Памтам кога се запишуваше моја братучетка на факултет. Тоа беше во 90тите. Многу било строго на приемен. Немало местенки.
Да,така беше порано. Не знам како е сега.Според законов веројатно е регулирано како практикант,платена пракса во рамки на образованието. Ќе ги пријават на еден месец платена пракса. И ќе продолжуваат. Но имало некој рок колку пати може да се продолжи договорот. Имало и во август на страната на ФИНКИ оглас од Т хоум за студенти од последни год. И тие се уште редовни. Ако разберам повеќе инфо,ќе пишам.
Може, но и не мора. Ако се има објавено квота со долна граница, ќе се регулираат работите. Пр. Ако на смер X се стави квота од 100 студенти, каде минимум е 80 бода за прием, и истите се покриени 100% од државата финансиски. Ако се пријават 200 од нив што ги исполнуваат овие критериуми, се прави приемен и се примаат првите 100, а другите ако сакаат да студираат, ќе мора сами да си го покријат студирањето. Ако од пријавените само 80 ги задоволуваат критериумите, само 80 ќе се примат и ќе бидат ослободени од партиципација. А денес е проблемот што нема долна граница и се додека има место, може да се прими секој. Ако нема во државна, ќе има во приватна и ќе го кофинансира државата. Значи селекција се нема никаква. Со системот кој го предложив јас, оваа селекција нема да заврши само со приемот, туку ќе го следи успехот на студентот низ цели студии со тоа што ќе го награди оној што при прием немал можност да влезе под буџет, а покажал одлични резултати на испитите, а оној кој бил примен, а не го оправдал истото да му биде скратено бесплатното образование после втората дадена шанса.
И јас се вработив во последна година од студии. Не проверуваат, па ги осигураат со средно и нема гајле. Ама ако случајно се фати некој ќе изгубиш статус редовен, стипендија, како и да е. Тука веќе завршен те сметаат па нема гајле. Плус нели, во струка си и да те фатат. После од кога дипломирав сфатив дека ништо не проверуваат, оти имав земено матичен во Скопје и ме префрлија во место на студирање. Од ФЗО не ни сфатиле дека работам. Нели редовни студенти носат потврда за здравствено да имаат од рабтоа од родителите. Никој не вика од работа од студентот. Не можеш по два основа здравствено. Каша е, се е тоа полу-црно. Сите се прават слепи при очи. А би можело фино да се регулира, со студентски работи, со поттик од државата. Среќа последна година нема што да изгубиш. Знам. Никој со стипендија не би така радо работел, дури и да не ти зависи од примања - оти редовен студент не смее да работи, а само редовен студент може да зема стипендија. Едно е да се правиме силни, може, има, работат. Друга е реалноста. Не е нашиот систем направен за да може редовните студенти да работат. Секоја чест на тие што се вработиле, ама дефинтиивно не е системот скроен за „секој што сака може да работи“, тоа само приказни за добра ноќ може да се.
Остај сега тоа, не е тема. Ама да се надоврзам , студент за да зема семејна пензија мора да биде редовен ми се чини.
Може и вонреден. Реално.....книгите се скапи. Нема книга испод 1 000 денари. А да не правиме муабет ако требаат 2 или 3 книги по еден предмет, а во годината имаш 10 предмети.
Возможно е. При крај сум со студии на општа медицина, од 2ра година почнав да работам и сама се финансирам апсолутно за се. Стан, ќирија секој месец плаќам 100 евра, сметки, трошоци, книги. Понекогаш и дома им помагам финансиски. Ако се сака, се може. Некогаш сум како зомби бидејќи немам време да прднам буквално. Предавања, вежби се е редовно кај нас и мора да се оди. Не викам дека е лесно, ехее колку сум плачела од мака и од што ми било тешко. Ама знам дека е единствен начин овој ако сакам да студирам, бидејќи само мама работи и едноставно мораше милион пати да се позајмува за да ми прати пари за храна, и не го сакав тоа. Од една работа на друга, на трета, и сега заработувам како дечко ми кој е програмер. Само што тој работи фул тајм, а јас парт тајм и скоро цело работно време ми е флексибилно. Така да, се може. Ама излегување секој викенд и преку недела, пијанчење 3 пати неделно, кафиња секој ден - е тоа не оди заедно. Излегувам поретко, секој втор викенд пример и поретко преку недела на кафе. Дневна активност на Инста никогаш не ми била повеќе од 10 мин.
