш.. За преостанатите предмети треба сам да купиш некоја скрипта или ако сакаш можеш да си учиш и онлајн не мораш да купуваш скрипти бидејќи никој не ти ги бара како сакаш така ќе си учиш. Да не заборавам дека скоро сите книги ни ги има во бесплатната читална 1000 книги, па можеме и таму да учиме за оние предмети што не сме земале книги за нив од библиотеката на факултет..
Едно не ми е јасно. Сите студенти во Германија, Америка задолжително работаат со пол аработно време додека студираат, како може кај нас ова да е противзаконско?
Затоа секое лето преку студентска програма на работа во Германија и пуна капа. Испод 3000евричи не си. Се изедов што оваа година ради короната не отидов, ама се тешам дека сум студент уште 3 години така да ако не ова лето, наредно обавезно. За правен, сувишне су речи. Знаев и кога се запишував дека е најлоповски факултет. Но еве, некако ја почнувам трета година, орото мора да се доигра. Јес да не успеав да стигнам до стипендија, ама не сум заглавила со давачки за презапишуање, да не се урочам. Исто не сум купувала оргинал книги досега, едино практикум граѓанско и стварно право и законикот казнено ама и тоа second hand, така да и во тој поглед не сум имала некои давачки. Ама уште од сега срце ме боли за тие 2000 е мастер.
И кај нас може да се работи додека се студира. Познавам многу кои работат ( не на црно) пријавени и сето тоа, а се редовни студенти.
Јас се сложувам со сите вас кои пишавте дека ќе има неправди, мита, корупција, дека ќе се пикаат тие со врски и ќе земаат место на тие без врски, дека професори ќе истураат гнев на студенти и некои намерно нема да сакаат да ги пуштаат на испити за да изгубат бесплатно студирање, ама за тоа не е крив системот, за тоа сме криви НИЕ САМИТЕ, затоа што ние сме тие кои создаваме таков корумпиран систем полн со дупки, неправди... Каков и да биде системот, какви и реформи да се воведат, џабе е се додека народот нема доверба во институциите, а доверба не се гради преку ноќ, ама ни корумпираниот Петко нема преку ноќ да престане да бара услуга, пари и канти сирење за да пушти некој на испит, а ниту пак Стојко нема да престане да го нуди истото за син му/ќерка му да дипломира пред време. Ова е лика прилика на македонското образование и македонскиот народ во целост, така да додека ние сами прст не си ставиме на чело и не се замислиме што правиме, така ќе е, без разлика какви коренити промени правиме во образованието. Е сега земајќи го мојот предлог, или било кој предлог и ставајќи го во овакво општество нема да вроди со некој позитивен резултат, повторно, баш поради ова погоре. Но, едно големо НО, мора да го промениме моменталниов систем каде што длабоко се наградува тој што не учи, а тој што учи не само што останува неприметен, туку и добива помалку квалитет, конкуренција и трпи неправда. Кај нас имаме систем кој е прилагоден на давање високо квантитативни дипломирани кадри, за сметка на намален квалитет. Но, уште пострашно е тоа што поради овој систем, 80% (па ако не беа и повеќе) од матурантите продолжуваат на факултет, а ниту 30% од нив не го завршуваат. Значи во почетокот на студиите ние имаме толку многу високи квоти каде што нема никаква селекција и шуто и рогато може да се запиши на факултет, а подоцна селекцијата се врши низ филтри при студирањето. Поради ова ние во прва година на нашите факултети имаме ПРЕПЛАВУВАЊЕ со студенти, буквално! Нешто што не може ниту логистички, ниту кадарно да се покрие. Јас знам дека кај нас на првиот час немаа сите студенти каде да седнат во амфитеатарот, па некои стоеа, а некои носеа столчиња од други простории да се снајдат. Од вториот семестар се преполови оваа бројка и на предавања беше полу празно, ама затоа на испити беше преполно. И што се доби со тоа? Преполн амфитеатар каде што гласовите на професорите воопшто не се слушаа, каде немаше место сите да ги изработат своите лабораториски вежби како што заслужуваат, а пак полагањата кој хаос беа... Се разбира, ова на државата и одговара и затоа од моето запишување на факултет до сега не удвостручени, утростручени се квотите. Повеќе пари во буџет, помалце невработени лица во земјава. Две муви со еден удар. Одлично. Е сега доаѓаме до вториот проблем, а тоа е што кај нас се цени упорноста, а не знаењето. Па така вие имате можност бесконечно да си презапишувате предмети на факултет со тоа што ќе се смените во приватна квота и ќе плаќате 400 евра годишно, пари, кои се конфинансирани од буџетот, пари од нас, граѓаните. Па така на рандом Петко му се дава можност да е вечити студент и да преполага колку му душа сака, или додека не положи. Па имате студенти кои се 4та година, а имаат 8 предмети презапишани од 1ва. Во сите други земји, ова не е возможно. Пр. Во Словенија имате право само еднаш да презапишете еден предмет и ако не го положите во рок од тие 2 години или 8 пати, толку е од вас, чао, адио. Нема место за вас на факултет. Но, затоа државата нуди бесплатен високообразован систем кој е еден од најквалитетните во Европа и светот. Љубљанскиот универзитет е во ТОП 500 во светот, а нашиот не е ниту во ТОП 1000. Да не зборам само колку се квотите пониски од кај нас и не може туку така секој да се запиши на факултет, а уште помалку и да го заврши. Значи, помалку студенти = повисок квалитет = бесплатни студии. Системот кој го предложувам се користи во Србија. Не е идеален, далеку од тоа, но е одличен за оваква творевина како нашата држава. Зошто е тоа така? Затоа што конечно ќе биде награден успехот на оние студенти кои учат, ставајќи некои минимални услови со кои би се заштитил системот од вечити студенти кои влечат предмети со години, па и децении. Пр. При упис се прави ранг листа каде што освен некои кои не исполнуваат ниту bare minimum ќе можат да влезат на студии каде нема да се плаќа партиципација, додека не ја исполнат квотата од XXX студенти пропишана од самиот факултет. Доколку интересот е енормен, а успехот е висок, може да се направат и елиминациони испити (приемни) по принципот на Словенија. Останатите ќе може да се запишат во приватна квота која мора да има повисока партиципација од 400 евра, т.