1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Партиципација за факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Billy Idol, 15 септември 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.087
    Пол:
    Женски
    На факултет ќе одат само тие што се најдобри тогаш кога средните школи ќе бидат така дизајнирани за да можеш да најдеш сосема нормална работа со средно.
    Какви глупости, да била прескапа приватната квота пошо не им се учело.
    Образованието е катастрофално не од факултетите туку од основните и средните.
    Успех прејак - мене тоа ми е една од подобрите шеги во образование.
    За општа медицина пошо се имате фатено за неа, не треба ликовно да имаш 5ка или музичко да имаш 5ка.
    Значи предмети што не се битни, ама воопшто не се битни за факултетот, за нив се фаќате дека види некој се запишал на општа медицина, а имал понизок успех, а тој понизок успех уствари ако му е од небитни предмети, не е важно ич, личноста може да е прејак/а доктор/ка во иднина.
    Пошо реално да правиме муабет, не постои дете на светов што подеднакво го интересираат и подеднакво е добро во сите предмети во школо, така да тоа што некои мислат дека сите 5ки им се од што се многу јаки, не баш, не е реален тој успех, досега сум видела многу пати како наставници редат 5ки за да не ти се само две 4ки на крај.
    Полека.
    На никого не му се фрлаат пари за на факултет или трошење 4 години од животот.
    Средното треба да се среди.
    Да се овозможува пристојна работа со средно како што е во многуте земји што ги споменувате.
    Ова со превисоки цени за факултет е "решение" разгледано од една страна.
    Сите одат на факултет пошо нема каде со средно. Ако се скине и шансата за факултет, кај ќе работат луѓето бе? Сериозно ве прашувам.
     
    На Tan4ence, MarigoldA, darlingdragon и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.659
    Сериозно не го гледаш апсурдот?
    Никој не ми одговори- шо ќе ми е факултет за да бидам шалтерист во банка?
    А за какви позиции се тепаат после тие со факултетска диплома? Реално е таа потребна?
    https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/399406/Accounting-Specialist-mf/
    За што на овој што ќе гледа состојба на сметка му треба универзитетско образование? Ја мислам средно економско е повеќе од доволно- и повеќе од доволно е во тие погоре споменатите земји
     
    На Bezimenka90 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.087
    Пол:
    Женски
    Доволно е.
    Ама многу често не примаат на многу места без факултет.
    Да знам дека со средно економско ќе можам да работам во банка за пристојна плата може нема да одам на факултет. Ама пошо многу веројатно дека некој со факултет ќе ми го земе местото, затоа сите одат.
    Не се средните ценети односно не се направени за да те обучат за работа.
    Повеќе се онака, ради реда, нешто што треба да го поминеш за да стигнеш до факултет
     
    На raww, mssuniquee, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.477
    Пол:
    Женски
    Конкретно за огласов, не бараат само да гледа сметка. Бараат овластен сметководител, кој освен тековната работа, ќе поднесува и документации по институциите. А за да ја добие таа лиценца мора да има економски факултет и 3 години искуство.

    Се согласувам дека за на шалтер во банка доволно е средно. Има доста луѓе што така и работат, со средно на шалтер во банка. Само кај нас луѓето сметаат дека во банка се влегува со врски, па не ни пробуваат да аплицираат, а банките имаат потреба од шалтерски работници.
    Исто се сложувам дека има работа со средно. Зарем малку занаетчии фалат?

    Ама држи вода тоа што го кажува @Mantub . Се бараа со факултетки дипломи порано. Без тоа, немаше ни да те погледнат. Па бараа и да имаш возачка за работа што ич не ни вклучува патување од едно на друго место. Цела низа глупи критериуми, затоа што им се можеше. Сега бараат и со средно, затоа што сите се иселија и немаат работници.

    Никој не вели да не се намали бројот на дипломирани студенти. Сите ја сакаме крајната цел - квалитетно високо образование. Само не верувам дека со тој метод на покачување квота ќе се постигне тоа.
     
    На Idedemja, Biljarkata и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.659
    Зошто факултет, се мислам дека порано со средно беа овластени сметководители:?:
    И кој го уредува тој критериум? Истиот што го организира бесмислениот образовен систем- државата т.е властодржците. Кога би сакале се може да се направи, системот или е креиран да им помага или да ги злоупотребува луѓето.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    17.477
    Пол:
    Женски
    Точно, порано можеше било кој да биде овластен сметководител. Да работи како книговодител, т.е. само да книжи, може секој и сега. Само тешко дека некој ќе ги вработи само со средно. Секаде бараат овластен сметководител, затоа што само еден вработуваат да ја тера целата работа со документација и да изработи и потпише завршна сметка.

    Убав пример за мерка што површински решава проблем, како и покачувањето на партиципација.
    Цел смер и магистерски студии има Сметководство и ревизија, па пак кога ќе завршат не знаат да работат. Затоа што кај нас такви се факултетите. Предаваат регулативи, кои се менуваат да не речам секој месец, наместо повеќе практични примери. Ама тоа нема да го смени квотата од 1000 евра. Пак нема да знаат ништо да сработат.
     