@DAngel Еве од објава од Економски. Сепак се работи за вработување на основ платена пракса. Спојлер ПЛАТЕНА ПРАКСА ВО МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во повеќе Сектори/Служби од максимум една година со полно работно време од 08:00 до 16:00 часот . Истите ќе бидат ангажиран за следниве активности: Сектор за регулативни и големопродажни прашања Насока од која се бара студент: Економија, Е-Бизнис, маркетинг и финансиски менаџмент Работа и одржување на интерконекциските договори, координација на бизнис и техничките аспекти на продуктите и сервисите Комуникација со роаминг партнерите и администрација на роаминг inbox Анализа на големопродажниот пазар и трендови на ниво на роаминг и интерконекција Работа на инерконекциски билинг систем, имплеметација, репортинг и билинг циклус актовности Роаминг покривање и негова реализација со сите релевантни интерни служби Подготвува извештаи на редовна основа за роаминг и интерконекциски сообраќај, приходи, роамери, приходи, трошоци COROK и сл. Контакт за бизнис ескалација за роаминг и интерконекција и врши нивна резолуција со релевантните Технички и ИТ служби во компанијата: Сектор за пристапни мрежи Насока од која се бара студент: Е-Бизнис, финансиски менаџмент и менаџмент - Да вади податоци од системите со кои работи Службата - Во excel да средува/обработува податоци од разни табели - Да учествува на тртенингот за One ERP проектот - Да помага при реаализација на One ERP проектот - Работа во системот за потребните на One ERP PSL INT модулот - Во текот на имплементација на One ERP проектот може да биде ангажиран и за дополнителни задачи кои ќе произлезат од наведениот проект. Сектор за контрола сметководство и даноци Сметководство • Евиденција на влезни фактури; • Одредување на третман на DDV; • Внос на документи во помошна евиденција за DDV; • Поделба на влезни фактури согласно начин на одобрување; • Внос во апликација за одобрување на влезни фактури; • Внос на документација согласно барањата на данок по задршка; Контролинг • Подготовка, проверка на квалитетот на инпутите и upload на месечни KPIs во групните системи во предвидени месечни рокови. • Прилагодување на сите модели и репорти на фиксни и мобилни услуги на консолидирано ниво • Анализа на историски податоци со цел утврдување на трендови и потенцијал како инпут во актуелни анализи и план. • Подготовка и upload на естимации и IPF KPIs во FINEX во предвидени месечни рокови. • Проверки на презентации во предвидени рокови. • Поддршка на претпоставениот во контролната функција. • Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 22.11.2019. година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk со назнака – за пристпни мрежи/за регулатива/сметководство/контролинг.
Кога платата ќе биде во Македонија 1000 евра, тогаш нека биде и партиципацијата за факултетот 1000 евра. Голем број од студентите си кратат од јадење за да имаат да платат сметки, јадење и стан. Еве лично познавам голем број на случаи каде тие што се во приватна квота учат повеќе од оние во државна.