е. да не добиваат кофинансирање од државата туку да си ја плаќаат цела сума. По завршената година, се прави повторна евалуација и рангирање на студентите каде што они што не го исполниле bare minimum-от го губат правото да им бидат студиите целосно покриени од државата, но затоа ќе имаат уште една можност за конфинансирано покривање (400 евра) уште една година. По таа година, ако повторно не го исполнат минимумот, го губат и тоа право на државно финансирање и си ја покриваат целата сума ако сакаат да продолжат на студии. Да се потсетиме, во Словенија воопшто немаат право да продолжат со студии понатаму. На овој начин не само што ќе се елиминираат тие што не учат и не земаат предмети година за година, туку и ќе се овозможат бесплатни студии за тие кои постигнуваат таков успех, на грбот на оние што не постигнуваат. На овој начин не губат сиромашните ништо, губат само оние што не учат и не им е местото на факултет. А, од друга страна им се дава уште една можност, ако сакаат да посетуваат квалитетно високообразовно образование да си се финансираат сами, со што би имале уште еден избор (подобар според мене) од приватното образование кое наплаќа слични баснословни суми, а не нуди никаков квалитет. На овој начин доаѓаме најблиску до формулата од Словенија: помалку студенти = повисок квалитет = бесплатни студии. А притоа нудејќи еден самоодржлив модел на високо образование кое нема да ни го крахира буџетот. Очекувам повторно коментари како е ова утопија и како само од истово ќе користат богатите и тие со врски, но пак ќе повторам, за тоа не е крив системот, туку криви сме ние, луѓето, што го корумпираме истиот. Може ќе се најде некој и да понуди некој конструктивен предлог за промени на образовниот систем освен паушални зборови дека треба се да се менува од корен, без притоа да се каже како.
Оваа утопија што ја опишуваш постоеше пред 25 години Бодови за упис од образование+приемен испит+влегува дефиниран број на студенти според бодови на ранг листа. Нема партиципација, нема бесконечно студирање (мислам можеше максимум куб да пишеш на година и студиите комплет да бидат завршени во рок од 8 години). Интригантно, нели Немаше приватна квота, немаше приватни универзитети Е, да, на магистерски одиш ако сакаш универзитетска кариера, за докторат мора да си вработен на факултет или во научно истражувачка институција.
На редовен мислев, вонредни сум напишала. Мислев се разбираме. Вонреден студент нема проблем било кој вработен да биде, и јас сега ако сакам може вонреден да се запишам. А оние агенции, не бидете таинствени, кажете ги. Работат оти никој не ги фатил и веројатно нема што да изгубат. Вработуваат работодавците, ама на таков чекор се нафаќаат или постари студенти или студенти при крај на студии оти можат статусот на редовен студент да го изгубат. И јас работев, од кога исслушав се одма се запослив, уште во јуни, па натенане спремав дипломска. Ама во АВРМ се осигурани како со основно или средно. Сите се прераваат дека не студираш, затвараат очи. Имаат стипендија?
Па затоа и тогаш имало квалитет, а сега нема никаков. А нема затоа што и шуто и рогато може да се запише на факултет. БУКВАЛНО. Без разлика колку се има бодови од матурата и оцените, секој може да се запише. Ако не го примат на еден смер, оди на втор, ако не на втор, на трет, ако нема место во државна, има во приватна. Толку се квотите големи што нема студент кој не е примен на факултет или одбиен, освен на тие 2-3 факултети кои го држат моментално приматот во државава и има енормен интерес. На другите дали си со 100 бода, дали со 60, ќе се најде некој смер и за тебе. Ете, наместо 200, ќе плаќаш 400 евра, ама што има везе, битно да се студира, да се прави нешто во животот... Дури по другиве градови (па веројатно и Скопје) ги примаат и со завршен испит (училишна матура), а не со државна. Селекција, никаква. На секој таков запишан со кофинансирање, државата може да финансира 2 одлични студенти да не плаќаат партиципација. На тој начин баш тие што се сиромашни нема да имаат додатен трошок за семестри, за кредити, таксени марки и останати давачки и ќе им се тргнат тие давачки од некои си 250- 300 евра (ако не и повеќе) годишно. А ако некој не му се учи, паѓа години и не нуди никаков успех, епа нема што да бара него државата да го финансира. Зошто да го финансира и да го наградува него, а да крати од тие што имаат успех? За некој да е вечити студент и да се влечи по факултетите по 10-15 години? Кој сака така, нека си плати, ама цел износ, па колку сака нека студира. Ем ќе се полни буџетот и ќе се овозможи бесплатни студии за другите, ем ќе се подигне квалитетот кога оваквите ќе се истребат од факултет. После сите кадри што ќе завршат ќе можат полесно да дојдат до вработување, да имаат повисока плата и да бидат поценети во општеството, а не факултетската диплома да се доведе до ниво на диплома од средна школа која служи само за да си ја урамиш дома и никогаш да не се вработиш на струка зошто со тебе чекаат уште 2000-3000 дипломирани на биро.