    На Idedemja и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    И јас сум да се врати стариот систем, ама да не се покачуваат сумите за кофинансирање, дека навистина беа превисоки порано 1200евра, па 750евра и секој не можеше да си приушти да дипломира, а станува збор за квалитетни студенти. Дури и предложив модел за некои студенти да се мотивираат да продолжат да работат тука да им се понуди мотивациски пакет од бесплатно студирање, конкретно мислев на студенти од вакви струки кои масовно се одлеваат надвор.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    10.453
    Пол:
    Женски
    Ако е партиципацијата повисока од тоа што е сега, луѓето од посиромашни семејства ќе немаат можност да студираат и да се надоградуваат и да излезат утре од таа сиромаштија, додека богатите студенти без проблем ќе можат да си се запишат и да завршат. 200/400е годишно е прифатливо за сите, иако некој од шала ги дава некој си се мачи и тие да ги плати, ама мислам дека нема никакво фајде од поскапување, сепак на крај тој што има знаење ќе заврши, тој што нема знаење ќе се откаже и готово и тоа е фер.
    Се согласувам дека треба на секој факултет да има приемни испити, на мојот факултет има и пак не дипломираат, а камо ли на факултетите што нема приемен. Секој има право да проба и да види дали го бива во струката или не.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.964
    Допаѓања:
    13.283
    Пол:
    Женски
    Која генерација е ова бе со толку малку поени примени?
    Во мојата со 91мислам беше или евентуслно 90 не влегоа во приватна квота
     
    На ElenaOfRivendell и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира, јас кога конкурирав мислам последниот беше со 90 или 89 минимум.
    Може се оние посебните квоти...
     
    На ElenaOfRivendell и Anie93 им се допаѓа ова.
  11. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    Темава се центрира само на цената. Според мене цената воопшто не е битна , тој што има пари и 2000 евра да биде квотата ќе го заврши факултетот. Друга беше поентата на темава

    Целата грешка е уште од основното , буквално од основно има деца што излегуваат неписмени во права на смисла на зборот и во средно се описменуваат за потоа на факултет да немаат никаква основа. Се си оди од коренот кон врвот. Оценките се поклонуваат на велико , се бркаат врски за оценки и на крај детето сите 5 а нема две чисти од ништо. И матурата , матурата е безвезе глупост измислена демек рангира а уствари многу деградира. Одлични ученици вадат послаби оценки и не влегуваат по факултетите а слаби ученици вадат јаки оценки и тоа им го крева просекот.

    Неколку клучни решенија:

    1. Приемен испит во стручните средни училишта (пр. медицинско - биологија и хемија) со тестатори што нема да даваат препис. Само вака ќе се види кој стварно ја има основата за средно
    2. Приемен испит на факултет (укинување на државна матура). Испит од 2 значајни (евентуално 3 предмети заедно со македонски јазик и литература) предмети на кои тестатори ќе бидат членови избрани од факултетскиот одбор (по 2 тестатори ако е потребно)
    3. Кандидатите да се рангираат 60 проценти од приемниот испит и 40 проценти од оценките , само така ќе се види колку толку пореална слика за знаењето , некој ги наредил сите 5ки и од тоа си има 60 посто а за другото не е битно бидејки секако ќе препише/измами. Кога само 40 проценти би носел успехот , би се видел потенцијалот на кандидатот за одредена област/струка бидејки не секој му одат исти предмети некој сака општествени науки, некој природни науки,некој јазици.
    4. Да се стимулираат добрите студенти со ослободување од партиципација
    5. Да се воведе долна граница на поени напр за медицински 85/100 , некои факултети како шумарски/земјоделски итн каде што нема конкуренција до кај 60/65 поени (примерно зборувам). Под таа граница да не се примаат студенти и да не се пополни квотата.
    6. Студентите што во даден рок не го завршат факултетот да им се прекине статусот на студент (освен од оправдани причини). Примерно факултетот е 4 години а тој да го влечка 6/7.
    7. Покрај тоа што студентот може да биде префрлен од државна во приватна , да може и обратно односно да се префрлаат во државна оние што оствариле добар просек.


    Ова е нешто што ми доаѓа на памет али во една реченица кај нас проблемот е целокупното образование а не само факултетите и треба да се работи на подобрување и пореално рангирање на учениците/студентите.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    5.367
    Пол:
    Женски
    I kaj mene posledniot bese so 90, na UKIM, devojcinjata za koi pisuvav bea primeni na UGD, ama kade i da e, so takvi poeni... Inaku generacija 2018/19, lani bev prva godina.

    Se izvinuvam za latinica.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.245
    Може да ми кажете за кој факултет, колкава е партиципацијата?
     
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    5.367
    Пол:
    Женски
    На УКИМ, државната квота е 200 евра, приватната 400.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.245
    Од година, или од семестар?
     
  16. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Година
     
    На ElenaOfRivendell и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.245
    Ви благодарам на одговорите.
     
    На Lifelive и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  18. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да го поставам прашањево.
    Слободно преместете ми го, но итно ми е.
    Дали може да се презапише предмет после рокот, т.е откако си запишал семестар и поминал рокот за презапишување?
    И ако можи со казна, дане знаете од прилика колку е ?
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.087
    Пол:
    Женски
    Може со казна. А казните не верувам да се исти на секој факултет така да мора да си прашаш во студентски колку точно, ама не би требало повеќе од 7-800 денари, најмногу до 1000.
     
    На simoncelicius и elenaxbbg им се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е заверен можеш. Со молба до продекан за настава. Ќе наведеш што е причината за задоцнето запишување. И без казна да плаќаш.
    Јас така додадов предмет во летен семестар. Запишав во февруари а додадов во мај. Само за да можам да си земам оценка. Али ао ти е заверен семестарот не можеш никако