Точно. Тогаш која е поентата да ставаме повисоки квоти кога нема да има резултат? Треба да се реши вистинскиот проблем. Фластер решение е ова. Само се маскира проблемот, а во суштина ништо не е подобрено. Ако вака се филтрираат студентите, кој е проблемот тогаш? Значи сепак не завршува секој факултет. Е сега, не верувам дека 30% е точен процент. Мислам дека е многу повисок, инаку не би имале хиперпродукција на високо образуван кадар. Се сложувам со ова. Тоа и јас го кажувам, дека имаме превисоки квоти. Решение? Смали ги квотите. Се примале 300 студенти? Сега ќе се примат само 100. Приемни испити или реална матура. И државната матура е добро решение за рангирање на учениците, ако се спроведува како што треба. Така уште од средно ќе се мотивираат учениците да учат, кога знаат дека уписот на факултет не им е загарантиран без солидно знаење. Ова од се изнесено највеќе држи вода. Но, пак може да се реши на друг начин. Јас кога се запишував беше дозволено да се презапишат само 2 предмета, инаку презапишуваш година на квадрат. После на сред студии го воведоа новиов систем, каде наместо година на квадрат се преминува од државна на приватна квота. А ако веќе се во приватна, може да презапишуваат колку сакаат. Значи едно решение е само да се воведе стариот систем, каде се паѓа година. Не верувам тогаш дека ќе се лабават толку студентите, кога ќе знаат дека треба сите испити да ги преполагаат. Ама тоа е битниот проблем кај нас. Како ќе рангираш реално студенти? Доаѓаат 200 студенти со 100 поена, а квотата е 100. Значи пак се враќаме на приемните испити или реална матура и реално оценување. Леле кутриот буџет. Нема на крахира од статуи, патни трошоци и премасовна администрација. Битно образованието да не го цеди. Веќе имаше функционален систем. Не треба да се измислува топла вода, може само да се врати стариот. Она што треба да се менува се книгите по кои се учи, кои btw најчесто се само google translate од други книги. Да се смени начинот на учење. Наместо папагалско учење на памет, да се воведе повеќе практично учење. Веќе кажав како и пак ќе повторам. Ако квотите се преголеми, едноставно нека се смалат. Мислам, може и 3000 евра квоти да стават. Мене не ми менува ништо. Само ќе кажам кога медицински беше 1200 евра приватна квота, знам многу ученици кои би биле квалитетни студенти, а не се запишаа, бидејќи не можеа да си го дозволат тоа. Па сега не знам дали при недостиг на медицински кадар кај нас, јас би го смалила уште толку со приватните квоти.
@Bezimenka90 , муабетот почна од тоа што се жалеа дека сумата во приватната квота (со кофинансирање) е многу висока и дека тие што презапишувале предмети многу плаќале, а немало квалитет. Ама се избришаа постови, се преместија, се направи каша попара и се изгуби првичната поента на мојот пост кој беше дека за тие што презапишуваат предмети и се вечити студенти треба уште повисока партиципација да плаќаат, а не вака државата да ги кофинансира до бесконечност. И другата поента беше да се овозможат бесплатни студии, и се разбира ако треба да се има такви, ќе треба да се има некои критериуми кои ќе треба да се исполнат за да се добие финансиско покривање од државата. Постот првично немаше цел да стане тема, ниту имаше цел да отвори дискусија за идеален систем за студирање, само беше критички осврт на денешниот систем каде што се наградува упорноста, а не квалитетот. Инаку квотите сеедно мора да се намалат, да се стави приемен таму каде што треба да се елиминира поголем број студенти, тоа е неспорно. Спорниот дел е како да се овозможи бесплатно високо образование, и за кого.
Во право е членот, се живо и диво се запишува на факултет. Коренот на овој проблем е уште од средно, да не речам од основно образование. Ај што има со поклонети 5ки, има, ама лошото е што до толку се широки квотите, скоро никаде нема приемен испит, и никаде нема ограничување, на пример, да можат да аплицираат, само ученици со (лупам) 4.5-5.00 просек, со што на факултет можат да се запишат буквално единичари и двојкаши. Ќе речете секој треба да има шанса, можеби ќе се разучи на факултет, ОК, ама тоа може да биле еден мнооогу мал процент. Што е до мене, треба да има шанса тој кој се трудел, а не баш секој. Ако некој сакал да оди на факултет, требало да учи во средно и да се труди, а не некој кој го мрзело да научи тема од 20 страни за тест, да има шанса да се „разучи“ понатака. Требало да мисли на иднината додека бил во средно. Ќе наведам пример од лично искуство, кој и во друга тема веќе го имам напишано. Средно за медицинска сестра, 4та година, час по гинекологија и акушерство. Професорката, дури и како за мајтап, прашува неколку ученика, колку јајника имаат жените. Две девојчиња, рекоа, дека жените имаат ЕДЕН ЈАЈНИК. Да, не се шалам, еден јајник рекоа. И што ми е целта што го пишувам ова? Целта ми е што е тие двете, кои 4 години не научиле колку јајници имаат и тие самите, сега студираат ОПШТА МЕДИЦИНА, да, докторки ќе станат. Дали заслужиле да ги примат таму? Не баш, ама небитно. Поентата ми е, колку ни е rotten системот, значи тие двете, со по 75-6 поени (читајте со 2ки и 3ки), ги примаат на општа медицина, само затоа што им е битно да имаат студенти и да лапаат пари. А дали учат тие студенти, дали од нив ќе излезе квалитетен кадар, им е гајле, битно плаќаат и ќе ти завршат. Како што кажа Били, има огромна преплавеност со студенти. Огромна бројка, огромни квоти, особено приватните, кои се ептен широки, кој има пари да плати, ќе плати и ќе студира, шо ако бил со единици во средно. И така автоматски, добиваме огромна маса на студенти, од кои само мала бројка ќе бидат квалитетни. Оти примаат кој било. А и завршува кој било. Не е како порано. И труп да е некој, ако има врски и пари ќе заврши. Ете ти уште еден (не)способен академски граѓанин. Не се криви тие што учат/не учат. Крива е државата, што овозможува буквално секој да студира, односно не само да студира, туку и да дипломира. И да, тука играат улога и квотите. 400 евра, секако дека не е малку, моите не би можеле да си ги дозволат, ама пак има и мнооогу луѓе на кои тие 400 евра не им се многу, а со тоа има и многу студенти кои си се запишуваат на факс. Во Америка на пример, е многу поскап факултетот, не може секој да се запише, само богаташите, и оние деца кои ептен се истакнале на училиште, со многу високи просеци и одличен успех. Ама кај нас, и тој одличен успех, не кај сите е реален, што повторно ме враќа на првата реченица од мојов пост..
Што се сеќирате дали некој учи или не учи на факултет, тој ќе го помине факултетот но работа верувајте нема да најде. Зар некој ќе плаќа работник што појма нема?? Не верувам, така да тие што не учат не ве загрозуваат на никој начин.. Правото на студирање не треба да им биде ускратено на тие што имале послаби оценки во средно и не се покажале доволно, има доста примери на луѓе што на факултет ептен се разучиле, а и примери на тие што имале континуиран одличен успех па се откажале од факултет. Поголемо поштовање имам за тие што варирале со оцени место тие што бубале на памет и оп факултет дојде потешко, свиткај опашката вратиси се. Тие што немаат континуиран одличен успех знаат како е не секогаш да добиваш петки, а не тие што добиваат по една четворка или ај да речеме на факултет оценка 5ка не положиле испит односно, одма плачки откажувања, при прва препрека крахираат.... Тој што се труди верувајте ќе успее без разлика дали е приватна дали е државна квота дали минел со 10ка успех или и подоле. Не се лажете кај нас факултетот е шит не вреди ни пет пари а не па 1000евра да дава некој.
Точно е дека законски редовен студент не може да работи. Исто така точно е дека редовен студент без проблем може да работи (не на црно). Јас последните години од студии работев, пријавена (со диплома од средно). И уште куп луѓе знам што работат. Законот вели не, ама никој не проверува. Што се однесува до темата, јас до негде се согласувам со мислењето на Били за поскапа приватна квота, а бесплатна државна, секако со можност за префрлање од една во друга поради исполнети/неисполнети критериуми. Не сметам дека високо образование треба да е луксуз, ама не сметам ни дека е во ред да е толку достапно како што е сега, практично сведено на ниво на средно. За односот квантитет/квалитет нема ни да зборам, мислам дека ни е јасно на сите. Јас кога се запишав на факултет пред 10тина години, во генерација се запишавме околу 800 луѓе, следните генерации по 1000+. Кога дипломирав, имав колеги што уште влечат по 4-5 испити (од вкупно 10) од прва година. Се работи за струка за која има побарувачка на пазарот, ама не мислам дека е во ред секој што ќе му текне да влезе на тој факултет, да влезе без проблем.
Можеби прашањето не е за тука но доколку некој знае нека ми одговори. Се имав запишано на Безбедност одбрана и мир, и само што почнав го баталив. Кога почнавме по касарни да одиме сфатив дека не е за мене. И ден денес немам волја. Туку документите уште ми седат таму, да не ми направат некој проблем? 5 години има поминато Не ми е ни во мирување. И да, и ние моравме книги да купиме стрикно од професор, па имам некои книги доколку му требаат на некој нека пише. Баш беа скапи, по 1000,1200 ги купувавме Бев приватна квота, заедно со мм лупнавме голема сума пари за џабе. Мм е по ИТ секторот,јас по ништо. Без никаква амбиција сум ужас
Како да ви кажам - доктори на државно се вработуваат а знаете и како. После постот од @ElenaOfRivendell ... зборови се излишни